јас бев на контрола и кај матичната и кај докторот што ме породи, и двајцата ме прегледаа преку ехо на стомак. очекував вагинално.
Мене на 20 дена од пораѓај ми рече ,на стомак. Па потоа околу 6 месеци од пораѓај ми правеше ПАП и вагинален.
Леле навечер не можам да спијам од грбот, а наутро не можам да станам. Значи ме боли долу од лева и десна страна, не сум сигурна дали е грбот или мускулите што го кревам бебче. Пред една вечер не можев во раце да го кренам од во креветче. Кажувајте чаре што да правам? Вака преку ден ко ќе се раздвижам се ми поминува како ништо да немам, ама ко ќе легнам да спијам на сред ноќ се будам не можам лево десно да се завртам.
Го имам истиот проблем. И сфатив дека ако малку повеќе се раздвижам или вежбам одма ми поминува. Ако немам некоја голема активност дента не да боли,убива.
Мм ми прави масажи секоја вечер, ама никако да попушти. Да не е од бебкиве што ги држиме во раце крени пушти? Или уште не сме опоравени од пораѓајот? Читав на нет дека до 6 месеци му требало на телово да се врати се во нормала и 50% жените осеќаат болка во долниот дел на грбот. Јас се исплашив да не е од епидуралот и спиналната.
Не попушта со масажи. И јас прво така пробав ама не. Па и тежината од бебките има врска, знаеш ти хехехе Јас знам девет месеци телото има потреба да се врати во првобитната состојба и хормонски и од физички аспект. Еве јас ни епидурал ни спинал па пак боли. Вежбање по малку
После колку време од пораѓај започнавте да правите вежби и отприлика што правевте..? И дали зедовте мидер за стомакот, каков и како сте задоволни?
После 4 и пол месеца почнав со пилатес, ама по лесни вежби и не вежбав стомачни, постепено почнував. Од мидер сафра ме фати, 3 пати го облеков само, стомакот сам ми се врати во нормала за кратко време
И јас сега почнав кај Ана (од 29.03) и стварно сум презадоволна. Тек па тоа тоа што следи.. мене не ми се верува дека на тоа јадење вака се слабее...
3 месеци по 890 денари. Програмата е достапна уште 3 месеци гратис и вклучува режим на исхрана и вежби. Секој месец нова програма - 3 месеци, 3 програми
Пишува план, на инста можеш да и пишеш, Ана Стојанова, дава програма за вежби и за исхрана, на месечно ниво. Околу 900 ден месечно се плаќа.
И јас сум кај Ана, инста фит сум 3ти месец и сега сум претплатена и за предизвикот. Ептен ми одговара дека се кратки видеата, колку и да ме мрзи си викам ајде 15мин ништо не е