Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање во форма по породувањето

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 26 октомври 2012.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Би требало до крај на овој месец да имаш. Јас поднесов во мај, исплата имав во јули.
     
    На Baby kengurce mk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Од кога може да се вежба на орбитрек или степер?
     
  3. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.093
    Пол:
    Женски
    @Annath @Butterfly1107 @Jana06 фала. Сепак бев на дерматолог зошто многу ги мислев, се е ок, ако сакам можам да ги вадам. Важно ми олесна...
     
    На Butterfly1107 и Jana06 им се допаѓа ова.
  4. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Јас поминав два месеци буквално хорор со хемороидите, имав претходно надворешни кои не ми правеа проблем а после пораѓај ми се јави и внатрешен и надворешниве почнаа да крварат. Спасот го најдов најмногу во промена на исхрана. За една недела откако исклучив целосно леб и шеќер осетив подобрување. Исто така пиев многу течности, вклучително и компот од суви сливи. Избегнувај и црвено месо. Сето ова помага за потечна/помека столица што е најбитен фактор за помало дразнење на хемороидите. Мачкав и една маст од дм, мислам дека и таа помогна до некаде. Според мене најбитна е исхраната, џабе се и масти и чепчиња ако со тврда столица се раскваруваат постојано.
     
  5. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски
    Лек за опаѓање на коса после породување? Од трет месец почна да ми паѓа и еве два месеци не прекинува... Имав долга и премногу густа коса, а ако продолжи вака за брзо нема ни да имам коса. Освен што пијам витамини на Jameson, некој шампон да ми препорачате што ви помогнал?
     
    На SecretName1, Филотеа и babyboy1 им се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Нема помош за тоа, едноставно мора да помине тој период. За нова коса да порасне ќе си купиш шампон од лук (или коприва ако не го трпиш лукот мада нема јак мирис) и од аптека екстракт од коприва, б витамини и чајно дрво ми се чини Беше. Се ова ќе го измешаш во шампонот. Ќе кажеш во аптека за што ти е, обично знаат тие што ти е потребно. Се вкупно ќе те фати околу 300ден,а долго ќе го користиш. Мене пред неколку години ова многу ми помогна многу коса ми порасна.
     
    На zemzela91 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Грешка, не било чајно дрво. Еве рецепти што ги најдов на search.

    1.- шампон од коприва (1л)
    - шишенце рицинусово масло
    - ампули B1,B6 i B12 (по 3 ампули од сите витамини).

    2. - Шампон од коприва 500мл
    - Пантенол 50 мл
    - Капки од коприва 30мл
    - АД капки- (воден раствор ,едно шишенце)
    - Б витамин во ампули (2-3 ампули)

    3.1. пола литар шампон од коприва
    2. едно шишенце капки пантенол
    3. витамин D капки уљени
    4. едно шишенце рицинусово масло
    5. едно шишенце кантарион
    6. витамин C ампула
    7. витамин B ампула
     
    На Thallia и Chuchanov им се допаѓа ова.
  8. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    Што и да пиеш пак ќе паѓа...Јас еве 5 и пол месеци после пораѓај заприметив дека намали паѓањето а и нова почна да ми расти, цела сум со антени :rofl::emo:
     
    На zemzela91 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    3.942
    Пол:
    Женски

    Фала за ова :)
    Ко што гледам дека е неизбежно паѓањето на коса, уште веднаш ќе почнам со ваков шампон.. иако имам баш густа коса, малце поддршка добро ќе и дојде :)
     
    На Филотеа, Butterfly1107 и Jana06 им се допаѓа ова.
  10. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.093
    Пол:
    Женски
    Шишање помага? Видливо ми се намали косава, имам и залистоци, веќе месец дена паѓа и не престанува... Ова хормоналниве промени лом прават во организмот изгледа :D
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Не помага, барем не кај мене, кас скратив 6см кога синко беше 3 месеци и две недели после тоа кога почна да паѓа :D Нема престанато уште:(
     
    На eta, Филотеа и Chuchanov им се допаѓа ова.
  12. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Мене мислам дека ми помогна. Или па посекако немаше многу да ми паѓа. Како да ми е погуста отколку пред да останам бремена. :^)
     
    На eta и Филотеа им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.683
    Допаѓања:
    18.339
    Пол:
    Женски
    Јас имав многу долга коса, морав да ја скратам. Огромни влакна наоѓав секаде, ми се плеткаше кпга ја чешлам. Не помогна многу ама барем полесна ми беше за одржување.
     
    На eta и Филотеа им се допаѓа ова.
  14. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Кај мене конкретно не помогна ,јас од долга ја скратив многу до над рамена и џабе ,бебе за една недела ќе прави 4 месеци и сега мислам дека е периодот кај што пагањето е со најголем интензитет.
     
    На Sexybaby86, eta, Thallia и 3 други им се допаѓа ова.
  15. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    Јајнициве денес ќе ми пукнат, а и некој исцедок досаден имам вчера и денес..Се јавив на матична ми пресмета овулација било демек ако потрае уште 2-3 дена да сум одела на преглед....
    Некоја со сличен проблем?
    Досега не сум сетила ни овулација ни ништо..само ко ќе треба да ми иди така некоја тапа болка
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.093
    Пол:
    Женски
    И кај мене е вака деновиве, мислам ќе добијам ама уште ништо... Јас зошто дојам, еве 5 месеци уште немам добиено, но ова ми дава некој знак, ќе видиме...
     
    На babyboy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.269
    Допаѓања:
    18.389
    Јас откако се породив имам многу изразени, болни овулации исто со исцедок
    Претходно менструацијата ми беше болна, а сега не е ни 90% како претходно.
     
  18. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    40 дена после пораѓај пишав дека сум добила ама уствари тоа уште се чистев од пораѓајот. Цела недела се осеќав подуено, до душа и изгледав така, јадев се што ќе стигнам и пак гладна. Се поправив 1.5 кило и еве само што добив после скоро 6 месеци. Немав никаква болка за добивање. Си мислев уште малку ќе ме поштеди (како малце да ми беше цела година) :D
     
    На Brpbrp, Филотеа, 0ли и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Не е лошо да се шишаш, ќе го обновиш влакното, јас имав долга густа виткана коса, 3 месеци по пораѓај ја скратив до рамења, многу ми испадна коса, не пиев никакви витамини, сама од себе прекина, само што ми се исправи :( немам веќе локни
     
    На Филотеа и eta им се допаѓа ова.
  20. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    3.942
    Пол:
    Женски
    Ви се случило ли после пораѓај да ви се појават стрии на стомакот? Јас во бременост воопшто немав, по 2-3 на страните кај куковите, но на стомакот воопшто.. 3 недели после пораѓај почнаа да ми се појавуваат на стомакот под папокот ;( се мачкам сеуште, но ете се појавија и страв ми е да не се прошират, па сакам да слушнам искуства