Не си депресивна нормално е. Сите бевме такви, животот ти се менува плус хормони. Колкаво е бебето? А зошто се правиш сама?
Исто и ја шетам сама со мојре повеќе од 2недели се немам видено А да не зборам внук ми дека го немам од март видено а живееме на 10мин. Прво трудна сега породена со бебе се во страв. Што не ќе паднеш вп депресија Ама ајде ќе издржиме ае гледа крајот Затоа пешачи само со шетање ќе ти помине. Ја одма во шопинг отидов. Сабајле вп 10 прва во продавница изнакупив партали и одма полесно
@Kakao2 и јас поминувам низ тие чувства, многу интензивно првите два месеци. Немој веднаш да мислиш дека е постпородилна депресија, тоа е бејби блуз https://www.whattoexpect.com/first-year/ask-heidi/week-3/baby-blues.aspx се јавува кај голем број на нови мајки.
Уште е рано додека се навикнеш јас 40 дена на детето му вадев уште не бев освестена дека е мое се осеќкав како некој на чување да ми го оставил. Повеќе те погодило тоа се сама што правиш опушти се вклучи го маж ти во секојдневните обврски не прави се сама. Прљаво било? Па што нека биде ако му смета нека си среди. Немало за ручек? Не си стигнала може било што да јаде посвети внимание на бебе, не ти требаат роднини. Јас искрено не би оставила бебе на никого каде јас таму тоа. Облечи се земи дете количка и на прошетка јас вака избистрував глава не излагав кога врнеше само. Според мене што подалеку од роднини тоа плус ќе ти набие нервоза а највеќе "плаче бебе мора да е гладен" . Дај го бебе на маж нека го успие не се плаши да му го оставиш колку и да не знае ќе се научи ако не му го оставиш нема ни да се поврзе он.
@Kakao2 срц, маж на брод беше 4 години, јас сама скроз без никој го растев првиот син. И работев. И се правев. Второво бебе е 4 месеци и маж е дома, помага за се, ама сум у депресија. Постпородилна се вика. Јас до хелекс сум дојдена. Оти ме утепа дома седењево и пандемијава, ме утепа немањето активности, слушањето лоши вести на тв и сл. Излагајте бар по малце на воздух... Се ќе помине не се секирај. Се е нормално тоа. Друго, од фитнес инструктор разбрав дека ако стомакот е уште како труднички, да не се почнува со вежби нормални да е имаме дијастаз. Ми објаснуваше девојчево ептен, не разбрав се, ама знам прво мора вежби за тоа ако имате, после тоа нормални. Јас моментално иам пача, ама се повлекува сам. Ќе почнам најверојатно со вежби набрзо, ама сега веќе после 4 м зашто сум цезареа породена. У глобала тоа е тоа.
@Kakao2 Сосема нормално се чувствуваш, но работи на тоа да побараш излез од секојдневието. Миењето, перењето, чистењето можат да почекаат. Дури и ако ги завршиш обврските подоцна, ништо страшно, важно бебуш да е среќен покрај мајка си, најаден и наспан, верувај дека чувствуваат кога не сме во добро расположение. Излегувај на прошетки, или пак, ако дента немаш можност да излезеш, пушти музика, или стави слушалки ако бебе спие, прочитај некоја позитивна мисла и поразговарај со некоја блиска личност. Одвој време за себе и зачувај си го менталното здравје, на маливе прцлиња сме им потребни здрави во секоја смисла, физички и психички. Јас откако го родив син ми сум сама во одгледувањето. И мајка и татко сум му. Помош имам само од мајка ми, татко му е здрав и прав но не е дел од неговиот живот. Никогаш не замислував дека ќе дојде до тоа, но ете, дојде до таков заплет и морав да останам присебна, ниту за момент не паднав психички. Првите две недели ми беа страшни, не знаев како ќе издржам. Имав проблем со едната града бидејќи не го доев често во болница, не можев да си седнам на раната, а имав цицач на секои 2ч. поради жолтицата, згора на тоа и се измолзував за да не фатам маститис. Бев хронично ненаспана, имав големи отоци, крварев... буквално се ми се собра, но синко ми беше доволна мотивација да стегнам заби и да продолжам, си велев дека е само период и ете, навистина помина.
