Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање во форма по породувањето

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 26 октомври 2012.

  1. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    2.641
    Пол:
    Женски
    тие што имаат стрии, мачкавте нешто? Цела бременост немав булвално последната недела ми се појавија ама ништо страшно؛ ваљда ќе обелат малце? 8-|
     
  2. mar3q

    mar3q Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    474
    Др ми рече ништо не смее да ми даде бидејќи дојам
     
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    А мене докторката ми рече можам било што локално, педијатар ова. Мене ми помогна Факту.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.581
    Допаѓања:
    201.797
    Пол:
    Женски
    Нема врска, слободно ставај маст или чепчиња за хемороиди.
     
    На Kaetana и Jana06 им се допаѓа ова.
  5. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Оваа бременост се поправив 13 и пол кг. Дома си дојдов со 6кг плус од почетната килжа.
    Но ништо не е исто после втора бременост. Имам доста вишок на кожа на стомак и доста пошироки колкови.
    Не жалам,ноо:!:секоја чест на мајките што ги видов додека чекав за bsg за малиот да прими што значи горе доле тука сме се породиле а се во фармерки облечени и изгледаат топ:bow:само 2 недели од породувње
    Јас уште по хеланки:worried::mm:
     
    На Ava.84, Butterfly1107, Chuchanov и 5 други им се допаѓа ова.
  6. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    И јас исто, хеланки и труднички панталони, фармерки, стомаков ко во 6ти месец, пифтија (facepalm) За 40 дена се чудев што да облечам... Кога се вратив од болница имав 83 кила ( плус 3 од почетна килажа) значи и онака вишок имав. Вчера се мерам, пола кило сум качила |( И да, љубоморна сум им на фит мајките со малецки бебиња :emo:
     
    На Masnickaaa, Butterfly1107, Happyinlove и 2 други им се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Мене стомаков ми е оптегнат и како во 5ти месец трудноќа. Со првото брзо се "издиша", со ова уште стои. На живци ми оди! Само за тоа зборам. Ништо не ме збира дека нели подуена. Точно во нозе, е оди закопчај се! У пм.
     
    На K7M10J, mal.ecka и Happyinlove им се допаѓа ова.
  8. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.606
    Нели стомакот треба да е ко во 6ти месец во прво време после пораѓајот? Мене кај толкав, па уште и ми висна кожата испод. Се расправаме со огледалото... Патем, од кога смее мидер да се носи после вагинален пораѓај?
     
  9. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Не знам, има разни искуства, 40 дена поминаа, ама каде каде ми е во полоша состојба од првиот царски. Имам фалта, ми виси стомак над раната. Ко за беља имам нова спална со големо огледало и кога ќе се видам не можам да се поднесам.
     
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.269
    Допаѓања:
    18.389
    Jас носев мидер после 1 недела од пораѓај
     
    На K7M10J и PurpleMind им се допаѓа ова.
  11. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Мене за мидерот докторот ми рече дека полошо ќе сум направела дека се опуштале стомачните, ги држи страно тело, а не се стегаат самите. Од друга страна пак, со претходниот царски не носев мидер па пак си имав меше кога тргнав на работа :?: Може има врска спонтано и царски...
     
  12. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    12.915
    Пол:
    Женски
    Јас ставив лидер природно породена од првиот ден на болница. Се разбира со согласност на др што ме породи. Ама не бев ни сечена ни шиена.
     
    На babyboy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.093
    Пол:
    Женски
    Дали ви се појавија нови бенки за време на бременоста и по породувањето? Мене ми излегоа околу вратот неколку брадавици и бенка која чеша и се лупи :worried: многу ми сметаат... Читам дека тоа е честа појава по бременост, па ме интересира дали имате искуство и дали сте ги ваделе...
     
    Последна измена: 19 октомври 2020
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.581
    Допаѓања:
    201.797
    Пол:
    Женски
    Тоа се типични папиломи (брадавички), и за жал остануваат. Се вадат на кожно со горење, не дека нема чаре за нив. Ама кај жените се појавуваат најчесто во текот на бременоста, и остануваат таму. Исто и бенки може да се појават, како и да се променат постоечките (да станат поголеми, потемни, поиспакнати). Бенките ќе се вратат во нормала, новите ќе останат исто како и папиломите. Ако многу ти пречат, како што кажв, на кожно може да се средат.
     
    На Kaetana и Филотеа им се допаѓа ова.
  15. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    4.900
    Пол:
    Женски
    Со нормална исхрана и ексклузивно доење се слабее по 2 кг месечно, јас со првото дете така слабеев.Јадев нормално, пиев премама дуо и доев 24 часа, со 68 останав бремена со 82 отидов на пораѓај со 78 излегов од болница.ипочнав да слабеам точно по 2 кг месечно.Престанав да дојам со 62 кг на 22 месеци на малото.
    Сега останав со 63 пак бремена, па ке видиме втора среќа како ке биде.
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Ако е вака јас во минус ќе појдам :D
    За три месеци се вратив на тежината пред да останам бремена (што е за мене баш штета, бар 2-3 да останеа на мене), а бев 13кг +
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    За жал не е за сите така. Со поголемото отидов на пораѓај со 80, после пораѓај 71, ексклузивно доење 6 месеци и доење кога имав позитивен тест, па и потоа се до 20та недела кога направи 2 години детето. Кога останав бремена со сегашново бебе имав 80 кила. Значи по година и 8 месеци сум ставила 9 кила, како пред пораѓај. Претпоставувам има улога хашимотото кај мене и што имав гестациски дијабет што можеби ми остана и по бременоста. Ќе видиме за некој месец дали официјално сум дијабетичар...
     
    На Kaetana, Ava.84 и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  18. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    @Филотеа уфф многу бемки ми искочија за време на бременоста и таа една на вратот ми се зголеми. Дури и на ноктите ми се појавија црни линии, сега веќе се изгубија.
    Јас дојам ама еве никако да ослабам, дури и се здебелив ;(
    Инаку мене многу ми трнат рацете, особено после доење, изгледа лошо ми е свиткан вратот. И кажав на матичната, ми рече седечки да дојам ама не ми одговара така ич.
     
    На Kaetana и Филотеа им се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    И мене ми искочија нови бемки и една на половината ми се зголеми, значи се дешава, да не одам на доктор само за тоа.
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Baby kengurce mk

    Baby kengurce mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Posle kolku vreme otkako ke gi pustite dokumentite u fond dobivate isplata ?
    Primer cekam isplata od 20.08 ....
    Dokumentite gi pustiv denes u fond. Koga bi imalo isplata ?