Колку што се ширел стомак толку и ќе му треба да се врати во нормала обично со царски малце потешко се враќа и почнува од 40от ден да се враќа во нормала така да не се брзај ќе ослабеш
Не сум царски, сигурно има разлика ама откако почнав да носам мидер ми се врати по малку мускулатурата на стомакот, не ми е веќе како пивтија. Прашај доктор, мене ми дозволија да носам 2 недели после пораѓај.
Ај се мењаме јас последните 2 недели пред да се породам не се измерив, ама сега сум плус 10 од тежината што останав трудна така да многу сум покачила во 9ти. Откако сум дома, месец и пол, абе грам не сум симнала нити качила. А дојам мислев ќе почнам да слабеам ама не
Чекај ја сега веќе 3мес после пораѓај стомак неам а не носев мидер и од таму 2кг. Иначе у плус бев 10кг сега сум само 8кг Работата е што ич не ме личи ако ги изгубам овие 8 ќе бидам 50кг а сум 175
Јас сум царски, стомакот после десеттиот ден почна да ми се враќа во нормала, тогаш почна и млеко да ми надоаѓа, дотогаш немав воопшто. Не знам, дали и тоа има врска. Веќе на месец дена после пороѓај бев рамна како даска, како да не сум ни родила. Но, сега пак пуштив малку стомаче, јадам секакви глупости, кризирам за слатки работи, посебно за чоколадо, како некој наркоман сум. Денес се мерив два килограма сум плус. Си дадов рок до нова година и као после тоа нема да јадам глупости. Па да видиме
Мајки колку време после царски може да се вежба? 3 недели мене ми поминаа и веќе се осеќам одлично како да не сум родила, ама почнав повеќе да добивам апетит особено за благо и сакам после празнициве да почнам бар да трчам, дали е ок?
Не смееш 6 месеци. Без разлика што ти се осеќаш добро, на таа рана од операцијата ѝ треба убаво да зарасне за да не си направиш компликации.
Мене навистина не ми е јасно кои доктори тоа го советуваат за вежбање после 40 дена од царски рез Отсекогаш докторите советувале 40 дена да не се вежба за природно породените, 6 месеци за тие со царски. Јас искрено не би ризикувала. Имаше некои членки пишуваа дека почнале да вежбаат порано одошто треба, и се жалеа на болки во стомак, што е и нормално. Незнам зошто би се брзале.
Јас почнав да вежбам пред две три недели сегс е син ми 4+ и се осеќам супер немам никакви болки и тегоби во предел на раната и слично , но секој со свое искуство и секој организам различно заздравува исто и докторката што ме породи ми рече кога ќе се осеќам способно тогаш да почнам јас решив да почекам барем 3 месеци и така
И јас после 3 недели како нова бев и на прегледот после скоро 2 месеци докторот ми рече да вежбам кога јас ќе се осеќам спремна. Мислев дека можам, почнав ама имав страшни болки кај раната и прекинав. Дајте си време малку, секако и шансата за кила постои после секоја операција. Пешачење, јога и лесни вежби мислам дека се подобра опција.
A за природно породени од кога може да се вежба? Поминаа 40 дена бев на контрола ама ете забораив да прашам за вежбање. И дали некако вежбањето би влијаело на доењето?
Јас сум царски почнав на 3 месеци градите ми се преполнуваат и тоа правев лесни вежби, раната ма болеше сега сум скоро 7 месеци вежбам скоро месец на доењето не ми влијае
Дозволуваат докторите да се вежба благи вежби истегнување едно друго.Не збориме за кревање тегови или crossfit да вежбате.
Доењето не влиае на вежбањето ама мене напишав погоре ми забранија во Австрија трчање и скокање, бозење точак смеам ми рекоја. Не само мене, и на две цинерки кои беа природно истото им го кажаа. Според докторката таму, иско е материцата вратена на место,доколку би се десила друга бременост на брзо, а сум вежбала би било ризично. Вратена е ама не е толку опоравена за да може да се прават убаво тренинзи.
Иако ние жените имаме повеќе мотивација по природа и сме физички спремни да издржиме секаков напор, за секого е индивидуално кога смее да започне со вежбање. Еве јас сум пример, 5+ месеци поминаа и се уште се опоравувам од шиењето внатрешно, природно сум породена. Дури сега добив зелено светло од гинеколог за вежбање. Затоа тоа дека после 40 дена смее или дека после месец и пол смее се` да се прави, одложете го до првата консултација со гинеколог. Лигаментите се се` уште истегнати одреден период постпородилно, што значи поголем ризик од мускулни повреди, како и можни компликации со епизиотомија или царски рез. Исто така, откако ќе се стабилизираат хормоните, дури тогаш сврзното ткиво ги затегнува мускулите назад на своето место.