Првите 4 недели се вежба 6 дена во неделата. Вторите 4 недели имаш 5 дена вежби. Третите 4 недели имаш 4 дена вежби. Вежбитр траат максимим 15мин. Повеќето се 10мин. И имаш загревање и истегање по 3мин. Е сеа јас и ги земав и ластиците и со нив има вежби и плус сега со предизвикот има уште видеа. Така да вежбам секој ден само недела одмарам. А искрено по јадењата нејзини не се хранам. Ми се чини дека тоа е малце храна за доилка и некако ми се безвезе јадењата за тие што не јадат месо.
Јас вежбам со Јасмина 3 пати неделно онлајн по еден час плус имаме вежби са секој ден,повеќе нивоа се за родилки,почетници,напредно ниво,за јадење има премногу исто повеќе мениа се.ме исполнува вежбањето топло ви ја препорачувам Јасмина достапна е за се.
Малце храна? Мене ми се дешава да не можам да дојадам, да не вечерам или само салата да јадам, да не јадам ужинка и сл. Мене ми е скроз ок храната, баш нормални јадења има (манџи, риба, салати) и не мора да правам 2 различни јадења, исто си ручаме со мм. @0ли не е конкретно за родилки и не пишува план за секоја посебно. Има 2 програми - една за слабеење, една за затегнување, а ти одбираш на која од двете сакаш и двете програми си имаат посебни менија и вежби и се исти за сите на таа програма. Искрено, скроз се ок вежбите и со ниедна не сум осетила болка или проблем еве 6 месеци после царски. А резултатите што ги гледам се неверојатни, баш ме мотивира.. единствен режим што ме мотивира и што го терам без грешка. Побарај на инста Ана Стојанова, ѕирни баш..
Ќе разгледам, фала за објаснувањето. Морам да се вратам на вежбање, еве скоро година од царски, а јас не сум почнала да вежбам, сè само бавно и брзо одење практикувам. Време ми е, ми фали вежбањето.
Јас пешачев доста и ми беше супер, ама немам време сега да шпартам по 2 саати секој ден пошто работам од дома веќе 3 месеци. Затоа ова супер ми доаѓа, ем се раздвижувам, се истегнувам, се релаксирам, а и на бебе му е интересно кога ме гледа, се кикоти и ужива, така што гледа од мало и се надевам дека ќе му биде интересно и ќе биде од малите дечиња што вежбаат со мама и тато мм секој ден вежба дома и го вклучува и бебуш и е преслатко бебе ужива секако
Сестра ми моментално следи некоја програма од нејзе, колку што сфатив во моментот има некој предизвик. Храната е стварно преубава и мене ме фаќа стрв кога јаде само според мене вежбите се кратки ама со мало бебе е таман. Јас на пример вежбам со Клои и морам да го заспијам прво малиот за да имам време и за вежбање и туш. Сестра ми лани летото ослабна 5-6кг, а сега има само 1кг за слабеење и презадоволна е. Јас сепак не би давала пари на програми зашто знам што треба да јадам за да ослабнам ама добри се програмите зашто не мислиш што да зготвиш.
И мм дома вежба, па треба и јас да се вратам на тоа, нека нè гледа веќе и двајцата. Вежбањето ме исполнува и релаксира, чувството после физичка активност е прајслес Пред бременост вежбав и доста е веќе, време е да продолжам, да се стегнам малку
Јас дека немам баш некоја кондиција, ми е сосема доволно моментално. Тие што можат повеќе, по неколку повторувања од видеата прават или од неколку дена вежбаат, која колку сака и може. За јадење и јас знам што треба, ама не сум дисциплинирана и баш вакво нешто ми треба
Кога разбрав дека таа Ана дава исто мени на сите подеднакво одма ми стана сомнително да не речам одбивно. Тоа воопшто не е прпфесионално ако е нутриционист како што се претставува. Една жена што е слабокрвна (а повеќето родилки се такви првите месеци) не треба да јаде исто што и девојка од 19 години. Телото не е исто, организмот не е ист. За вежбите нејќу да коментирам... 15 минути вежби за затегнување мускули Ќе се затегнете за едно 10 години. Сега во пандемијава барем има еден тон инструктори кои даваат онлајн тренинзи. Но по саат време, да се разбереме.
Родилките првите месеци не ни треба да следат вакви програми туку треба да јадат разновидна храна со 3 главни оброци и ужини. Но, ако збориме за луѓе кои не вежбаат и имаат некои 5-10кг за симнување, јадат џанк фуд, мислам дека оваа Ана е скроз ок.
