Колку дена се поминати? Јас вака крварев некои 50 дена. Крв, па жолто, па пак крв.. Се беше ок. Докторот ми кажа дека е заради тоа што родив големо бебе, треба подолг период да се врати матката.
Не е кој знае што помага за ако бебе е во раце повеќе не боли стомакот искрено али треба нон стоп да го носиш јас престанав и пак како да почна да се опушта
4 месеци откако сум породена и денес имам страшни болки долу кај јајн. Му се има ли случено ова на некој? Болките се слични на болна менстр. Инаку ми помина менстр пред една недела
Како да се решат стриите? цела бременост немав ниедна, не се мачкав искрено мислејќи дека штом до крај немам, нема ни да се појават и ете ги 3 дена пред породување؛ Не се многу ама се виолетови и страшно ме нервираат, бар да обелат؛ Чаре некое?
Дијастаз може сама да провериш, има на youtube детално како. Јас имам некои 2 прста, почнав со овие вежби. Девојката е одлична, изгледај го видеото, објаснува и како да измериш дијастаз. Башка не се тешки вежбите, по 5 мин дневно на почеток, таман како за нас буцките
Минатиот месец добив, овој не еве цела недела помина за бремена не сум со сигурност, датата за добивање ми беше ужасна со главоболка, болка како за добивање ама ништо, хормоните не ми се средени
Чудно ќе ти звучи, но дали имаш проблеми со крајници или со стрептокока? Јас години се мачев со болки прво во левото колено, па постепено во сите зглобови, за на крај да откријам дека крајниците ми прават проблем.
Не. Немам никаков проблем со крајници. Не знам со што би можело да е поврзано. Ама еве веќе долго време не ми поминува болката.
Тогаш веројатно нешто друго е, кај мене тоа беше проблемот (да не образложувам, оф топик) после неколку години мачење еден доктор се сети на ова. Направи рентген, не ми се верува да е тежина.
Неколку дена веќе на раб на избувнување, се ме нервира и смета, живци 0! Кога... 2 месеци и 10 дена по породување и на ексклузивно доење - добив.. Се надевав дека ќе ме поштеди уште некое време, уживав без замарање за циклус, влошки, и најбитно болка.. Тоа е.. 1 година раат и не е така лошо I’m back
Јас деновиве сум иста, избувнувам како пламен, помислив ако не е тироидната циклусот ќе да е. Со првата бременост и јас како членката погоре добив одма после 40 дена, сега поминаа скоро 3 месеци можно е да пристигне и кај мене. Кога сум на темата, ќе ве прашам како стоите со се*сот после пораѓај? Јас дали дека имав ризична бременост па немавме односи 9 месеци + 40 дена додека отидов на преглед да видам како е раната од царскиот и сега многу е болно. Може има влијание и тоа што постојано сум на штрек да не се разбуди беба, па синко не знам кажете вие, првиот пат не се сеќавам да било вака а исто немавме цела бременост. Може пак и хормоните уште ми се пореметени, и желбата не ми е на завидно ниво
На темата сек по читањето тука ,и епизиотомијата многу ми беше страв после 3 и пол месеци имавме ама немав болки.е сега јас сум природно а и во бременоста имавме понекогаш ,дали е до тоа или кај секој различно е не знам.
После породување проблем за имање секс прават хормоните. Не се стимулира доволно течност за подмачкување така што вагината претрпува "сувост" и затоа е болен односот. Првата година после раѓање многу често ми беше болен сексот, но затоа после тоа мислам дека се разработија жлездиве повеќе од кога бев девојка без деца
Никаква болка немам дури ни најмалце од толку пазење година дена се осеќам како се од ново да почнувам
Пробавме еднаш и имав чувство како невиност да губам. Толку болно и непријатно, ни 2 мин не траеше. Крварење имав. Веднаш се јавив на лекар, преубаво зарасната рана и внатре е се ок. Ваљда заради нееластичност и сувост сме цепнале кожичка. Бог да чува значи. Помина тоа и сега од страв не пробуваме