@Anaouou, @Jana06 уплатив кај истата што ми правеше за гестациски дијабет https://instagram.com/nutri.vi.club?igshid=1t4eo16t5xa0y Јас сум задоволна од девојчето многу. Барем во бременост, многу брзо ми се регулираше шеќерот, очигледно си ја знае работата. Јас ќе мерам шеќер дома и и кажав дека сакам да ослабам. Крвна слика нема сега да направам, ќе направам следен пат кога ќе правиме и за бебето. Целиот договор е преку маил и преку фб/инста.
И моето искуство е со Емилија. Решава и здравствени проблеми преку исхраната. Не и се многу комплицирани јадењата, вообичаена храна. Една пријателка што подолго време неможеше да остане бремена, забремени додека беше на ивој режим, друга и се реши проблем со рацете имаше како егзема. Дава и витамини и чаеви согласно здравствената состојба.
Јас обично не сум многу по благото, додека мм да седне за 5мин ќе лапне цела чоколада. Откако се породив првите 2-3 месеци,особено ноќе, немаше будење на детево а да не лапнам нешто благо. Дури некогаш ако не беше расплакан,само разбуден одев прво по благо па го зимав него До кревет имав тањирче со наполитанки,ресани,тутки итн... Цело време во глава ми се моташе како ќе ослабам ако јадам благо навечер и дали ќе ми се изгуби желбата. Другарки ме советуваа дека ми фали енергија па затоа организмот ми барал благо Вистина бев преморена,малово често се будеше (и уште се буди) Без да забележам откако почна да лази , уз него не таму не ваму сум симнала некое килце. Пред да останам бремена се поправив 2-3кг. Останав бремена со 71,на пораѓај отидов со 84, дома дојдов -7 во текот на првата недела симнав уште некое (претпоставувам вода од отоците) Па како ми надојде млеко па имав некое плус,па минус... и на еднаш се мерам, околу првиот роденден јас сум дошла на старата килажа 68кг. Прво прередував плакар и си пробав стари панталони, на радоста и немаше крај ,ме собраа После решив да се качам на вага и се израдував. Имам уште 3,4 за симнување ама ај другото лето Така да не се разочарувајте,се ќе си дојде на место
Мајки некој совет за брзо намалување килограми!? Ни 1 кг немам намалено од породувањето, а поминати се 5 месеци. Многу сум изморена. 24/7 со синко. Немам време ни сила да готвам. Се нешто на брзина. Голтам. Не јадам. Поради тоа нон стоп сум гладна. За намалување имам 15 кг. Очајна сум и ептен ми се намали самодовербата. Повеќе од месец дена нејадам бел леб, благо понекогаш,непијам сокови никакви. Но, вагата стои на исто. Не се движам поради вирусот. Ве молам за совет.
Иди погоре за истото се жалев Се зависи дали доиш или не. Ако доиш не можеш да бидеш на диета освен да јадеш малку поздраво и да пиеш многу вода. Ако не доиш, прво да исфрлиш вишок течности и ќе намалиш 3-4кг, па тоа да те мотивира за диета (со 'диетата' на Жан Митрев многу брзо се исфрлаат течности). Инаку, не ти треба некое готвење за диета. Јади повеќе варени јајца, динстано месо со малку сол и бибер, вариво, салати, супи... Такви лесни јадења за да се олесниш малку. Знам колку е тешко со +15кг, јас толку качив во бременоста. Не ти треба некое посебно шетање, доволно е пола саат на улица да го прошеташ малиот. Мене малку проблем ми се скалите со количката, па често го шетам малиот во раце на улица додека заспие, се качуваме и го оставам на кревет, јас жива вода одам одма под туш. Види, види кој дава совети за диети Прееска изедов 3 животинско царство, сега на други кажувам што да јадат.
Најди си ја диетата што ти одговара. Мене заради шеќерот најмногу ми одговара протеинска или кето. Пробај ја ако сакаш УН. Знам како е со бебе и готвење затоа ти викам да вариш повеќе за да не стоиш до шпорет. А со диетата на Жан Митрев внимавај, премалку калории се тоа, ако пишува 1 краставица изеди 2 или ако се 100гр месо изеди 200гр. Пак ќе исфрлаш течности.
Девојки, што мислите за хербалајф? Имам околу 15-20кг за симнување, 8 од бременост и другите сакам да се вратам на килажата од пред свадбата. Ионака немам многу време за готвење, доручек и вечера е шејк само ручек ќе правамм, мм е на работа по скоро цел ден, сама сум со бебче. Дали има некој искуство?
Јас пробав еднаш одамна, мене не ме држи само шејкот за оброк и ако одлучиш со нив ќе треба да ти станат животна навика, бидејќи веднаш ќе ги вратш кг кога ќе престанеш.
-11 кила од пораѓај досега. Бебето беше 4,5 кила, отоци, вишок вода, а сега заборавам да јадам или преуморна сум и заспивам. А си јадам и благо и леб.
Имам една пријателка со одлични резултати, некако ме мотивира да почнам, сакам 3-4 месеци поинтензивно па после само еднаш во денот шејк и двапати оброк. Се надевам ќе успеам.
Не дојам. Затоа сакам побрзо да започнам со намалување на кг. Се плашам од втора бременот. Во моментов не размислувам бидејќи сум со царски, но сепак несакам голема разлика да правам помеѓу.
Не ти треба хербалајф, можеш сама да си правиш шејкови што ќе ти заштедат пари. Колку што знам со хербалајф се фрлаат доста пари долго време, а околу мене само неуспешни приказни сум слушала. Земи си Greek јогурт со 1% масленост мислам беа, протеин со вкус, овошје со ист вкус како протеинот, пример ако земеш со вкус на јагода стави неколку замрзнати јагоди во шејкот само не мешај овошја, козја сурутка и мед или mapple сируп. До после ќе ти пратам рецепти.
https://www.befitmom.mk/ Ми излезе ова како реклама на инста, па отворив да ѕирнам. Изгледа интересно, а не е скапо. Дали има некоја мајка која го вежба ова? Ми рекоа после 3ти месец смеам да почнам со лесни вежби, но сакам да слушнам искуства за ова конкретно бидејќи се однесува баш на тазе породени мајки. @Jana06 можеш да ѕирнеш - кратки треба да се видеата на почеток - прво по 10 минути, па да стигнат до 30 минути.
Да Јасмина, тренираше ракомет порано, од скоро е мајка и давам поддршка само затоа што е нова во ова и се труди да се пробие. Реално каналот на Chloe Ting на YouTube е супер за без пари Не се тешки вежбите, нема скокање што е супер за дома и има challenges.