Исто сум и јас. Вчера полнивме четири месеци, косата интензивно ми паѓа веке три недели. Со ваков интензитет ако паѓа не знам дали ке ми остане влакно на глава. Планирав ептен да ја скратам, сега ми е страв на фризер да одам, коронава ептен се рашири. Тука во околината фризерка пола село зарази, не се кажала дека е позитивна. На шетање ја сретнав мојата фризерка, вика дека ги распоредува, само една жена да има во дуќан, ама пак ми е страв. И она самата ми рече, седи сега дома со толку мало детенце, има време за средување. Да, ама вирусов како зема замав кој знае колку ке трае, малава ке ми порасне, ниту една убава слика немам со неа. Постојано сум со фатена коса, несредена.
@Sofi.ja немав јас болни мендтруации освен подуени гради и така некоја тапа болка..ни па исцедок ама ова сега боли ама ете само вчера денес пак како нова сум
Ела си. Синко додека беше во меше многу туркаше во пределот на папокот, мислев дека ќе го пробие (не се зезам). Од што била оптегната кожата толку многу не се ни гледаа додека ги носевме, ама сме си ги имале уште тогаш, верувај. Сега само доаѓаат до израз како што се собира кожата. Мене околу папок ми се направија стрии инаку никогаш во живот не сум имала. Мачкав Био Оил две недели по породување, два пати дневно ама изгубив ред, сега како-кога, кога ќе ми текне. Има подобрување според мене, ама треба постојаност, а со мало бебе малку е неизводливо.
Ооо 5 шишиња Био оил и ништо не приметувам. Сега сум на Еуцерин префрлена. Исто и јас после пороѓај ми се собира дтомакот и секоја недела мислам нови стрии ми излагаат. Се туширам и со маслена купка. Со здравје да си ги носиме, ќе избледат со време.
И мојот разараше во стомак. Немаше пауза и застој ете што викаш, можеби имало и тогаш, ама па не биле црвени сигурно пошто ќе сум видела сигурно. А сега се како бели линии се. Не се многу, ама одеднаш некако ми се собра стомакот, па веројатно затоа се појавија. Ај се надевам нема многу да се прошират
Mackajte samo kokosovo maslo i nisto od striite neam da ostani jas i so dvete bremenosti mackav nisto ne se pojavi ama saka upornost i redovno mackanje
Јас дури вежбав пред три месеци, се наведнувам нанапред и кога си гледам витки кожа, си се поздравивме и фино си се исправив, па на три и пол се направив. Не, стварно, како се враќа во стара форма? На секое наведнување ќе ми свиснува значи. И вежбав, ослабев, секако сум слаба и во бременост бев таква со стомак испрчен, mommy bear. Ама кожичево не ветува многу. А со вежби дијастазот го намалив малку.
Мозна е менструција 1ипол месец по породување? до пред некој ден немав ништо а од вчера потемно каефено ама денес ко да пробива؛ за млекото ми е да не го изгубам
Можно е да добиеш. Ама и да се чистиш сѐ уште. Можно е така повремено да имаш чистење. Млекото не се губи при мензис. Единствено можно е позабавено да се испушта млекото, ама на количината не влијае.
Жени кажувајте ајде безбеден начин за слабеење за време на доење. Имам уште 2кг плус од пред бременост ама и претходно сакав да ослабнам 5-6кг значи некаде 7-8 минус ми требаат. Немам енергија, ми се лежи цело време, осеќам глад нонстоп, мајчинството и доењето особено ме цедат. Ако не изедам нешто калорично исто како да не сум јадела. Вежбањето исто не е некоја опција зашто сум преморена и ако имам 10мин слободно време го користам да легнам на под да го исправам грбот, да одморам.
Јас сум 5 плус од пред бременоста и 4 плус од пред тоа, планирам да почнам некоја варијанта на УН.Бебе е 2 месеци, ќе видам како ќе биде со млеко,има ли искуство некој со оваа диета и доење.Планот ми е да ги терам деновите по УН но не толку строго по оброци... Ќе видеме .Вака многу ме фаќа напади за благо кое не го јадев пред да останам бремена, па и во бременоста, сега го јадам кога сум под стрес.А секој ден сум под стрес ради коронава, па и вака дебелки сме биле во поризична категорија и тоа ќе ми биде мотив да се обидам поздраво да се хранам и да намалам некој кг/
Иста сум со благото. Со години немав каснато ништо ама баш со години. Кога ќе кажев на некој дека не јадам сладолед не ми веруваа. Откако останав бремена а поготово после пораѓај, не проаѓа ден а да не јадам нешто благо. Со години имам проблем со инсулинот и шеќерот, го мерам дома и пак памет не ми доаѓа.
Нормално е да имаш апетит од што доиш.Јас се поправив 6кг за време на доење.Апетит никогаш не сум имала еве и сега бремена немам ни пак со првото.Ама кога доев јадев благо како луда и се друго. Откако ќе престанеш да доеш ќе ти се намали апетитот без вежби ќе ослабееш јас по доењето сранав +1кг од пред бременост.
Да, ама некои како јас на пример веќе се дебели ( 160цм, 83 кила и 600 грама) пола кило сум качила... Што да правам не знам...исто се чувствувам, ми се јаде благо, гладна сум, глава ме боли, нозе ми се стресуваат...
Ее па ти сега се породи, 'оправдано' е. Јас со 85 отидов на пораѓај, сега сум 72-73кг. Сакам максимум 65кг да сум.