Јас пишав и тука, неколку дена по една капка и толку. Не знам дали беше менструација или што, ама кога се јавив ми рекоа „штом нема болки е океј, дојди ако имаш обилни крварења, болки и температура и гледај колку долго ќе трае“. Крварењето траеше 5 дена ми се чини и престана. Ми кажаа дека додека доиш, хормоните не ти се средени и менструацијата може да биде чудна и нередовна.
Исто и јас добив после 4ипол месеци. Еден месец ми беше ок, па после наредното после 40дена ми дојде. Дури тест правев од паники. И еве сега 35ти ден уште немам добиено. Хормоните се чудна ствар
Јас добив после 6 месеци кога веќе имаше оброк, па почна да намалува со цицање. Седмиот месец ми скокна и од тогаш добивам редовно ама преобилно. Како се намалува со доење, така ќе се нормализира ама исклучоци си постојат.
Добив точно после 4 месеци од породување, не ми доцнеше ниту еднаш додека доев, редовна ми беше. Ми беше само пообилна со денови, а како малиот се одбиваше од цицање, така обилноста се среди и си се врати по старо ден-два обилна и после намалува.
Можно ли е 7 недели после царски да добијам период? Крварев еден месец и денес гледам крварам пак ама ми изгледа на период..
Да, скоро 2 месеци од царски добив. Многу беше обилно, накај 8 дена ми траеше, но за првпат да немам болки.
Јас имам скроз слаби болки, ама чудно ми е зошто сеуште дојам/се измолзувам. Млекото нема да ми прекине нели?
Исто бев после првиот пораѓај. Добив циклус една недела после 40 дена, кај мене не влијаеше ништо на млекото, имав многу само малото не беше голем цицач.
Еве јас добив после 2ипол месеци од царски и ми е преобилна, неможам бебево да го држам потоп се правам плус ме искина кичма и стомак
Јас после царски добив на 4 месец т.е во декември на 10, во јануари добив на 13ти и многу малку имав два дена само,а еве сега е 22 уште немам не знам зошто така. Иначе многу малку цица бебе на АД е на цице колку да се залажува. Нервозна сум многу периодот се ме нервира и смета.
Ај мислам тука е најсоодветно да пишам. Ја имам онаа темна линија по вертикала на стомак, знам тоа исчезнува со време, но вчера приметив и папокот дека ми е доста темен. Линијата беше видлива и додека бев трудна ама папокот ми беше нормална боја тогаш... Се чисти и тоа некогаш?
Кога @Sofi.ja кога ? 6 месеци по пораѓај уште ја имам и папокот ми е црн. Некни ме фати нервата море триење,море хидроген ставив ништо си стојат.
Да не не хахаха Ептен ја мразам варикината инакуу Се шалам опасна е Ама ич не ја сакам ,ај линијата ако него такво имам и на препоните ,пишав еднаш овде