Јас вчера како што бев на контрола, раната е супер на ехо сѐ внатре супер. Па чудно ми падна кога ми рече дека за два месеци можам пак да забременам ако сакам??? Па нели со царски до 2 години не смееш? За секс не знам кога може да се има пак, не го прашав ми беше срам Само ми понуди спирала и апчиња за против бременост. Ги земав апчињата, тие биле специјални и за доилки. Па фатив да го зезам, ааа му викам ми рече 3 кила бебче а, ама скоро 5 кила испадна. Да ми рече имаше голем стомак, не се знаеше колку е точно, ама стомакот ти беше во ризична зона и не ти кажавме да не се плашиш... Оф леле да си во ризик а да не знаеш... За следното бебче ако е големко има се да знам..
Царски и после 2 месеци трудна?? Апсолутно не! 2 години се препораките, инаку е ризично. Јас имав мал пролапс на ректум после породување и гинекологот ми препорача да почекам за 2 дете до 2 години, а замисли царски
Сигурно докторот не би ја ставил во ризик ако не е во рред тоа. За некои викаат 6 за некои 2 години,а и некои и после 5 години може ризик да и биде.Секако и да остане бремена ќе се консултира со повеќе лекари
Дали некоја пие контрацептивни таблети додека дои? Што мислите за тоа? Вчера бев на контрола, бидејќи првиот пат кога бев после пораѓај, лошо бил земен и материјал за ПАП брис, па наново ме повикаа. Ехо наново ми направи се е ок после 2 месеци од пораѓај. Зема наново брис за ПАП. И ми вели сакаа спирала или контрацепција? Се мислев велам не знам ,јас искрено за ниту едно од тоа не сум. Ми вели дај јас ќе ти препишам таблети безбедни се и ако доиш(а дојам) па размисли си дали ќе ги пиеш. И сега не Знам, ги имам рецептите за 3 месеци ама не знам дали да ги купам и користам. Совет
Јас планирам откако ке завршам со доење. 18 месеци дојам уште неколку и тогаш ке почнам. Лесно останав бремена, па таблети дефинитивно земам, кондом не, спирала може да се измести и езива ми е.
За секој индивидуално кажуваат, мене докторката на контролата ми рече дека можам и после 1 година пак да останам бремена. Се зависи и кој како поминал имам другарка нема ни година разлика помеѓу двата царски па ништо не и фали
А зошто контрацептиви ако не е тајна? Превентивно или заради некој проблем? Јас дојам, а треба да почнам со терапија заради пцос и во државна ништо конкретно не ми кажаа ама ми рекоа да си одам кај мојот гинеколог дека дојам. Пиев Јасмин, а содржи естроген и не ми паѓа на памет да пијам без разлика дали е безбедно или не.
Што е ова со папот и мене ме повикаа, малку материјал било земено, се мислам да не има нешто па да ме викаат пак за сигурно. А колку ми е грозно земањето пап
Не е никаква тајна, според гинекологот ради превенција, инаку немам апсолутно никаков проблем. Во смислам убаво било да сум ги попиела некое време оти ме праша дали за скоро сакаме или планираме бременост, и кажав дека во следниве година ипол 2 не. Во таа смисла. Демек јас ќе ти ги препишам па сакаш земај сакаш не. Инаку пред тоа жената убаво ми објасни дека се работи за прогестеронски таблети, наменети за доилки. И принцот на делување ми го објасна. Да не должам овде сега. Па сакав искуство некоја и совет да сподели. Искрено на два ума сум.
А ти кажа кои контрацептиви се безбедни? Очајно ми треба терапија ама малиов не ми личи дека ќе се одбива за скоро време или јас немам доволно храброст. Ќе одам и јас на гинеколог, ќе прашам и ќе споделам искуство.
Искрено и јас после повикот тоа и го помислив. Отидов некако со страв. Ми делуваше дека искрено ради недостаток на материјал ме повика. Па за месец дена ќе видиме на сигурно дали има нешто или не.
@Happyinlove а дали ги пиеш или не? Баш и мене ми објасна дека се безбедни во доенечки период. Се викале мини пилули,ама се пиеле секој ден во исто време, размах меѓу нив не смеело да е над 24ч. И јас со две дете "изгубена" ако решам да ги пијам со аларм на мобилен мора.
Да, овие ми ги препиша, прогестеронски, без естроген во нив, безбедни при доење. Пс- не знам дали ги има во Мк. Инаку ако ги нема, сигурно и таму има прогестеронски некои. Прашај со гинеколог.
Не сум ги земала од таа причина ке заборавам да се напијам.... се мислам спирала и мирно море. Немам околу мене со искуства за да знан доколку се одлучам за 3то дали само одиш ја вадиш и то е то
Мајки здраво, поминати се 3 месеци од пораѓај (пораѓајот беше царски) по консултација со матичниот гинеколог почнав со некои благи вежби полека без да го оптеретувам телото. Сакав да си уплатам антицелулитни масажи па сакав да се консултирам зошто во пакетите има и пресо терапии, радиофрекфекции, ултразвучни кавитации дали смеам сега тоа да правам бидејќи се доиме да не има некој негативен ефект или да одам само на масажа и мадеро терапија.
Можно е циклус да касни ради доењево? Ми дојде минатиот месец ама ептен малку и 3 дена траеше што не ми е вообичањно, а месецов веќе гледам 10 дена касни го нема... Ќе купам тест не би требало да има нешто ама чудно ми е, а имам болки и исцедок ко во овулација да сум
Од сето ова погоре кажано, додека доиш, ништо. Само вежби и пешачење. Масажи, кавитации, мадеро... Сето тоа кога ќе прекинеш со доење.