Да имаше непријатен мирис, сега веќе немам ни крварење ни исцедок. Јас па мислам во нос ми беше тој мирис, околу мене никој не го осеќаше, ама јас си го осеќав.
Четири и пол години после втор царски, дел од стомакот над раната се'уште ми е отрпнат. А самата лузна, и местото околу неа, како никогаш да не биле сечени. Не пречи ич, и онака е мал дел, не е цел стомак.
Утре (сабота) точно 5 недели од пораѓај. Лошиот мирис ми се изгуби уште пред една недела отприлика. Би требало да се среди и кај тебе до 40 дена. Следи ситуација, ако уште го има консултирај се со гинеколог, секако ќе одиме на контрола за брзо.
Многу ми е интересно кога те читам, зошо во исто време ни се случуваа работите горе-долу, па и ова и кај мене е така
После прв пороѓај точно 40 дена, после втор 45 дена ми траеше крварењето, односно тој жолт исцедок со миризба. Така да сѐ е нормално.
Кога отидовте прв пат после породување на прв гинеколошки преглед? Дали е доцна сега да отидам 2 ипол месеци од породување? Ми следува од болницата преглед но уште не отидов
Јас бев на два ипол месеци само на ехо ја ѕирна матката рече се враќа во нормала дека јас одма добив, и ми рече уште два три циклуса и ќе направиме пап и брисеви
Отидов после 7 недели. Препораката е нели по 40 дена т.е 6 недели да се оди на контрола, така да мој совет е да не одолговлекуваш уште.
Да после 40 дена ми помина ,јас и на гинеколог се јавив заради мирисот , рече дека е нормално што се чисти ,потоа на преглед не го ни спомна.
@...Arthemisia... А јас секако морам се да прашам, им досадив на сите доктори кај и да отидам. @Осе Значи после 40 дена ти помина мирисот? Зошто јас веќе не крварам, само тоа жолтото гадното.
Да исто околу 20 тиот ден престана да крварам,имав исцедок жолто кафеаво ,со силен мирис. После облеков потесни панталони за на педијатар и почнав пак неколку дена да крварам и за тоа се јавував. За двете рече нормално дека е ,на прегледот на 6 месеци ,брисеви ПАП чисти , матката вратена во нормала
Јас отидов после два месеци,а препораката генерално е после 6 недели. Не е доцна,но убаво е да појдеш што поскоро,важен е прегледот да се види дали матката е вратена во нормала,дали раната заздравува добро, евентуално брисеви и пап ако има потреба...
@Thallia Ехо преглед е така? Природно сум породена инаку..За брисеви и пап веројатно треба кај матичната ?
Имала некоја од вас тахихардии, со плус низок притисок (110/60), и како нешто позади да ме стиска кај плешките, земав кока кола да качам притисок и еден магмезиум испив.
Стално ми е така ама имам проблем со тироидната, земи б комплекс или бедоксин што и да имаш одма ќе те смири
И да не следува мора да отидеш да ја проверат матката, овој преглед мислам дека е еден од најбитните. Не е битно како си породена.