И мене ме нервира исто мени за сите, изгледа не и' се матка посебно да пишува. Не сум вежбала многу одамна и ми треба минимално зацврснување за почеток, после си имам друго за маста да ми излезе
Поаѓам од себе. Ја сум вечито слабокрвна и ако не ми го направи менито нутриционист кој прво ќе ја погледне крвната слика, овие програми за сите иста нема да делува добро на мојот организам. Башка има луѓе со покачен шеќер, триглицериди и така натаму. @0ли се зборува дека има откупено програма од Америка и така ја препродава тука.
Јасно затоа тие што имаат здравствен проблем ќе си се обратат кај стручно лице, сега сите станаа 'нутриционисти' на инста. Еве на @Butterfly1107 не и се допаѓа исхраната, па си готви по нејзино. Јас на пример, колку лошо јадев последните 2 месеци, оваа храна од Ана е wow @0ли дај кажувај чаре за вадење маст
Искрено 3 месеци одев на нутриционист пред да останам трудна што направи мени баш за мене као - ниту ми се среди крв, ниту некакви резултати имав, сма битно се изнадавав пари пошто нели бр. 1 е во Ск, дава режим само за мене ау... Не се одговара на секој и тоа е нормално. Девојчево што и да прави/препродава е добро за тие што функционира. Никој не вика дека секој треба да биде на тоа и на секој ќе му одговара. Тие со проблеми ко што викаш ќе проценат дали им е ок и ќе одлучат
Од полесни вежби, префрли се после на Џилијан Мајклс, Боди револушн, побарај торент. А може и веднаш ако претходно барем малку си била активна, сепак не знам со царски дали може директ на ова. Трае 12 недели и постепено се зголемува интензитетот. Резултати посериозни после 1 месец, ама како секое мускулче ќе ти зајакне - мераци Мешани вежби, за цело тело, по 30 минути 6 пати неделно. После тоа на Инсенити
Леле многу сакам кондицијата да ми се врати. Претходните месеци многу пешачам ама пак вежбите едвај ги издржувам 40минути. Се препотувам жива вода. Вежбав порано p90x, па можам да замислам инсенити Избрав сега предизвик на Клои Тинг зашто е без скокање, во стан сум
Побарај ја оваа, јас ги обожавам вежбите, со секое напредување, осеќаш мускули и каде што не си знаела дека имаш Има и кардио, има со тегчиња, со самото тело, мнооогу вежби има различни. Кондиција полека, со тек на време Два дена воркаут, еден ден кардио, два дена воркаут, еден ден кардио, па еден ден одмор. Така се распоредени, пот низ цело тело тече Ако ги следиш со ред и си дисциплинирана, ти гарантирам дека ќе бидеш задоволна кога ќе завршиш.
Не знам дали е прашањево за овде, ама да прашам. Родив природно пред 2 недели, вака сум супер физички, ама навечер ми е многу ладно, обично пред спиење, значи се тресам, легнувам да спијам и се будам неколку пати жива вода, буквално алиштата на мене се утоп мокри. Станот ни е топол, одржуваме температура околу 22-23 степени, на маж ми не му е ладно, на бебуш исто не ми изгледа дека му е ладно, што значи нешто кај мене е. Синоќа кога се разбудив, бев на раб да изгубам свест, едвај се повратив со вода и лимони, ама тоа претпоставувам е од умор. Утре секако ќе зборувам со патронажната, а ако треба ќе посетам и лекар, само ме интересираше дали на некого му се случило вакво нешто или е скроз нормално ради хормони и самата состојба на телото
Мене ми студеше и имав треска многу пати ама тоа млеко кога ми доаѓаше. А до толку лошо како тебе не ми било никогаш. Ок ми било од умор ама не така како што опишуваш. Притисок да не е или проблем со шеќер да не си имала? Разговарај со лекар, патронажната најверојатно ќе ти рече од умор е.
Имав проблем со шеќер во бременоста, ама мислам дека се враќам во нормала, барем мерењата така покажуваат, а вистина, синоќа најмногу се освестив после лажичка шеќер, не ми текна дека може да е тоа проблемот...со притисок бев ок, само недела дена пред пораѓај беше висок и мислам дека првиот ден после пораѓај, ама ми рекоа дека е нормално и се стабилизираше. Ќе разговарам утре со стручно лице секако, ме интресираше само дали е нормално и дали кај некој друг се има случено. Фала