Јас немав никаков проблем, цела бременост до крај секс и потоа едвај чекав да помине прегледот. Ама, иако имав желба не беше баш најпријатно. Првите неколку пати шкрипеше.
Читајќи овде, очекував незнам колкава еластичност внатре. А сега се чувствував како тинејџерка, дури и чувство како да е стеснет каналот
Јас сум со царски, и иако немав некој страв од болка, сепак првиот па и вториот пат имаше некоја нелагодност. Почнавме после прегледот 5 недели по пораѓај и сега сме редовни како кога пробувавме за бебе Желба ненормална, страст ненормална, ко да сакаме да надокнадиме за цела бременост што немавме
Изи same here Исто после прегледот на 40д почнавме. Искрено поубаво него претходно а и поредовно овие денови
И јас не можев да дочекам амин од докторот, хормоните ми беа до плафон. Одма после 40 дена имавме и надохнадивме за пропуштеното во бременост
Кај ве прочитав сега за сексовиве хахаха. Ехее имам јас за чекање тек недела ипол кај сум породена, а кај се 40 дена. Ц ц ц ц. А веќе умот ми оди на тоа. Лелеј. Барем имавме секој месец секс во бременоста оти имав баш школска бременост. Инаку ќе ми да фатеше цела година апстиненција. Вака барем пред две недели имав последен пат хехе.
Леле мука ми правите јас уште никако целосно да прекинам на крварам да појдам на лекар... а хормони до плафон
Да се самоцитирам... Уште сум застаната само на памет одење и паузата уште трае. Ова за да не се секира @Alishan30 дека таа е за греота
Аууу многу, многу ми е и моето а не пак твоето. А @0ли и кај тебе не е присутна втората половина или? Ние двајца во ист кревет, ова како казна ни дојде
Здраво женски Пишувавте за оддалечување меѓу другарки и другари. Па, поделен е кругот кај мене. Во едната половина се оние на кои им текнува да ме побараат и да ги побарам. Во втората половина се оние кои не ме бараат а сум ги барала. Убаво пиша @Kitten. Сите сме со свои патеки и не секогаш се спојуваат. И онака немам голем круг на пријатели блиски баш онака. Ама се прашувам чат-пат "кај е бе другаркава да се јави да пише " Знаете она дури се излегува, дури се журките и лудувањата, супер сме, се бараме, си пишиме. Се смена сега животов, добив дете плус времево во пандемија не е баш за излегување и дојдовме до точка ич да не се побараме. Хм баш ми е чудно. Дури ми требаш, ок, а штом не сме на иста фреквенција сега, не можам да те дофатам. А ќе речеш при толку средства за комуникација. Башка, срам ми е на секое да пишувам прва во групата заедничка. Претходно имаше зафрканции, ѝ текнало на едната пишала, па другата, па смешки, сега јок. Ај можда за роденденот од син ми ќе им текне. А сега едно друго прашање, која е расположена, нека сподели тука. Често знам да се навратам на минатите спомени со сопругот. Ме грее тоа време кога бевме дечко и девојка, ама баш со љубов и нежност си го имам во срцево. Имавме и караници и перипетии напати, ама многу уживавме заедно. И сега уживаме со малиот, ама секако е поинаку. Не дека нѝ е сменет односот, исти сме, само плус обврските со мали. Ама ми фалат патувањата, заеднички појадоци, ручеци и вечери романтични, излегувања во ресторани, филмчиња и онаа убава опуштеност во врската. Си коментираме и меѓу нас колку бевме chill out, удрени на хедонизам и гастрономија Тој е малку поинаков од мене, гледа напред, а јас се фаќам како си мислам на нив - убавите настани. Јас сум повеќе носталџика, не ги пуштам лесно од мисливе случките. Знам сега дека животов се менува, добива ново темпо и среќна сум за тоа, што си имаме едно мало ѕверче, наше заедничко љубено. И така во врска сме изгустирале ептен од сѐ, па и во брак првите 3 години уживавме и веќе стварно нѝ фалеше детенце. Дали си имате во главата и вие вакви моменти на присетување и она чувство на недостигање на некои настани?
Да и тоа како ми фали таа слобода, кога безгрижно си седнувавме во кола и одевме на шетање, а сега со бебево од дома не мрдам тој сам шета со пријателите.
Уфф да, цело време Ние сме 9 години заедно, 6 во врска и 3 во брак, сега ја тераме 4тата година. Сега сме затворени дома, никаде не одиме. Да немаше корона верувам дека ќе шетавме. Всушност минатата година ова време правевме планови кај се ќе одиме со бебе. Ама ништо од тоа. Нека заврши короната, здрави живи. Бебиња ќе пораснат ќе удриме на шетање пак. Па и поголеми ќе бидат може да се остават со баби, за мама и тато да бидат малце сами