Затоа направив споредба дека како не јадач цел живот, кога доев се јадев како невидена за млеко да имам и се поправив Не се препорачува некоја диета , по можност вежбање или шеткање, ама ситуацијата не тера повеќе да си седиме дома Ама и не сум некој советник за диета
Страв ми е затоа што со претходната бременост на пораѓај отидов со 80, а со оваа со толку останав трудна
Јас со првата бременост отидов со 60кг на пораѓај, сега со втората ја почнав бременоста со 62-72 кг до крај и сега после 4месеци сум 60кг. Идеално би ми било уште 3-4 кг да ослабам. Години поминуваат меѓу прва и втора бременост, ние растеме (да не кажам старееме ) и нормално е да немаме исто кг како и кога сме биле пред првата бременост. Искрено мислам дека сите жени после бременоста кога ќе се вратат малку во нормала со вежбање или исхрана, се поубави и поженствен иако можеби се има некое кг повеќе од пред тоа.
Ти си секако слабичка, моево е претерано. Разлика помеѓу двете бремености беше година и 8 месеци и јас качив 9 кила за тоа време со доење
Јас имам пишувано во темава, ама еве пак да ве охрабрам. Прва бременост останав со 60 кг на пораѓај отидов со 82, значи цели 22кг се здебелив. Дојдов дома од пораѓај со 74, за 2 недели бев 70, остатокот било вода, бев многу отечена. Е после додека доев симнав само 2кг за 10 месеци и решив дека е време за диета. Прекинав да јадам леб, јадев благо и овошје само наутро, за ручек се како и претходно само без леб, за вечера само салата. За два месеца стасав до 62 и сега 17 месеци откако родив сум повторно бремена, стартував со 62. Не сум слаба како порано, ама не сум ни дебела воопшто, е сега нормално стомакот ми е виснат малку кога ќе се наведнам не е како претходно, ама здравје кога ќе се породам ќе почнам и со вежбање, секако откако ќе потпорасне малку бебето. Да напоменам ваквата диета не ми влијаеше воопшто на млекото, се уште доев кога ја држев, бидејќи си јадев колку сакам само внимавав што и најбитно не јадев ужинки измеѓу оброци како претходно. Како и да е, најдобро е да се почне со диета кога бебето веќе јаде скоро се за секој случај. А очекувам пак да се здебелам многу оти јадам неконтролирано, малку да ми е празен желудникот и одма ми се гади, и со првото беше така еве и сега е исто.
5 месеци точно од породување денес добив, стомакот ми е подуен како да сум 5ти месец бремена се надевам ќе ми се врати во нормала
А јас што првата ја доев 4 години, Исто, со 85 на пораѓај, сега околу 73. Само се плашам дека ќе почнам да одам нагоре со овој апетит.Така ми се случи во првата бременост дома, дома си дојдов со 73 со доењето качив до 83
4 години доеше? Браво мајка како си успеала толку долго реткост е... Инаку јас отидпв +20кг на пораѓајј. 53 почнав бременост 73кг отидов на пораѓај. Дома дојдов 61кг. Месец потоа уште сум иста килажа иако јадам далеку помалцр од бременост.
Имаше едни протеински пудинзи, иако не се многу благи, сепак заблажуваат. Знам, на почетокот на доењето имав голема желба за благо, зашто бебе многу цица нели. До кај 4ти месец имав вишок килограми од бременоста, а инаку сум слаба по природа. Се запишав на вежби кај моја фитнес мама, 20 дена, за дијастаз. Имаше интересни рецепти - јас не ги правев, бидејќи имав веќе ниска тежина - 48 кг. Самата си ја намалив тежината, ама ми требаше стомакот да го средам. Зборот ми е со здрави рецепти можеш да успееш, само си сака волја за подготвување на јадењата. И знам колку си изморена. Ама за да ослабнеш, треба со вежбање и исхрана. За некој месец, бебе кога ќе почне да е поактивно, ќе се трошиш повеќе. А јас пак сакам газов да го кренам, од седење седење и само седење ми падна надолу. Па и по породувањето дента, кога станав кога си го фатив - тепсија! А што убајна од газе си имав. Сега за да го кренам и плус да го здебелам, треба да си го испотам, искрено. Ама ме мрзи и мене.
Пола фрижидер ми е со протеински пудинзи и овошни јогурти. Ама кога треба да бирам меѓу тоа и животинско царство... Btw да не се зафркнете како мене да почнете да собирате. Јасно ми е дека треба убава исхрана и вежби, не знам ни јас што сакам со лежење да ослабнам. Ајде веројатно ќе почне повеќе да спие ноќе, па да се будам одморена и со елан за вежбање.
