Striite mnogu mi izblednea, ne mi se poznavaat veke tolku mnogu. Mozebi ako pocnam da vezbam i go zategnam stomakot ke gi snema.
Јас купив справа за стомачни и се фрлив полека на работа Стриите и кај мене едвај се познаваат што дури и ме чуди.За задникот употребувам крема за целулит во комбинација со масажер.И мидер за затегнување на стомакот носам и тој полека се враќа во старата форма. уште да имав време за трчање топ ке беше
Е нема логика ( да си се пожалам): се хранам здраво, не вечерам, ручек без леб, благо сведено на минимум, грицки ако ме фати криза - интегрални, макробиотски, сокови не пијам никакви и нон стоп истата килажа ја имам. Сакам барем три- четири кг да симнам....( вишокот). Хелп
Jaс дури 3 години после породувањето успеав да ги симнам вишок килограмите од бременоста. Останав бремена со 62-63 кг., пред да се породам бев неверојатни 84 кг. , а после 3-4 дена од породувањето, кога се вратив дома се мерев и бев 72 кг. Имав патолошка бременост, слабо се движев и килограмите си се трупаа. Колку неуспешни обиди за држење на диета имав. Се' додека не ја пробав УН- диетата и успеав да намалам 7-8 кг. После тоа со внимавање на исхраната (не претерано) намалив уште 5-6 кг. и сега сум 4-5 кг. помалку во однос пред да останам бремена. Дури почнаа да ме критикуваат дека сум била слаба
еве без малку една година од втората бременост поминува .со килажа сум скоро на старо уште кило две кои и не мора да ги симнувам ама STOMAKOT е тоа ми е болна точка.ко да сум 5ти месец трудна.кожа виси,стрии околу папокот(кои може и ке исчезнат) .мора да се вежба!
Јас во врска со ова имам лоша и добра вест... Лошата е што имам стрии на: бутките,градите и "спољерите" - добра вест е имам бел тен и тие се бели па не се познава многу И уште една добра вест...се вратив на старата килажа Пред бременост 63 а сега 64
се поправив 15кг,од болница излегов со 12 помалку. со доеето и непрестаната грижа кон моето активно бебуле-читај живец и тие 3 ги снема. немам стрии ни на нозе ни на стомак. ленеа негра ми се познава уште малку,па по тоа може да ме сетат дека сум родила.
ајде јас да си се пожалам значи не се здебелив многу за време на бременост некои си 12, 13 кила се на се, после породувањето симнав 7 , до сега успеав три кила да симнам, со целодневна активност и презафатеност те трчање околу бебуш, навечер обавезно пешачиме, јадење после 7 не, и пак си имам килажа за симнување, најстрашно ми е што овие 3 кила плус и не звучат многу но телото како да ми се има растегнато и проширено, и порано сум била пример со иста килажа но сум изгледала послаба од сега (се приметува и по облеката која неможам да ја вотнам сега ), али тоа е не е лесно да се истуркаат 9 месеци бременост па и породување, доење и слично...... очигледно треба многу вежбање за мускулите да си се вратат на свое место
Вистина. Завчера гледав едни панталони со еластин беа и се чудев дали да ги земам и продавачката ми вика: еее па три кг не менуваат број? Може за некој ама кај мене да. Се уште не можам да влезам во старите алишта. Ќе треба вежбање а па периодов родендени, веридби, а бе се само со прекрасни јадења. Скршнав од мојот режим, ај че биде, ќе ослабиме.
Срцки супер сте,ако добро се сеќавам скоро се породивте Јас одма од пораѓај симнав 10кг, со вежби и диети уште 4кг овие последно 2-3 со судни маки Поголема тежина полесно се симнува,а помала многу потешко ама со упорност ќе биде Јас сум 1 кг од предходно,ме собира предходната облека ама не е тоа-тоа Вистина е и тоа кг да го симнам дека пак нема да бидам "старата"јас Се мислам тоа 1 килце ми е во мешот Како и да е мајки сме...Не го трампам мешот за ништо на свет,ме потсетува колку сум среќна И како да изгледам во очите на моето дете ќе цитирам : ти си најубавата мајка на свет Поздрав
Јас едноставно неможам да се гледам во огледало Качив 20 кг цо бременоста ... Откога се породив симнав само 10 кг А овие другите 10 си стојат .. И никако да ги симнам Предходните алишта ме собираат ама не е тоа тоа...( салцето исппаднато од страната ) Незз до кога да Чекам па да почнам со диета. А малава ја доам и цекам барем неколку месеци да поминат ,па после на вежбање и диети
Зошто да чекаш за вежбање? Јас еден месец откако се породив бев на гинеколог и прашав дали може да правам вежби (особено стомачни) и кога ми дадоа злено светло веднаш почнав. Оттогаш секој ден вежбам, нормално, во домашни услови сега за сега. Јас качив 18 кг во бременоста, на породување симнав 7-8, а сега имам некои 3-4 кила вишок, ама тоа мислам дека е заради градите- сепак доиме. Диета не планирам да држам, само здрава исхрана (е сега си поткаснувам благичко одвреме-навреме)
Ај up date малку уште 2 кг имам да симнам за да бидам на тежината пред забременување ама пожелно е и плус уште 2 кг да симнам