Пополека малце мајкички, многу сте тазе, и многу ви се "прегреани" хормоните. Кога ќе поминат години ќе сфатите дека малку преувеличано сте ги доживувале работите со пријателствата. Не очекувајте сите луѓе да се исти, не очекувајте дека логично е некој вас постојано да ви се јавува и да ве прашува како сте. Едноставно луѓето се оддалечуваат зашто моментално не водите ист животен стил, но кога ќе поминат година-две, ќе се вратите на стар колосек со дружењето. Можеби не во ист состав, некои пријателства и ќе прекинат. Но бебе не е причина вие да не се јавите и да се обидете да зграпчите слободни моменти да излезете со драгите луѓе. Факт е дека и дел од луѓето скроз ќе се оддалечат од вас бидејќи ќе водите различни животи и тие едноставно не се пронаоѓаат во вашиот животен стил. И тоа е нормално. Но сакам да кажам да не се лутите и откажувате од драгите луѓе. Кажете им дека ви значат и дека ви фали времето со нив. Јас веќе не очекувам некој да ме прашува како ми се децата. Луѓето си имаат најразлични преокупации и не очекувам дека моите деца му се поважни отколку на него што му е работата или слободното време. Разберете и од таа позиција. Лично јас имав многу пријателства. Жени едно десетина, двајца другари и уште 5-6 парови. Не се преполовија...не останаа ни третина! Од овој аспект сега да требаше да најдам време за сите нив ќе беше неизводливо!
Кај мене пандемијата влијаеше позитивно во смисла на комуникација со другарки/роднини итн. Секако, по телефон, најчесто.на камера на вибер. Тоа е така зашто јас закочив, од милион обврски и работа по цел ден наеднаш седнав дома. Неколку месеци додека бев бремена ми беше многу тешко, ми се врати анксиозноста, ама заради бебето се трудев да се изборам. За изненадување, сите заборавени другарки и роднини ми се јавуваа или јас на нив...додуша честопати јас бев таа што иницира комуникација, заради досада. Остануваме на муабетот да се видиме после пандемијата (иако знам дека нема да се најде време тогаш). За бебето ретко кој ме изостави со јавување или поклон...очигледно и другаратвото има свои успони и падови, ама ве охрабрувам некогаш и вие самите да кренете телефон и да се јавите. Знам какво е чувството на запоставеност, по цел ден сум дома со бебето, ама искрено никој не ми фали, освен слободата да одам кај сакам без страв дека ќе закачам вирус што може да го пренесам на бебуш.
Прва сум од другарките што се омажи, сега сум прва што има бебе. Мислам дека се еднакво среќни како јас. Беа вклучени во борбата да добиеме бебе, во цела бременост и откако се породив.. постојано се интересираа, ме дружеа и ме бодреа. За бебето сега добивам виртуелен ќотек ако помине ден, а тие да не видат слика Искрено премногу се плашев дека можеби ќе бидам запостсвена и постојано се трудев да не ‘замарам’ со муабети за ивф, трудноча и пораѓај.. ама не, ги интересираше и прашуваа цело време. Сега во периодов на корона еднаш неделно имаме видео дружба, како претходно што барем еднаш неделно се гледавме.. Не заборавајте дека пријателството треба да се негува од двете страни за да опстои.. ако лесно се раскинува, значи не било вистинско, а такви луѓе не ви требаат во животот.
Колку време после породување ви се регулираше холестеролот? Нели нормално е во бременост да е покачен, ама еве 2 месеци после пораѓај и уште е покачен. Сега е 5.6, а треба да е <5.2.
Здраво, се породив пред скоро 9 месеци. Циклус сеуште немам добиено сигурно поради тоа што уште дојам. Во последно време намалив многу на килажа, најверојатно поради нередовно и недобро хранење никогаш не сум ни била толку слаба како сега. Последната недела осеќам многу омалаксаност и притисокот ми е често низок. На сето тоа пак мислам дека и во стомакот ми се дешава нешто, често како да ми пулсира (а можеби тоа се празни црева или незнам). Вчера правев тест за бременост и беше негативен. Што мислите на што се должи омалаксаноста? Дали е само како резултат на наглото слабеење или органозмот се спрема да се врати во предродилна форма во смисла на циклус и хормони.
Тоа пулсирање може да е желудник имав едно време и јас такво при нагло слабеење ( не беше поврзано со пораѓај/бременост) Омалаксаност и низок притисок имам ради ниско железо и хемоглобин. Секој ден јадев рендано цвекло, внес на течности е потребно за низок притисок и крвна слика напрај си. Мора да почнеш да се храниш. Не знам која е логика да доиш а да не се храниш ти здраво. Млекото ќе си биде хранливо ама како што сум читала нездрава "џанк" храна не е баш добра ако доиш. Најдобро пиши во групата Доење за мајките што дојат да ти помогнат
6 месеци како се породив, косата три месеци веќе ужасно ми паѓа пробувам со шампони и рецепти ама не помага ништо....дали некој има сличен проблем до кога ова трае и дали воопшто се решава со нешто...крвна слика правев и е уредна.
Мајки природно породени, носевте ли мидер после породување за затегање на стомакот, и ако да, после колку време од пораѓај? Јас немам некој голем стомак но ми е таков како пача, веројатно од дијастазот, па ме интересира дали уопште помага мидер.
Бидејќи косата паѓа највеќе во есен и пролет тоа ти е причина плус што толку многу паѓа има еден шампон на афродита со лук колку толку помага и фитовал не знам дали е дозволен (ако доиш) иначе фитовалот доста помага
Јас не ама мислам сигурно бар 40те дена треба да поминат дури се врати матката во нормала да не ја стегаш а иначе заборајв да ја прашам докторкара... Ако дознаеш сигурно пиши
15 месеци породена циклус сеуште немам. Дојам бебе кога и колку сака( читај 5-6 пати сигурно и +30 пати онака за блискост). Послаба во живот не сум била, малку јадам. Немам апетит и бебе ми е многу темпераментно плус обврски. Ама тоа што го ставам во уста е исклучиво здрава храна. Плус пијам и витамини за доење. Обиди се да јадеш здрава храна. Мед, цвекло, јаткасти плодови, месо спанаќ, леќа, грав и се што содржи железо. А и направи си крвна слика. Па ако треба и суплементи за железо земи. Доењето истоштена. Барем мене. Сеуште ми паѓа. На периоди но изретчена ми е многу. И кратко ја носам И пак паѓа. Бебе 16 месеци ќе прави. Од болница докторката ми рече да си ставам. Го носев неколку недели. Веднаш ми се повлече стомакот немам ни трага од бременоста
Користев алпецин, ништо, сега го земав тој на афродита со пантенол и ставив витамини б и д внатре имаше некој таков рецепт го почнав да го користам ама не гледам промена ќе останам без коса кај и да е се тешам повеќе време да не треба да се користи штознам немам идеи веќе што да направам
Пробај и со витамини да ги пиеш имаш и капсули на фитовал можеби ќе ти помогнат ете алпецин не ти одговара пробај со овој и види