И јас, а дома од болница дојдов послаба Ама тоа е, јадам многу брзо и кога сум гладна јадам што ми дојде при рака
Колку си висока? Леле колку сакам да имам 56, како во младоста, само задникот на мене , а не свинче од 83 кила, а 160 висока . Со поголемото после породување ми се јадеше многу благо и се поправив, до 80 кила стигнав, а толку на пораѓај отидов. Со ова стартна 80 кила, 83 после пораѓај, само да не почнам да качувам зашто пак благо ми се јаде. Среќа не правевме мекици па немам купишта бонбоњери дома
Се вратив пoсле 7-8 дури пoслаба и пoзгoдна oд пред трудна бидеjќи вежбав на oрбитрек. Истo така исфрлив сo благo, леб и сoкoви.
Може. Јас 14 месеци после пораѓај уште немам добиено. Саботата бев на преглед прв после пораѓајот, др ми рече абер немам од циклус. Исто како @Kaetana бебе си цица кога и колку сака. И искрено И двете уживаме во секој момент И секоја капка преточена од мене кај неа. Сеуште ми тече млеко и не болат брадавиците при надоаѓање на млекото. Моментално за прва дремка Спојлер Инаку 168 со 57-58 кг сум. За моите 38 год(утре ми е роденден) сум задоволна од телото немам стомак, ниту спојлери. Но вежбам секој ден по 15-20 мин. Но и внимавам на исхраната, само здрава храна јадам. Секое утро доручек ми е смути со семиња, ручек манџа или зеленчук со риба. Вечерата кога скокам, кога салата со риба, или Динстан зеленчук. И многу вода и движење.
Хаха те читам, јас сум иста висина и килажа викам еј исто како мене. А и утре ми е роденден само помало сум
Среќни да ни бидат. Ваги убави си сме. Јас овде на грешка сум хахаха, да ви солам памет како свекрва. Ама постара сум ќе ме трпите
Мене доењето буквално ме исцеди. Далеку сум од топ тело,но сега изгледам подобро од пред да забременам.Исклучок се цицките до колена и опаднатиот задникно тоа се средува. Стрии и вишок кожа немам воопшто,имав среќа во овој поглед. Циклус нема абер,6 месеци без некој ден,желба за секс исто,дури одбивна ми е помислата(Маж ми треба Нобелова за трпеливост да добие) Му забранив строго испади на страна,дека пандемија
Леле јас немам задник веќе, а имав баш згоден хаха. Цицките како се средуваат просветли ме.. Како крпи ми се мм ми вика . Додуша он има забеган вкус вака поубави ми биле
Имаш два начина: Неинвазивно-со инвестиција во добар градник, Инвазивно-со нож,вметнување на силикони со големина по желба Знаеш како деца како цртавме цицки на жена? Е,такви ми се
Висока сум 168см, јас сакам + 2,3 килца ама тешко, цел живот сум со таа тежина. А како јадам сега после пораѓај чудо некое, како дупната сум Колку благо имам изедено, срам ми е да кажам, таков апетит немав ниту во бременоста
И јас сум во клубот на исцедена од доење Од 55, сега сум 52. Никако не можам да се здебелам. Имам висина и со оваа тежина сум како метла Баш си бев згодничка и задник и се. 7 месеци уште немам добиено, желба за секс средножалосна
Како бре жени ве цеди доењето Бебе ќе направи 4 месеци јас сум 8кг плус. Али сама сум си крива, не знам што ми стана, бутам благо, дури и газирано пијам и бел леб почнав да јадам. Не знам што е работава, ама имам напади на глад и јадам се што ми е при рака Уфф, треба да се контролирам, треба да почнам со некој режим, ништо не ме собира, ќе пукнам од мака
Ех што ви е убаво без циклус на вас Абе ни со прво (добив одма после 40дена) а ни сега со ова (после 2,5месеци) не ме поштеди значи Од бременост само тоа ми фали што бев раат 9 месеци
Кога после пораѓајот почнавте да користите мидер? Во продавница ми рекоа, не одма после пораѓај требало да помине време поради матката...
Јас родив 35та недела, не знам точно последно +6.5 кила се мерев дека сум се поправила, на пораѓај не знам точно колку изгубив после 2-3 недели се мерев +2 кила од пред бременост. Сега со доење уште 4 имам качено исто како при крајот на бременоста. Но, да не се лажеме апетитот ми е огромен, не пијам газирано ама затоа леб и благо . Сакам да почнам да намалувам, само ми се чини гладна ќе останам и без млеко . Инаку пред некој ден имав само еднаш малку крв на секојдневната и на бришење и толку. Многу чудно мислев ми дојде... бебето има 4 месеци. Дали некој имал слична ситуација?
Јас, имав малку крв, мислев ми дошло, следниот ден ништо. Мислев овулација и мерев 14 дена после тоа пак ми се појави малце крв на бришење и капка на гаќи. Тоа беше 20 септември ми се чини. Мајка ми рече да не се сеќирам и ја послушав Да дополнам дека бебе за една недела прави 4 месеци
Мене матичниот гинеколог ми рече дека мидерот како вештачка потпора не се препорачува или ако веќе одлучам, да не го носам подолго од месец. Ако веќе си решила да носиш нека е 2-3 месеци после породувањето.
Додека трае доењето вакви повремени моменти се сметаат за нормални (секако доколку не се чести). Исто и жени кои добиле циклус, па после година пример им доцни...