Мене од 3 и пол месеци почна, но не ми испопаѓа нешто многу, очекував баш паѓање читајќи тука, но си остана густа како во бременост. Повеќе коса имам отколку пред бременост.
Тој е најтешкиот дел за слабеење со тек на време ќе се врати во нормала обично викаат 9 месеци се враќа стомакот назад.За поинтензивни почекај бар до 6ти месец колку и да е се океј.
Има 5 дена како ме боли кичмата, не знам дали е од тежина што го кревам бебуш или па од пораѓајот нешто ми е изместено, ма да родив со царски рез. Вака на сабајле не можам да застанам на нозе, после ко ќе почнам да се движам подобро ми е. Најмногу ме боли во долниот дел кај бубрезите. Мислам дека не е од епидуралната или може од тоа е? Денес патронажната ми доаѓа па ќе ја прашам, ама реков да напишам тука да не има некој слично искуство.
Олабавени ти се мускулите магнезиум би ти помогнало (директ најубаво) и ако си во можност грбните стомачни да ги вежбаш да си го зајакнеш тој дел.И мене ме боли и тоа на стомак на десна страна да спијам после 5 минути не можам да се поместам,а не пак да станам.Сега почнав со вежбање па малце по океј ми е
Дали ви е редовен циклусот после пораѓај? Пред бременост ми беше редовен на 26 дена откако се породив на 24 дена добивав овок месец 4 дена касни ( бременост не е 100% користевме заштита) се плашам да не е нешто поозбилно? Во живот не ми каснало освен трудна кога останав Одозгора изнастинав и не можан да мрднам до лекар
Откако с епородив ми доаѓа стално различно 26-33 дена. Крај неможам да најдам првиот пат кога ми дојде покасно бев во паники хаха сега не се замарам. А пред тоа ми доаѓаше на 26 дена.
Редовна ми е и ич ме ми каснела досега, седумпати добив после породување. Може да е моментално и да се среди. И настинката може да има влијание. Пиеш нешто антибиотици?
Можеби од настинатост ти е, мене пред бременост знаеше така да ми касни.Сега точно на 28 дена добивам освен еднаш само што добив на 30 дена ама тогаш сменив исхрана малце.И ако си почнала физичка активност и од тоа може да касни
Едино тоа ми е сомнеж настинката. Бидејќи претходно без разлика на било што не ми каснело ама сигурно уште хормониве не се ко што треба
Јас добив седум месеци после порагај, досега двапати имам добиено, вториот пат ми доцнеше пет дена, еве и сега исто требаше пред два дена да добијам но нема ништо.
Цел месец одам на работа, вчера сабајле се мерев 2 кг сум поправена се вратив на килажата пред да забременам, поодморена сум на работа кафето испиено, доручек на време , денот ми е исполнет но ми фали премногу ќерка ми
Девојки со втората бременост се здебелив дури 25кг.Ме фати паника кога се мерев пред пораѓај.После пораѓајот ослабев 15кг и сега треба уште 10 за да се вратам во нормала.Ја почнав Ун диета скоро веќе 1 месец ја држам.Но некако килограмите не одат брзо на долу како да ми стагнираат.Дали ја има некој држено оваа диета и какви резултати сте имале?Да напоменам бебуш уште малку ќе прави 5 месеци.
Ако не вежбаш ти можеш колку сакаш здраво да се храниш,а килажата исто да остане. Обично до 6 месеци е најубаво да се почека али ти ако се осеќаш и после два месеци од пораѓај спремна можеш да почнеш али со благи вежби без тежина
Имаш време ќе ослабеш кога ќе почне дете да трча и ти со него тогаш, а до тогаш наспиј се добро колку што можеш.За да има ефект вежбањето ти треба и добар сон и исхрана
Здраво девојки,се породив пред 12 дена,уште осеќам слабост на моменти,замор,ме болат мускулите на стомакот и на допир со прст,кичмата исто ако се наведнам да ја бањам малава се здрвувам,неможам да се исправам после, Колку време треба да помине да се оправам да ми се врати енергијата или нешто не е како што треба со мене,да правам крвна слика?