Пред овулација сум, знам дека ми е од тоа, јајникот ми ,,шета". Не ми е дека не можам да стојам, ама нервоза ми прави, како во пмс се осеќам
Извини вака малку глупо прашање, али дали си пробала да имаш баш тогаш односи Јас поради тие болки скоро секој циклус знам кога ми е овулација, дури некогаш и при само седнување имам огромна болка. Али чарето ми е се*с. Болно е на почетокот али после откако ќе се заврши се до наредниот ден ми поминуваат секои болки
7месеци по породување вчера се мери 2 кг сум помалку од што останав бремена, апетит имам страшен, вежбам 2-3 пати неделно сакам да се стегнам стомакот немам ама мек ми е како пудинг
Сега е зезнато со ковидов, инаку пливање е најдобра опција....не се оптоваруваат коски и зглобови, а зацврстуваш мускул
Цел живот имав стакло лице, без ниту една акна. Некогаш знаеше пред да добијам да се појави по некоја и толку. Бременост исто така без акни. Но еве сега после 9-10 месеци од породување имам акни на чело, ситни, цело лице тумба румба Дали е тоа што добив после 9 месеци? Некоја со слично искуство?
Пиев 2гр на ден ама не помогна баш. Го намалив со чај од бисерок и некаков опаш (мајка ми ги најде од некаде, за во иднина може ќе и се најде информацијава на некоја).
Исто сум и јас на чело и на брада пред да добијам ми излегоа, сабајлето ми излезе и на носот и на лицето две никогаш не сум имала акни, се мијам со гел од алое и им ставам коректор да ги исушам
Мајки, кои ви беа симптомите за добивање циклус првпат после пораѓај? Дали се вообичаени или е нешто сменето.. Деновиве се чувствувам некако чудно, имам некои болки во јајници и половината па си мислам да не ми доаѓа. Пред шест месеци сум породена природно и дојам..
@mKdevojce Кај мене тотално се смени, од преболни циклуси сега ништо воопшто не осеќам кога ќе ми дојди. После 2 месеци од царски добив, само 1 месец доев. Дали имала некока слично искуство? Пред да се породам имав страшни менструални болки, сега ништо не осеќам.
И јас исто - преболни циклуси претходно, сега додека не видам нема да знам дека сум добила. Ама затоа овулациите ме кинат.. 2-3 дена ужасна болка.. барем првиве две пошто толку пати и добив, бебе е 3 ипол месеци и иако дојам, си добив после 2 месеци
Исто и кај мене, вообичаеното, односно она што наброја и ти. Ми дојде сега прв пат, после 5 и пол месеци. И јас дојам. Беше со нормален тек како и претходно, а дали ќе биде редовно ќе видиме наредните месеци.
Мајки, прашањево се однесува на тие што се породиле со царски рез. Се породив пред скоро 2 год. Сега скоро почнав да вежбам пак, не инвазивни вежби.. лабаво додека ми се навикне телото. Ама многу ме боли стомак кај раната. Нормално ли е од царскиот или треба да посетам лекар? На преглед бев пред месец дена, се беше во ред.
Може да те боли зошто сепак бил сечен тој мускул а не си го вежбала тој дел долго време и си се пзела дај му време и види како ќе биде
Јас не осетив ништо, претходно имав и болки и крварев многу сега ништо од тоа може и дека дојам е така сега за сега