Ако веќе би земала шејк т.е. протеин подобро земи на Scitec Nutrition Isolate 100% ако веќе би фрлала пари за тоа али едно да знаеш додека не запотиш гз и не правиш кардио како пешачење,трчање и најдобро од се ти е 1 саат на пливање да одиш да си одвоиш доволно е три пати во неделата џабе ти се и шејкови а богами и пвошје и зеленчук само да јадеш и да седиш дома пак нема да намалиш на килажа. Кога би слабеела не е само килограмите да ги намалиш треба таа кожа да се стегне
Фала женски. Дека сакам деца сакам и тоа премногу. Три би биле идеални, но кога би била помлада. Вака сакал Бог и Фала му. Доста се две. Премногу би му дошло на синко 16 години ќе прави. А и мм ќе шизне. Инаку бремена не сум 100%, а менопауза да е, не е чудно, добредошла. Утре 15 месеци бебушка. Ќе чекаме и видиме
Ти блгодарам многу за советите Имам точак дома, ќе почнам да го користам од ко ќе направам 6 месеци после царски. Пливањето е супер, уште да имавме услови во мојов град за затворен базен . Ќе почнам со точакот па здравје ако се подобри ситуацијата потака и на фитнес да појдам малку.
Исто е и кај мене. Една недела како ми престана крварењето, еве сега 2 дена пак крварам. Само се надевам дека не е од раната. Инаку дојам и многу ми е чудно одма да добијам. Читав дека може да се јави крварење при поголем напор, а овие денови се исфорсирав малку со чистење...ти доиш или сте на АД?
Претежно дојам, сега поретко давам ад. И јас приметив дека крварам кога ќе се напнам со чистење и дигање потешко.
Има ли некоја која после породување има болки во колкови? Не можам да спијам асално, среќа што се доиме со синко на 2 саати па менувам страна, ама болат бре...
Знам дека тие што се на АД може одма да им дојде циклус, кај нас е веројатно некое дополнително крварење... Не да имам, целата крцкам ко стар плакар Посебно ме болат колковите и колената. Веројатно од самото растегање при пораѓај, башка и килажата си го прави своето... Почни да доиш со седење, најизменично повеќе позиции. Малку ми помогнаа и суплементи, вит. Д, калциум и магнезиум.
Самопрегледај се со огледало. Ако имаш зацрвенето, отечено, болка,тогаш е раната.Најдобро е да те види гинеколог, ќе ти каже дали има потреба од повторно шиење, или да третираш дома. Најчесто чистење со бетадине 1%, потоа антибиотик (спреј бивацин, оксикорт или банеоцин).
Јас еве 2 недели откако сум породена имам малце меше кое мислам дека со носење мидер ќе ми се среди. Имам земено еден еластичен затегнат со шорцеви надолу.Го облеков еднаш дури го носев убаво чувство на затегнатост ама кога го извадив осетив болка кај што ме сечеа за царскиот пораѓај. Си велам да не си направам белја рано да не е за вакви потези,ќе почекам уште 1 недела да зарасне убаво раната па после ќе го носам.
А како сте со црната линија (linea negra) што се појавува за време на бременоста? Ви исчезна сама по себе или користевте нешто? Јас еве се уште ја имам ширум цел стомак.
има ли некој со болки во кичма? ние сме 2 месеци и 1 недела и до сега н3 беше страшна болка но веќе 2 дена не се поднесува؛ Спиев на грб и кога се разбудив ај што ме болеше и нозете како здрвени едва станав од кревет
Јас еве 2 месеци од како сум породена си носев мидер али доле кај раната памучен дел како гаќи и нагоре стегнато додека го носев него супер ми беше али кога ќе го извадев како да ме тепал некој и до ден денес исто чуство е и иста болка по препорака на гинеколог почнав да го користам недела дена после пораѓај
Ноќното потење до кога ви траеше? Еве јас сум скоро 6 месеци породена, се уште многу се препотувам навечер
Мајки имав проблем со трнење на прстите и укочување во текот на бременоста, сега 2 недели после пораѓај тој проблем ми остана, нешто слично како карпал тунел синдром. Што да правам? Совет
Пиј Мазнезиум со Б6, разгледај има вежби за carpal tunel на youtube, само постепено не форсирај. Не спиј на таа страна, болката почнува од почетокот на нервот кај рамото. Дополнотелно може да мачкаш локално со гел со магнезиум (има по аптеки). Јас го имав истиот проблем во бременост, не можев да спијам од болки. Се ова правев и ми помина за недела дена.