Мојафитнес мама велеше ако имате желба за благо, поарно земете една коцка две, да ви помине, отколку да го мислите мислите и на крај цело чоколадо. И таа зборуваше за зависноста од благо низ видеата а и на Инстаграм пишува колку имала желба. Нејсе, да ти кажам како ослабев јас, не се сеќавам, првите три месеци се чувствував ко торбе, со целулитче, не бев тоа јас. А имав само 54 кг, што не е многу. Ама научена последниве години да бидам слабичка, тоа значи не сум анорексична, зашто имам колкови, ок сум во градба. Додека се гледав во огледало и не си се бендисував, полека попушти желбата за благо, некако до умот е. Плус и побрз метаболизам имам. Да го замениш благото, колку и да ти е тешко, со овошје, тиква, вода сигурно пиеш. И самата помисла на тоа колку е здраво, дека си правиш добро на себе, ќе ти биде мотив. Сѐ е тешко пред првиот чекор. Откако ќе се натераш да почнеш со нешто, ќе осетиш позитива, после е лесно. И за со вежби, ако немаш дијастаз, можеш да вежбаш и стомачни обични. Ама ако го имаш, се препорачуваа посебни за него. Има на интернет. Зш од неправилни вежби, се влошува. Како имав волја августот кога вежбав! Бебе беше 5 месеци, уште не се пентереше многу, седеше во релаксатор и ме гледаше. Како на кино, се смеевме. Ама и дека бев на програма, значи со рок, имав елан да ја истерам до крај. А сега, сама да почнам, со бебе скоро 8 месеци, е потешко. Газево ќе ми почека, а само велам ај денес, ај утре, таман бар 1 месец да го истренирам, ама јок.
Иста сум. Пет години по ин витра и во бременоста освен овошје друго ништо благо не бев ставила во уста. А сега, како тебе, наплатувам, за сите години што не сум јадела. И си викам уште ова, и од утре не јадам повеќе благо. И тоа утре никако да дојде. Не можам да се контролирам.
Исто и јас се чувствував за газот по породувањето. Сега имам малку вишок меше што никогаш во живот сум немала и ме нервира многу! За човек научен на вежбање секој ден, освен во бременоста кога не смеев воопшто и не ми пречеше бидејќи сакав само бебе да биде здрав и жив, сега ми е страшно да имам стомаче и ми смета! А еве 3 месец успеав да се вратам на тежината кога останав бремена и имам 64кг. Сега сакам да ги изгубам тие 4кг. што не е многу, ама ај како, доењево ме тера само да бутам. Разбирливо е, бидејќи повеќе калории ни се потребни од оние кои просечно човек ги конзумира на дневна база, но немам никаква физичка активност, со коронава не може да се искочи да се прошета асално. Би вежбала и со синко во раце по дома, ама се уште немам зелено светло од гинекологот. А тоа со благото, се што ми е на повидок благо сакам да го изедам, мислев само јас сум таква.
Да се живи и здрави. Ајде да пркне малку помалото, и ќе го активираш повеќе тато или баба сервис за да можеш ти малку да си се посветиш на себе си и ќе си ги намалиш кг. Think positive, be positive
Ај и јас да ви се надоврзам во муабетов Благо колку ми се јаде леле, мислам дека цела тегла нутела со лажица ќе сркам Уплатив кај нутриционист, го чекам планот. Придржувањето мислам нема да ми биде тешко ама време за подготовка на оброци како ќе најдам не знам. Ама и напоменав да направи некои лесни рецепти, немам време цел ден во кујна да седам Плус сакам и да вежбам, утре мм ќе оди ќе ми земе простирка за вежбање Од оваа коронава ништо на раат не може да се направи, башка мислам дека на психата подобро ќе ми делува ако знам дека имам некаква цел, правам нешто. Затворена дома, во страв од корона ќе полудам.
Извинете ако не е тајна колку се плаќа и дали мора лично да се оди кај нутриционист? Инаку значи не сум единствена се тешам кога Ве читам денот ми пројдее али ноќ без благоо никако
Ааа подлога ми купи уште во 3ти месец, со ластици за раце и нозе и тоа easy, medium I hard Имам орбитрек, тегчиња, такви како клешти за вежбање раце, па едни како рачки што се лизгаат на под, му реков и степер сакам ама пошо ме знае ми рече ајде почни со ова и ако вежбаш 2 недели ќе ти земам и степер. Guess what? Вежбав 3 дена Не можам и не можам, легнувам на подлогата и ме мрзи. Како она видеото уште перница и ќебе да си земам Кај кој нутриционист уплати и дали се договоривте преку телефон зашто мислам крвна слика се правеше. И дали може да се прилагоди за доилки и за покачен шеќер?
Online работат нутриционистите, правиш крвна слика, сликаш прикачуваш, сама се мериш им праќаш табели слики се што треба, функционира.