Јас почнав да вежбам дсо Јасмина девојката е екстра, гледа не исправува каде грешиме, од моја фитнес мама не сум воопшто задоволна
Оуу и тоа како фали кога се роди мали се околу него ден ноќ и од кога се преселивме почнав да доаѓам во реален свет дека ми фали време поминато со него секоја вечер се трудиме мали да заспие во нормално време барем саат два да сме сами и муабет и гушкање и се бидејќи преку ден никако не можеме да успееме мали е турбо 10 луѓе да го чуваат ќе се преморат али се тешам дека брзо ќе пројде време мали ќе порасне и ќе се вратиме на старите навики нормално кога ќе го видам мали на сабајле душата ми е исполнета особено кога ќе се насмее али сепак треба малце време и за мама и тато
А бе така е, ама не е како порано и шетањето. Мислам од аспект на спремање, немам проблем. Ама треба да го пазиш, да внимаваш, не е исто одењето на одмор. А баби и дедовци, ах, ако се расположени за чување. Плус треба да е поголемко, да, за да може да се разбере. Ако е помало лесно редот можат да го изреметат.
Треба време заедничко, чисто за да функционира семејството. Ако се заборавиме ко дечко и девојка (уште сакам со ова име да се викаме ), тогаш и бебето ќе осеќа, мама и тато не се ок... па кавги ќе се појават, нетрпение... Ех колку се гушкавме, легнувавме на софата и филмче, па прегратки милион, па винце тука, муабети на тон... Сега, не се наоѓаме за гушкање, ретко. Јас ќе му фрлам во денот еднаш, му велам што ме заборави да ме гушкаш, да се вратиме на старото.. Ех живот, како тече брзо
Ајде ќе се тешиме со тоа дека ќе потпораснат и ќе имаме повеќе време за нас кога ќе бркаат дечковци и девојки
Додека помине коронава ќе пораснат Другарка моја на 3ипол години ја остави малата со нејзините и отиде на Малдиви. Сеа не мора на Малдивите да одиме, ама за еден ручек може да се остави кај баба и дедо Само нека помине чудово, да влеземе во нормален колосек
Сееекс??? Што секс? После синко1 побрзо се вративме во шема, исто болно на почетокот, бев несигурна како прв пат да ми е ама ретко наоѓавме време за тоа. Сега со синко 2 не сум стигнала на прв преглед да отидам, работи од дома и не сме се осудиле. Т.е. јас забушавам на таа тема дека тој забушава со друго и така. Многу ама премногу ми недостига овој период. Кога бевме премногу заљубени, неоштетени, кога се чувствуваш како најубавата жена на светот Ние сме 13 скоро 14 години заедно, 8-9 години во брак од кои 5-6 се боревме да имаме дете, тоа си носи притисоци плус други проблеми и сето тоа имаше влијание уште пред синко1 да се роди. Можам да кажам дека летото кога го направивме синко1 се почувстував како пак да сме тие старите дечко и девојка. Може па и тоа упали за забременување Не е проблемот дали децата се мали или големи туку многу работи се земаат здраво за готово. Постојано треба да се работи на врската за да се вљубувате повторно и повторно еден во друг За другарките и општо за луѓето што ги снема....не сакам ни да зборам..
Мм интересни теми сте отвориле. Јас се' ставив на стенд бај и се окупирав комплетно со бебе, така што не можам да се пофалам со враќање во форма. Ми прифалуваат чатпат моментите од "во врска", патувањата, дружбите, ама сега кога фантазирам секаде и бебуш го вметнувам хаха Можеби да не беше коронава, поинаку ќе се однесував ама вака ништо друго не ме интересира... Кога е будно над него, играме, пееме, кога спие решавам дилеми на форум и читам за деца и родителствување по интернет За пријателства, оние со кои се дружевме пред корона, останаа да се слушаме и чатуваме и сега. Ама па и сите сме со бебиња или бремени. Со никого не се гледаме, ми фалат најблиските мои и од маж ми премногу, скоро година веќе како никој немаме видено. И така, си давам надеж дека до напролет ќе пројде, па ќе се вратиме во колосек сите
Мајки малку да забегам од темата, што мачкате за избелување на стрии после бременост? Ставав павловочева со ад и немав ама сега гледам на страните црвенки линии да интервенирам со време.. Тоа био оил асално е или нешто друго да препорачате колку сака нека е?
Вие што доите немањето желба е нормално За да има продукција на млеко потребно е високо ниво на естроген и други хормони и предизвикуваат сувост... Секако на секоја жена различно влијае Иначе на темата ја и мм како дечко и девојка користиме секој момент бебе кога спие до сега немаме прескокнато ден освен кога добив
Сите што имате убав и активен сексуален живот да си проќутите цела година без секс, со две деца по дома, големото последно заспива,ние пред него сме кома. Ниту услови имаме,ниту време ниту желба од преголем замор. Пред некој ден нешто почнавме,јас уште не ни соблечена тој заврши,се згазивме од смеење и во истиот момент дојде големото дете значи со две деца било хаос.
Вака ко ќе ве читам дека немате желба или време страм ми е да кажам колку имам и од еднпто и другото Имав а и сеуште имам преголема желба (не секој ден ама преку 2 најмногу), па маже еден период се чуствуваше како да го користам само за секс Иначе бебе спие в креветче па немаме гајле а и не се буди лесно можиш и да подвикниш Другава тема..Не ми фали ич времето со маже пред да имаме дете, а ко бевме дечко и девојка можи да ми потфалува некој момент, како шетање одмори, пали кола и замини е сега нема така ама можам и без тоа..
Абе другава недела одам на преглед, да добијам зелено светло и одвај чекам да се фрлам во акција Да не искочи и бебе бр.2 за брзо Си се чудам цела бременост како ми беше одбивна помислата, а сега дури почнав и да сонувам Ќе бидам малку virgin првиот пат, а?
Баш така. Со едно дете, или боље речено БЕБЕ колку било лесно! Ич не ми било гајле дали ќе не' фати на дело, кога ништо не разбира. Сега сексот ни е зајачки, мораш да завршиш работа за 5 мин рецимо во купатило, или можеби ќе ти се посреќи некоја минута подолго да трае ако спијат на пладне двете деца заедно, а и да се погодите двајцата да сте дома Ако чекаме да падне мрак и да заспијат деца... пиши ПРОПАЛО! Осеќам како бабиве и дедовциве да предосеќаат нешто, па за викенди ги зимаат еден ден едните, друг ден другите