Баш како што ти кажаа и другите мајки, сосема нормално. Истото ми се случуваше и мене, особено прватанедела додека фативме некој ред и додека не помина болката од епизиотомија. Мој совет ти е секое време кога имаш помош да го искористиш за себе, прошетај, испи кафе, пазари, не е битно, само да избистриш мозок. Ако е ладно надвор, облечи дете, облечи се ти и на прошетка, ладното не е пречка воопшто дури се препорачува, само да не е врнежливо и магли. Не се грижи мајка, тоа е тежок период но брзо поминува. Пандемијава, тоа што си сама во се ти прави вака, сосема те разбирам со оглед на фактот што и ние две со беба сме секој ден сами до 17часот и се журкаме ама се поминува, и само убавите моменти ги паметиш, а сама си ги правиш.
А дали се чувствувате поизолирано откога се породивте? Добро, сега нормално е заради пандемијава, сите сме изолирани, но дали чувствувате пријателите дека ве избегнуваат, ве забораваат? Особено оние кои се уште немаат деца... Мене тоа ми се случува, и многу ми влијае на расположение. Ок, знам дека мислат дека цело време сум со бебето зафатена, или страв им е да ѕвонат да не го разбудат, ама дефинитивно поинаку е.
Да. Точно е ова. Не си единствена. И јас ги изгубив другарките откако добив дете. Едноставно престанаа да ми се јавуваат и сега се гледаме многу ретко. И јас се чувствував лошо како заразна ама се навикнав и на тоа. Освен мажот и детето не ми е потребно никој.
Исто. И плус ретко им текнува да прашаат како е, што прави. Ајде за мене не мора ама за бебето да се заинтересирани малку. Не праќам слики на никој, не сакам да бидам од тие мајки што смараат и баш затоа очекувам дека сами ќе се сетат. Не за друго туку пред да се породам муабетите беа 'Ајде породи се, да го гњавиме малку, секој ден на гости ќе ти бидеме, нема да дојдеш на ред од нас да го гушкаш...' А уствари никој не ми се јавува
Се согласувам да не кажам скоро се осеќам како и мм да ме одбегнува си се осеќам осамено и утупено плус пандемијава никој не доаѓа а ниту пак вика за излагање барем на едно кафе сите викаат па не знаеме дали ќе можеш ради ситуацијава и дека си со мало дете
И јас го имав истото чувство. Никогаш не сум праќала слики од детето и да замарам или да правам досадни домаќински муабети ама ете едноставно ме избегнуваат и не сакам со сила да се наметнувам. Едноставно си се дистанцирав и јас и си ја гледам мојата работа и моето семејство.
Уфф ние сме 6 другарки што се дружиме нај нај. Едната има 4 годишна ќерка, јас сум со бебето и имаме една трудница. Една е во брак немаат сеуште деца и две се сингл. Ама постојано си праќаме слики од децата. Смешни слики, новости, оговарања Имаме група на фб, на вибер и на инста. Но доколку се чуствувате дека немате со кој муабет да си направите, слободно пишете ми лп, ќе ви дадам фб, инста ќе си правиме муабет. Со едно девојче во Англија, жена на другар на мм стално правиме муабет. А никогаш не сме биле претходно блиски, се породи 20дена после мене и стално си делиме совети. Баш сакам да си имам повеќе другарки и да имам со кого да направам муабет. Навистина е тешко, коронава удира на психа ептен, па барем виртуелно ќе си помогнеме со разговор.
