Јас вежбам со Клои, трет предизвик почнувам денеска и сум ептен задоволна со резултатите. Ја препорачувам
Има и посебно за стомак и за цело тело. Јас досега вежбав за цело тело, првите два беа такви, сега го почнав Get Peachy што по правило е за задник, ама и таму се балансирани вежбите. Еве за денес имаше баш за задник, а утре имам раце и стомак. Најубаво да си ги разгледаш сите, да видиш што ти одговара.
Здраво женски,јас имам малце време па да го прочепкам форумчево. Ја најдов и темава Породена сум со две природно. Второто ми е 9 месеца и една недела. Стомакот се врати на место уште 2 -риот месец. Малку имам кожичка, ама со вебжање ќе се среди, исто така и целулитот на бутовите. Само некако не ми се фаќа да вежбам. Градите ми се виснати од доењето, тоа нема назад знам,ама другово можам да го поправам. Со мала диетичка стасав до 58 кила, уште 2 да симнам и толку ,нема диета више Си сакам благо Стрии си имам на бутовите од првата ќерка, ама избледени се.А од втората имам на стомакот 3 Ама не се знаат више ни тие.Се на се, се вратив доста во нормала. Уште да се стегнам
Женски здраво. Пред некое време налетав на инста профил на кој има програми за постпородилно вежбање, кое вклучува онлајн вежбање, вежби со бебе, персонализирано мени на исхрана и совети околу враќање во форма по породувањето. Па убаво е да се сподели информацијава на женски форум,колку што видов, нема никој до сега пишано. Станица збор за профилот на инста на Jasmina Tripunovski и https://www.befitmom.mk/. Сте слушнале ли? Можеби имате лично искуство? Во овие тешки времиња, добар начин да се намали стресот е преку вежбање, па можеби некому ќе помогне информацијава
Јас пак со крварењето... Значи природен пораѓај со епизиотомија. Крварењето се намали, скоро и запра, па следуваше оној жолт исцедок на крајот и сега повторно свежа крв, особено откако пробав да извршам голема нужда. Засега не крварам многу, ама паника ме фаќа. Го имала некоја овој проблем?
Дали си сигурна дека ти е вагинално крварењето? Јас долго имав свежа крв на бришење после голема нужда од анусот па тука се консултирав и со други дека се хемороиди најверојатно. Се тоа траеше добри 2 недели и еве сега нема веќе...
Имам и хемороиди и знам кога крварам од анусот. Сега дури земав и се проверив со огледало раната да не е отворена. Не знам, почувам да мислам дека има некои компликации со раната. Пред недела дена првпат имав секс и имаше малку крварење. Читам на нет дека било нормално. Во секој случај, бевме многу нежни и немаше апсолутно никаква болка ни пред ни потоа, ама ова со крварењево ме загрижува ептен.
Сегде читав нормално е. Едино па и да си добила но мислам нема шанси да е тоа. Ако ти е мисла јави се на доктор најдобро да те ѕирнат
И јас како тебе сум природно со епизиотомија, крварев некои 5 недели па следуваше исцедок недела и пол- две, и потоа пак почнав да крварам мислев дека сум добила па се јавив на гинеколог да закажам преглед и докторката ми рече дека нормално е тоа и ќе се среди..Така и беше крварев уште една недела и ми прекина па по 1 месец добив..
Немај гајле, нормално е؛ Јас знаев да прокрварам кога ќе напнам за дефекација и при подолго пешачење а и ако чистев низ дома؛ Испаничив и на контролата докторката ми рече сосема нормално؛
Пошто ја прашував па и ја ќе си одговорам Прв преглед поминав после пораѓај со вагинално ехо прегледот трае помалце од 1 минута Ништо не боли ништо не осетив Ова за ремедика
На 21.11 бебе прави 15 месеци т. е. откако сум породена. Од циклус ни трага ни глас. На 22.11 ќе правам 2 години без менструација ( кој сака нека честита) Пред 2 месеци бев на прв преглед се е добро само што ми рече дека не гледа никакво задебелување на матката(ендометриум) па во догледно време нема ни да имам циклус. После колку најдолго од пораѓај некоја членка добила циклус. Да нагласам дека дојам сеуште по 4-5 пати во едно деноноќие во просек, а има ноќи + 20 од нормалното. @Kaetana и не знам која друга би ја тагнала да ме просветли. Има Ли место за грижа?
Еве сум и јас завчера 14 месеци од породување. Јас на 22.12 исто би правела 2 години како немам добиено ако остане така. Инаку, секоја жена е различна, и баш истражував на тема и пишував за тоа. Кај некои жени се враќа веднаш, а некои жени тераат и до 2 години најдоцна, под услов да дојат.
Ти благодарам многу. Не сум сама кога ќе слушнам вака се тешам. Имаме фора до две год. Не дека ми недостига циклусот, нити сум нешто подуена, поправена, напротив 56 кг од девојче сум немала ам Сепак мисла ми е. Те
Јас би славела. Многу убаво ми беше кога одмарав од мензис. 15 месеци. Можеше да почека додека дојам. А знаеш дека и јас дојам по 4 5 пати во едно деноноќие, а можеби и почесто, зависи од барање на господинот мој. Друга причина што ми текнува е менопауза. Ми излезе дека жена на 40и нешто години, отишла на гинеколог заради симптоми на менопауза, излегло дека е бремена и е во менопауза. Исто така, следам една блогерка, нема 30 години а веќе е во предменопауза.
Точно. Секогаш постои и тој момент. Ама и да е, тоа е тоа. Ваљда нема многу што да се прави. Важно е да не се паничам дека ако немам добиено дека треба хормони да земам, или дека мора да добијам. Трето сега секако не ми е во план (мислам и да ми е, на маж ми не му е додека ова уште се буди милион пати во една вечер)...