1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање во форма по породувањето

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 26 октомври 2012.

  1. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.204
    Пол:
    Женски
    Мојов гинеколог не ме брзаше, плус близок другар ни е, да постоеше итност сигурно ќе ми кажеше.
    Прв преглед со ехо после 40 дена направив, но без спекулуми и вагинално ехо. Папот го правев после 9-10 месеци, и ми се фаќаше речиси 2 години по последниот пап.
     
    На eta и Milkiway им се допаѓа ова.
  2. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.887
    Мене и во бременоста ми направи пап јас не сакав бидејќи и самата рече тој е површински и не е баш релевантен но таа инсистираше, инаку да и до раката е или искуството порано одев кај др Ложанковски воопшто не осеќав кога го правеше папот или брисеви кај него најбезболно поминував.
     
  3. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    9.305
    Пол:
    Женски
    И мене ми кажа Др кога бев на контролата после 40 дена по пораѓај, зс пап и брисеви после 6месеци.
     
    На Milkiway и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  4. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    Тие што сте царски породени, кога почнавте да носите мидер, и дали има ефект?
     
    На BabyD0ll му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Никогаш, ми беше страв ама стомакот ми се врати природно на место, само скроз малце стомаче ми остана, ама имам од тие гаќите што затегнуваат ако одам некаде понекогаш ги облакам.
     
    На Izzy_0504, Fatalnata и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  6. Elena878

    Elena878 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    Еднаш облеков мидер и ме фати сафра, и вака и така ми се врати стомакот во нормала после месец :)
     
    На Izzy_0504, Bravenewmama и mila89 им се допаѓа ова.
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.504
    Една недела после пораѓај али по 12 саати на ден само за спиење го вадев и се осеќав како да ме тепал некој.Ако мислиш дека ќе ти го стегне како предходно што бил нема шанси барем не одма после пораѓај :)
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    8 дена после породување имам малку стомак, 90% ми се повлече ама пак сум како издишана. За зацвррување дали помага мидерот
     
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Ако не си вежбала претходно нема шанси да ти зацврсти стомакот сам од себе особено не толку рано. Мене формата на телото ми се смени. Можеш за неколку месеци да почнеш прво со јога, па после стомачни вежби. Мидер искрено не знам зашто се носи и што може да се постигне освен неприродно да се врати стомакот.
     
    На Chuchanov, Осе, thelittle17 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    9.305
    Пол:
    Женски
    Првите 2 недели не носев мидер и стомакот ми беше како пивтија. Ептен мек на допир, како престасано тесто. После кога ставив одма некако се стегна. Не дека го изгубив стомакот, ама ваљда се зацврсти мускулатурата колку-толку. Дали има врска мидерот не знам, ама докторката ја прашав и ми дозволи, ми рече и пожелно дека е за да се досичисти лохијата после породувањето.
     
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Па можеби затоа не знам, не памтам мене кога ми се повлече ама мислам првите 2 месеци. Веројатно има улога и дали е природно или царски. Мене многу чуден ми е, не ми е целиот заоблен туку само еден круг на средина ми е испапчен, нешто како на втората слика.
    Screenshot_20210320_234820_com.android.chrome.jpg

    Почнав да вежбам за да ги стопам тие масти, па веројатно ќе го израмнам.
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.504
    Најтешкиот дел за слабеење долен стомак и колкови. И во право си за формата и мене ми се измени али малку :) . Ретко е тоа да се има исто тело како предходно треба ептен стегнат да си бил и плус да имаш вежбано во бременост. Се се оправа со храна и вежбање али треба упорност
     
    На Осе и Jana06 им се допаѓа ова.
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Во право си, јас плус си накалемив сало во првата половина од бременост кога ми се гадеше и така мртва гладна ќе најдев нешто што можам да го јадам и не прекинував додека не се најадам. Ама дека стомакот си раснеше и не приметував дека се дебелеам во тој дел. Тоа е, ќе слабееме сега :D
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  14. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Кога отидовте на прва контрола кај гинеколог?
    Иначе, јас скоро ич немам стомак, ама но пред бременост не сум имала, вежбав ама сега нема шанси додека не се испраксираме со бебе. За мидер не знам дали да носам, мене бутовите и колковите ми се малце така поголемки останати, некои такви мидери дали има и за надоле, или џабе ми се? Хаха.
    Тукуз да ве прашам за раната, природно дека сум породена, еве 8 дена ми помина веќе не ме боли и кога одам, ама конци ми немаат паднато, не сум приметила, кога ќе почнат да паѓаат? Или зависи и тоа..
     
  15. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    На прва контрола отидов после 40 дена. Така ми беше кажано од болница.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.860
    Допаѓања:
    95.472
    Пол:
    Женски
    По 6 недели.Ми правеа комплет преглед,пап,ехо и гради.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    За мидер ,тетка ми после царски ставила ,тогаш и изгледало ок ама после втората бременост пак ставила и и се вратил како издишан балон ,буквално така и изгледа...и од страв не ни помислив на мидер...
    Сега имам исто како на @Jana06 стомак... и моментално ништо не превземам ,немам време. За формата на телото и мене ми се смени не мислев дека е можно колкови на 27 години да се рашират ама ете можело. Ги знаете оние сукните со од страна ко уши ,е така ми се направени. И знам дека нема чаре то е ....
    На отпусното ми пишувашее на 14 дена прва контрола ,јас отидов на 21. После бев пак на 5.5 месеци ,вагинално ехо и ПАП.
    Конците реално не а да ги видиш ,освен ептен на тоалетна да се погоди. Само подврзокот го видов на околу 14-15 ден не се сеќавам точно. Ама ми се воспали мене со виоплекс ја средив.
     
    На thelittle17 и Jana06 им се допаѓа ова.
  18. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Те болеше?
    Јас се уште крварам, и да отидам сега на гинеколог не може да ме види ниту пап да ми напраи, ниту брисеви. А во отпусната листа ми пишува за две недели да одам, заради покачен притисок, и за пораѓајот ми се качи, и после тоа во соба ми мереа неколку пати, беше висок, и затоа и така пишаа. И не знам што да правам се уште.
    Раната скроз престана да ме боли, скоро ич не ме боли, после 9 дена еве, јас не сум се ни видела, а не сакам ни многу да се допирам, ептен ми е страв, се бањам на брзинка дури.:rofl:
    Конци немам приметено, а не знаев ни дали треба да приметам, па да прашам.|(|(
     
  19. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Да си одиш ,нема сега да те прегледува вагинални туку абдоменски со ехо. Па ќе ти каже за колку време вагинално. Јас до 14 ти ден не можев да седнам буквално а конци исто не видов само тој подврзокот на 14-15 ден кажав :). Овој преглед уствари гледаат и дали постелката е сосем исчистена + насоки за притисокот ако ти даде :)
     
    На Jana06 и thelittle17 им се допаѓа ова.
  20. martty06

    martty06 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    1.730
    Пол:
    Женски
    34 дена после пораѓај, конците уште се тука и имам болки како затегање на нивно место. Јас повеќе сум внатрешно шиена и многу ми е страв од преглед, не се осеќам спремна ни за пап ни за ништо, а би требало да одам наредна недела. Некоја била во слична ситуација?