Јас се мерев точно на 3м после породување значи помалку 12кг ма да претходно не се мерев али од порано сум ги вратила сигурно, уште 6, 7 и пак јас стомаче ми се повлече не знам ваљда од намалена килажа или пак тоа уствари дебелина било не од породување.
Јас имав трнење во раце во бременост и пиев два пати по 400мг магнезиум. Истиот проблем ми се јави и сега додека доев. Ја сменив перницата и сега не ми трнат. Матичната уште во бременост ми кажа дека е можно да е од перницата и од положбата на вратот, зашто кога спиев тогаш ми трнеа.
И јас го имав овој проблем во текот на целата бременост. Беше доста сериозно, многу ми трнеа прстите на раката, дури на моменти не можев да држам нешто. Со редовно пиење на магнезиум се среди и еве сега откога се породив, знае да се јави ретко, но далеку е од тоа што беше кога бев бремена. Магнезиумот е важно редовно да го пиеш.
Пред некој ден бев на вагинален преглед, проверија површински дали е се' во ред и се' беше океј. Неколку дена ништо немав, синоќа капка крв, сега гледам крв надошло. Кога се добива менструација после пираѓај и како да знам дали е менструација, или нешто друго?
Јас имав крварење после 40 дена и мислев дека сум добила ама испадна се чистам. Менструација добив после 6 месеци. Btw кога веќе пишав тука да прашам дали редовно ви доаѓа после пораѓај? Мене еве вториот месец ми касни, имам многу вртоглавици и ми се гади.
Мене сега после пораѓај дури и поредовна ми е отколку пред тоа, ама кај тебе можи да има врска и со доењето..
Јас со полицистични не ни добивав менструација без терапии ама сите ме охрабрија дека после пораѓај се средувал тој проблем. Ќе видиме дали сум таа среќа.
Редовно, исто како и претходно. И овулацијата си ја осеќам. Штом имаш полицистични, од тоа касни. Мислам дека тоа не може да се среди, си го имаш синдромот и не исчезнува, а најчесто придружен е со нередовни менструации, најверојатно така ќе ти тера и понатаму.
Изгледа е време за контрола кај гинеколог. Среќа што се пазиме со маж ми, а и ретко се гледаме инаку 100% ќе мислев дека сум бремена, таков пмс имам сега.
Јас после 40 дена бев на прегледот и докторката на ехо виде и ми кажа дека ќе добијам. Недела дена после тоа ми дојде. Знам дека беше менструација имав болки во јајници, стомак, кичма и мигрена како и претходно Ама ја не дојам и затоа знам дека е тоа нема што друго
Бувално ист циклусот ми е како пред да бидам трудна. Јас никогаш сум немала болни менструации и ми викаа може да се смени тоа после пораѓај ама не. Добивам редовно со 2 3 дена варијација.
Слично како тебе ама менструација беше разликата е што од мн болна сега е безболна после 21 ден пак добив а дојам
Мајки се соочувам со негативни мисли по породувањето, не се тоа баш некој негативни мисли, но повеќе би рекла дека е некое општо чувство на незадоволство од животот и неприлагодување кон новонастанатата ситуација, да напоменам не излегувам никаде а и немам никаква помош околу бебето, се во врска со бебето сама работам, хранење, бањање, облекување,перење, миење флаши, пелени...можеби и тоа допринесува за таквото чувство, таткото само купува што треба. Совет? Се чувствувам лошо, на почетокот плачев сега ми подпомина но се секирам и за бебето дали ќе е здраво итн.
Постпородилната депресија е многу честа мислам дека нема жена што не ја поминува И јас имав такви мисли, бев нервозна нерасположена буквално првите 2-3 недели ги памтам како негативни наместо нешто најсреќно. Што од болки што пд напнатост Уклучи го таткото повеќе. Маж ми прави се поеднакво што и јас. И излегувај шетај он нека чува бебе. Јас одам во набавка, дури и се возам со кола само да се разбистрам. Мора издувот да го најдеш негде и мораш да поразгпвараш отворено со некој близок. Секако пишувај тука често форумот доста помага најди интереани теми
Да, скоро сите поминуваме низ исто. Плус ситуацијава со корона дополнително одмага. Остави дете на маж и прошетај се. Ако си од Скопје иди до дм, земи некоја маска за лице, има од 30денари има и од повеќе зависи од буџетот. Стај си два пати неделно маска. Мене ми помага што секоја вечер крема за лице си ставам и серум. Јас идам во набавка. Го оставам бебето на мм и кас пазарувам. Тоа ми е издувен вентил, малце промена. Спиј кога спие бебето, сонот е битен. Читај книга, прави нешто што те правело среќна пред да имаш бебе.
Па тоа е и проблем, сакам да прошетам или да одам на кафе со мм но нема на кого да го оставам бебенцето. Сама не ми се шета, не сум од Скопје. Живеам во странство, немам тука роднини ни блиски пријатели, да и ова со коронава убива психички, сакам да одам пролетва за мк но дали ќе може.
А зошто не сакаш сама? Стани си сабајле, дотерај се, детето најадено, кафе за носење и шетај. Мене многу ми е убаво вака. Пробај, стварно ќе ти се разбистри главата, а бебчето дома мирно ќе биде и убаво ќе спие.
Нема да си сама, со бебето ќе си Јас не сум во странство, но сама шетам со малиот без мм. Се спремаме и одиме на шпартање надвор. Тој ќе заспие, а јас мозокот на пасење, дома се враќам како нова. За прошетка не ти се потребни ни роднини ни пријатели.