Нема ни да приметиш кога ќе помине Јас после пораѓај го забележав папокот и страшно ме нервираше,триев,копав и џабе. Го заборавив некое време ,не го гледав ,по некој месец ми текна -проверив се вратил у нормала
Јас почнав да користам Био Оил набрзо по породувањето и ми избледна. Папокот дури можам да кажам со прво нанесување избледна, а линеа ниграта ептен малку се познава, 7 месеци веќе.
Сега кренав маица да видам, стои ееептен бледа линија, 9 и пол месеци има откако се породив. Ќе ја снема, не ја ни забележувам. Што толку и' се запна?
И јас добив циклус, после нецели 3 месеци од природен пораѓај (не е фер, мислев подолго ќе сум релакс од влошки и тампони, дека дојам ексклузивно ама ете....). Пак "опасна" бе до датумот го запазила, последно имав 24 февруари 2020 хахаха. Инаку Линеа негра кај мене избледеа скоро 70%.
Добра си ти. Јас добив на 42 ден, и од тогаш редовно на 25 дена. Ден не закаснува И јас многу сакав да се одморам од влошки, ама тоа е
Значи сепак сум била малку релакс. Хехе. Знаеш како, дека со првото дете доев само 1ипол месец во комбинација со да од 5ден, па на АД се префрливме добив на 2ипол месеци. Ама сега дека исклучиво на доење сме со бебушка мислев дека раат ќе сум барем уште некој месец. Ама кога бев на контрола матичната ми кажа ти за скоро ќе добиеш верувај. Јас си помислив од кај па може да се види тоа на ехо, и бев скептична. Ама ете вистина жената одлично видела. Инаку дали кога доби првиот пат бебчето ти беше малку нервозно заради она дека рефлексот за испуштање млеко, бебето повеќе треба да влече да За се спушти млекце? Кај мене веќе два дена бебчево нервозно цица.
Не приметив таква работа, но велат кога се има циклус, тие денови се намалува млекото. Можеби затоа нервозно цица.
Да ,јас добив на 45 дена од пораѓај , ексклузивно доење . Тие денови нервозно цицаше .... Хормонот што го отпушта млекото помалку се лачел тогаш. Б6 или чај за доилки може да помогне ,јас чај обавезно пијам тие дена. Не знам ,ме нервира Ај ќе пробам да ја игнорирам
Мајки да ве прсшам откако прв пат ќе добиете после породување дали се враќа во нормала мензис секој месец да доаѓа?
Мене секој месец ми доаѓа до сега (веќе 4 месеци), со тоа што ми варираат деновите, некогаш порано, некогаш подоцна добивам.
Можеби моево прашање не е соодветно за оваа тема ама ако знае некоја феминка од искуство да ми каже.. Пред 2 ноќи во 3 ипол сабајле од сон се разбудив со страшни болки доле во абдомемот или јајници незнам што беше се до анусот болки абе се превртував ќе викнев хитна ама малото неможев да го оставам мм ми даде кетонал 5 и малку ми беше па се напив уште 5мг и после 15мин се смируваше болката и на крај заспав. Многу чудно беше, со оглед на тоа што бев на гин и се ми е во ред и ехо и вагинално? Дали тоа е знак дека добивам?? И што е најчудно уште ја осеќам болката што ја претрпев тоа чувство не се заборава, господ да чува од нигде никаде
Само јас немам добиено уште Мене гиникологот ми рече да чекам да добијам за да одам за пап и брисеви. Ама ова тој што ме пораѓаше. Што мислите да одам ли сега иако немам добиено?
Мене мојот гинеколог ми рече дека најкасно до 6 месеци од пораѓај да одам а ништо не спомна за добиено. @IJAE не чекај искуства оди си на лекар... Најубо