Пред бременост имав бемки, кај поголеми ,кај помали,на одредени делови од телото. Откако се породив , во последиов период ги забележувам се повеќе бемки по грбот и стомакот. Дали може да се направи нешто да престанат да излегуваат нови,треба ли да посетам дерматолог,дали е нормална појава по породување?
Подобро посети дерматолог можеби и не е загрижувачки. Сигурна си дека нови искачаат да не ги приметуваш сега тек па да мислиш дека нови искачаат?
Кај мене исто. Почнаа нови бемки да ми излегуваат уште кога почнав со ин витрата, па во бременоста уште повеќе се зголемија.
Исто и кај мене се зголемија бемките, но јас сум склона кон бемки, ги имам горено и хируршки вадено и пак нови ми се појавуваат. Но откако се породив уште повеќе ми се појавија.
Нормално е. Кај повеќето жени се случува. Ако некои од нив ти се сомнителни, провери ги на дерматолог.
Ситни мали точки се, од претходно имам поголеми така да овие новиве не ме загрижуваат. Само се загледав вчера и си викам како тргнале како далматинец ќе ме ишараат Дали се случува ова поради хормоните?
Најверојатно. Во принцип не се страшни, само не изгледаат убаво. Јас имам големи бемки после втората бременост, мала имав само една, ја извадив оти беше суспектна на карцином и се потврди дијагнозата. А другите се во ред.
Вчера прв пат се собравме со друштвото за стара нова г. Ги немав видено од кога бев 8 ми месец бремена (а бебчо е 6 и пол сега). Колку ли само бев среќна. Додека бебчо спиеше си се средив на раат, до скоро доев и несакав да се мачкам со никакви лосиони за тело. Леле вчера туширана,си се наплескав од Викторија Сикрет млеко, се нашминкав на раат,со вештачки трепки,гардеробата чекаше само пригода кога да ја облечам. На пораѓај бев со 11+,излегов од болница со 7-8 ( незнам како кога бебе беше 3) и до пред месец и пол недржев диета поради млекото,кркав можеби повеќе и од кога бев бремена. Овој месец и пол гладувам,неможам да лажам и затоа имам резултати. Имам уште 2-3 кила (до душа сестра ми ми вика за тие највеќе ќе се изнамачиш). И да се навратам на тоа што ви го раскажав на почеток. Сите беа изненадени од тоа како изгледам. Многу ми беше убаво на душата. Мм горд, кога си дојде дома од работа за да се спреми и да излеземе ми вика: - Уауууу женче! (сега пишувам и се ќезам од среќа,уста насмеана од уше до уше). Поради коронава само дома и дома,пиџами и ништо више. Мора полека да се враќам во живот, вчера се осеќав како друг човек. Поздрав и извинете што толку мн се испоприкажав.
Не ти се намали млекото од диетата? Јас почнав деновиве да не јадам тестенини само тонус, и благо исфрлив. Одма осеќам дека ми е намалено млекото. Нз како да направам сакам да ослабам 4 кг, толку сум во + од пред бременост. Едит: Сега читам дека си престанала со доење . Да си почекам за "уау женче" или има начин да се слабее за време на доење?
Доењето е баш добро за слабеење,троши околу 500кал дневно.Е сега ако внесеш 3000 нема да има ефект Јас не јадам нешто многу,иако дојам,кнап сум со време,а благо речи си секој ден каснувам по малце.Имам 4-5 кг помалце од пред бременост.
За бемкиве леле муабет не ми се прави. Значи вратот ми е лом. Секој ден нова бемка мислам... Кога ќе се погледнам во огледало како небањата сум дури и флеки имам. Ако после порагај уште излегуваат незнам кај ќе ми биде крајот
Браво за тебе . Јас нормално јадам ама неможам да ги симнам дека немам физичка активност најверојатно. Сега исфрлив тестенини и одма млекото ми се намали. Со доење се трошат од 200 до 500 калории.
Мајки точно на 5 месеци од породување добив немав некои болки ни претходно не сум имала а баш крварам претходно само прв ден па и тоа не беше обилно и 3 дена и толку а сега 3 ден баш обилно крварење дали е кај сите така?
Кај мене второто добивање од пораѓај беше исто како твоево скоро 10 дена се фатија додека се исчисти и тоа на бришење што имав додека да заврши ми дојде време за овулација раат да не си
Јас добов пред четири дена, шест месеци после пораѓај. Исто е и кај мене, пообилно од вообичаен циклус.
Жени, јас изгледа добивам или добив, сакам да разменам искуство. Имам само по неколку капки на ден и тоа не е свежа крв. Нормално е ова?
Јас веќе 1 месец не јадам тестенини, благо, скроз сменив начин на исхрана, ослабев 4 кила ама млеко нормално имам. Јадам овес доста и сок од јаболко и мислам тоа стимулира.
Денес 10 ти ден од породување и веќе ми престанало крварење. Ау какво олеснување Туку јас мака мачам со градиве. Вчера треска тт, не измолзување не зелка ништо не помогна. Денес гледам пак исто ќе биде. Цела десна страна ми е укочена. Пијам ибубруфен смирува но пак..Совет?
Никако не чекај со треска. Масажа на гради под топол туш, испипај се и под пазуви, многу е веројатно да имаш грутки, затнати каналчиња, треба да ги третираш итно со топли облоги и измолзување. Ставај бебе на града почесто и прави компресии додека цица. Гледај да има правилен фат додека се доите.