Ете, барем тука дознавам дека не сум единствена. И јас воопшто не заморувам со темата бебе луѓе кои знам дека немаат деца... Не сакам да се полнам со горчина, иако стварно не можам да го разберам тој феномен, барем мислам дека од култура ако не, ќе прашаш, ќе се јавиш,... ако не можеме да се видиме, да излеземе како порано, барем виртуелно... Ама си викам, можеби ова е тест за пријателствата. Како и секоја нова фаза во животот, и оваа фаза треба да донесе нови пријателства. Среќа го имаме форумов за да се поврземе на ваков виртуелен начин и да си споделиме искуства, радости и маки. Butterfly1107 ете ти си поинаков пример, влеваш оптимизам на темава
Мене и кога немаше пандемија тоа ми се случи. Другарките сите слободни, без мажи деца и наеднаш ги снема. Јас мене да ми се породи другарка па од мерак ќе и се јавувам ќе се гледам, али не биле сите такви нажалост. И така со мм си шетавме, тазе фамилијарен живот. И полека си се редат коцките во нормала, ќе си продолжиш да се дружиш со луѓето што имаат време за вас. Сега најбитни сте си ти, мм и бебче и љубовта меѓу вас Инаку сега и снашка ми е трудна, и најблиската колешка и јас жива среќна како за себе се радувам и едвај чекам да се породат па да се дружиме со бебчиња плус
Тие што се бо брак а немаат деца некогаш си размислувам можеби пробуваат а не можат да имаат или пак нешто лошо им се случило доживеале итн. Бидејќи почнувам од себе кога имав два мисед се осеќав усрамено и неспособно(иако не беше моја вина) али така се чуствував и не сакав никого во моја близина да биде мислев дека сите знаат, а и тие што имаа деца ги избегнував дека ми беше уште потешко. До негде и ги оправдувам луѓето во брак али тие со дечко-девојка и да не праша воопшто не е во ред
Во турбулентнава година што изминува не верував дека до толку ноншалантност ќе видам од другарките, до тој степен што некои од нив не знаеја ниту дека сум бремена! Ниту еднаш не прашаа како сум, па така не се ни "пофалив". А минав низ толку многу...од тресење секој ден како ќе помине бременоста која беше високоризична, до развод, до преселување назад кај моите во рок од 3-4ч. сосе сите партали, до тешко опоравување од породувањето. И кога се почувствував како да сакам да споделам со најблиските од нив, го имав она: Ооо баш ми е жал. И толку! Ниту да се чуеме на телефон, а не пак да се видиме, сите се вадеа на ситуацијата. Баш како што кажа ти, ова е тест. Кај мене сите се немажени и без деца, не знам дали станува збор за за завист или што веќе, ама изгубив многу другарки, меѓу кои и најблиската која ми беше старосватица. Моментално имам само една единствена која и во најтешкото не ме остави и во секоја прилика ме проверува како сум, нормално и јас неа. Таа, братучетките и моиве родители. Се друго отиде во вода годинава. Изгледа само вистинските луѓе останаа покрај мене, па не ми влијае на расположение тоа што ги нема другите веќе, напротив, такви луѓе воопшто не ми се потребни, нека се држат подалеку.
Да ви се придружам во клубот на откажани пријателства.. Ние бевме 3 пара, на едните им сме кумови, другите нас ни се девери.. Девериве имаат детенце 2 години, цело време им се јавував кога и да одевме му носевме по нешто дали играчка, облека, патики и тоа секогаш му купував оригинал или скапи играчки.. Овие на кои им сме кумови имаат бебе 5 месеци сега исто од кога е родена ако купам нешто за моево кипував и за нивното и му праќав по мм, или му носев така набрзина на едно кафе.. Абе ни едната ни другата не си окараа мајката да се јават не мора да идат не мора да му купуваат доволно е да прашаат како сте што сте...ама не Па дури и маживе почнаа да не го бараат мм, се вадат на тоа дека имал работа и цело време бил зафатен околу куќата, па што ако работи можат лице барем да напраат да се јават да прашаат до кај сте, како сте.. Ама веќе изладив од тоа си се дружиме со брат ми и девер ми и доволни ми се јатрвица е ко за 5 другарки Снашка немам сеуште оти девојкава на брат ми се вработи во некоја грчка фирма и некои два месеци му рекла дека и треба пауза да одморела од се и на крај се омажи за некој грк бремена... Сето тоа во рок од 2 месеци, и што ми падна најтешко значи таа и претходно била со другиот, а тој в раце ја држеше со години одмори,зимувања.. Ја утнав темава и заминав офф топик ама барем се искажав
Јас се омажив во друг град и не знам никој освен од мм фамилијата и неговите пријатели На почеток се чувствував осамено, сега веќе не. Се навикнав. Ако ми е за шетање ,шетаме со маж. Тој ми е ко другарка. Проблем е што некако се затворив и тешко стекнувам нови пријателства. Порано не бев таква. А сега некогаш ми е мака кога ќе треба да ги поздравам комшиите во двор. Е до толку сум. А со старите другарки ,многу ретко се гледаме. Секој со обврски и во различен град сме. И така Да се искажам и јас де
Точно е откако се мажив скрос ми се смени животот. Од другарките со 2 комуницирам само, едната е со деца а другата е мома,од друштвото на маж ми само со една и тоа комшивка ми е животот ми се смени за 360 степени неможам да се препознаам, повеќе ми годи разговорот со сестрами и со некоја мајка, заради пандемијата дружење нема кога ми збореа колешките на работа не ми се веруваше дека комуникацијата ќе се сведи на нула со многу другарки сега осетив дека за се биле во право...