Јас сум со царски и пред две недели почнав да вежбам после 4 месеци нормално по консултација со доктор. Иначе си ја зедов програмата од Ана Стојанова и да ви кажам сум презадоволна, после две недели веќе се гледа разлика. За јадење има многу, вкусни се рецептите а некои дури не можеш ни да ги дојадеш. Топло ја препорачувам.
Иста бев ќе се наведнев и останував така. Ме мачкаше мм сл волтарен на кичмата во зегин ја има мнигу ми помогна. Само вежби лесни истегнувај се нека те масираат. Повеќе течности овошје тоа е после 40 дена се се средува.
После 2 месеца грбов ме кине. Кога ќе се наведнам неможам да се исправам после. оваа недела ептен ми се појачаа болките. Со царски сум и така ми се има увртено дека е можно да е од спиналот. Има шанса ? Цел живот мислам грб ме боли ама оваа болка е сосем поразлична
Добри месец ипол ме болеше ако не и повеќе од епидуралот. Ама и не само од него. Ме болеа зглобовите, кичма од бебе спуштај кревај. Еве го сега 9кг има ништо не боли се навикнува телото а и ја не седнувам во движење сум. Инаку каква бев мм ме креваше од кревет од што се укочував. Користи време убаво многу ми помогнаа прошетки. Ќе заспиеше бебе јас надвор вртев кругови по 1ч.
Јас после 3м од царскиот почнав орбитрек. После 6-7 м и понапорни тренинзи, немав проблем никаков вежбав дома, од youtube Pamela Reif ја гледав. Многу ослабнав и се затегнав малку. Секако пијам и суплементи, само со вежбање тешко, на исхрана не пазам многу. Е сега пред 3 дена решив да вежбам стомачни на клупа,има поминато 10 месеци од царскиот, пред тоа вежбав на подот легната/полуседната. Ме здоболе, соѕвездија броев. Самото вежбање не, ама истегнувањето на мускулите ужасно боли, Немам проблем да се исправам за стомачните, ама легнувањето кога се истегнува цело тело во лежечка позиција наназад а нозете поткренати е ужасно болно. Дури и филмови си направив раната да не пукне и да се отвори. Се јавив на докторката, ми рече нема шанси зараснато е одамна, познатите на црвен тепих шетале со стомачни мускули и вежбале уште вториот месец после царски рез и тоа во теретана напорно, а не како мене лежерно.
Нема да пукне ништо само толку месеци си ги пазела стомачните па затоа и те боли.Рачунај колку време биле згрчени, ќе се опуштат со тек на време само треба да ги вежбаш почесто, али не ги заборавај и грбните и тие ќе ти требаат како поддршка за стомакот за да можеш да станеш кога ќе легнеш
Не ги пазев многу, правев стомачни ама на под. Ме болеа мускули и тогаш. Ама сега погрдо боли. А долниот дел на стомакот ми е без осет. Кожата како да не е моја. И да се штипам, гребам не чувствувам. Кога имав менструација за менструалните болки си држев термофор и не чувствував топлина, Лежев врз термофорот саат време, кога го тргнав кожата како изгорена, црвена, а мене ништо не ме жеже, не чувствувам. Дали засекогаш така останува?
Мислам дека така ќе остане. Претпоставувам дека нерви се исечени и затоа снемуваш осет на местото. Вака лаички кажано. Ќе ме поправи некој ако грешам.
Да знам, јас и ти мислам разлика сме 11дена од породување. И мене не ми е скроз вратено ама не ми е ни како што беше. Може му треба повеќе време на твоето тело. Од друга страна ете јас уште немам добиено
Мене докторот што ме породуваше ми рече да очекувам после 6 месеци. Уште не сум стигната до таму ама читајќи на форумов сфатив дека не се враќа кај секој. Тоа е...
Да, исто е. На некои делови не осеќам како што осеќам таму каде што не е сечено. Но мене тоа и не ми е нешто важно.
Јас сум 4 месици по пораѓај ништо не осеќам во тој дел, кога се вратив дома од болница црла лева нога ко да имав нерв некој превртен едвај газев на неа, тоа помиба сеа прстите на левата нога не ги осеќам ама се тешам дека уште е рано за да се вратам во нормала
Јас веќе не крварам, еве поминаа 25 дена од пораѓај, ама имам како некој жолт исцедок, или некогаш ептен темно кафено, ама ме плаши што многу лошо мириса, дали така е нормално, ви било така на некоја од вас? Иначе, природно сум породена.
Јас со царски сум ама исто како што пишуваш ми беше. Сега веќе нема ни исцедок ни крварење ништо. Јас па се мислев тој исцедок е некако поврзан со јодот што ме мачкаа цела пред операцијата. Би требало да го снема за некој ден/недела.