Кога прв пат отидовте за брисеви и пап? Само си избегам уште не сум спремна за тоа железото ми се плаче од помислата претходно не ми беше толку страв ама уште ми е се "свежо"во глава
После 2 месеца од пораѓај јас бев. Воопшто не го ни осетив спекулумот, а и најмал спекулум употреби гинекологот, баш гледав колкава големина ќе земе. И јас како тебе имав фобија од тоа, дека во Мк кога бев за брисеви леле жено златна кога зема спекулум голем умрев од болка, дури и ме раскрвари, тогаш само брисеви правев во прва бременост беше тоа. И сега кога бев овде со страв отидов мислев истото ќе го доживеам.
И јас уште немам отидњно и паника ме фака веќе три месеци од пораѓај и добив прво одма после 40 дена и сеа пред две недели ептен обилно
50-от ден бев. Ми направи ехо вагинално и на стомак, и ПАП. Брисеви не. Железото секогаш ми е болно, така да те сфаќам, но подобро заврши си побрзо, секако мора да одиш
Јас кога бев 50 дена после пораѓај само на ехо ме виде, а за пап ми рече дојди кога ќе бидеш спремна околу 6 месеци после пораѓај. Јас уште не сум била Цело време си викам ај наредна недела и никако да одам, од немарност не од страв. Каков страв жени што ви е, бебиња сте родиле сега од еден спекулум страв.
3 месеци по пораѓај. Тука почнаа да користат пластични препарати за преглед, освен тоа се нежни, а и им давам до знаење дека претрпев траума, да бидат екстремно пажливи. Последниот преглед не го сетив.
После 40 дена отидов. Уште во болница ти кажуваат после 6 недели преглед на гинеколог. Тоа е нормално за да се види дали се вратила матката на место. Брисеви се зимаат. Нормално не е најпријатно чувство ама па затвори очи и терај. Не се во животот е пријатно но се мора. Ова за мене се најнормални работи. И преглед на забар за мене е мачење во смисол што може да ми рече или да се поправа нешто ама пак ќе речам. Што се мора се мора. Извини што баш тебе те цитирам. Сакав да дадам одговор дека преглед е после 6 недели од пород.
Веќе двапати бев Првиот пат бебето веќе 4 месеци од што бев ептен стегната докторката ме виде исплашена мислиш прв пат се качувам на столот па она набрзина и не зела доволно материјал. Сега си добив уште едно бркање , бидејќи првиот ПАП не го прочитале, сега убаво си изгреба докторката да не се враќам и трет пат.
Да, првиот преглед е после 6 недели, но често е само ехо да се види како е матката. Кај што се породив ми рекоа пап и брисеви после 6 месеци. Матичната се согласува и не гледа причина порано од тоа да се прави.
Мислев на нормални брисеви и пап редовни што се 1 годишно.ехото го правев и јас после 40 дена а за пап никој ништо не ми кажал кога да правам
Пап правев после 2 циклуси или 14 м после пораѓај. Ама претходно бев 3-4 пати на ехо и кај матичниот и кај др што ме породи. Кај др што ме породи не го не чувствувам железото ама кај матичниот светци гледам. Еве сега во вторава бременост 2 дена после брис крварев. Ми се темни од помислата дека на скоро ќе треба втори брисеви да правам. Така да мн е и до раката на докторот.