Иста бев сега кога ми се враќа филм и ради тоа со доењето не успеав. Цело врмее припаѓав, мм ме држеше за рака да заспијам од што имав ночи страв ми беше да спијам. Уште кога ќе ми текне педијатарката ми викаше дои на кревет ако паднеш бебето на меко да падне Не заспивав туку се онесвестував. Многу крваврев среќа со храна и одмор се среди. Откога малово премина на ад тогаш комплетно се средив затоа што повеќе одмарав. А за препотувањето жива вода бев цело време повеќе течности макар и со сила да надокнадиш
Иста ситуација и кај мене, се породив пред 10 дена, хормоните ми се лудница, 10 мин се тресам од студ па ме фаќаат топли бранови како жена во климакс.. Ми се врти на секое, предпоставувам дека е заради ниско железо и умор. Дополнително од стандард притисок 90 со 60, сега под 130 со 90 не сум, главоболки по цел ден.
Па за мене е малце тоа Реално јас спаѓам во луѓе што јадат повеќе. И сабајлечки да ме најаде смуди нема никаква шанса. Или ужина урма Можеби ако јадеш месо тоа повеќе те заситува не знам. Ќе пробам и јас по тој режим ама планирам да почнам кога ќе почне летниот предизвик.
Исто бев и јас кога ми надоаѓаше млеко и тие млечни жлезди ми се затнува или додека да пробие убаво млеко и постојано кревав тт.. И кога ќе станев преку вечер да го дојам менував блуза потоп се правев.. Сепак разговарај со доктор, секој организам е различен
Можно ли е од операцијата периодот третиов месец да ми доцни 13 дена? Мислам дека не е стабилизиран периодот ама сепак се загрижив. Заштита само кондом користиме и до сега се било ок...
По породување циклус имав прв точно на три несеци, пообилно од претходно но нормално.Наредно дпбив по месец и пол и првите два дена обилно после малку многу но од 4 ден од циклусот до денес ми е 6ти при мокрење осеќам на крајот болки во вагината, нормално е, цистит можеби или ?
Ептен ме заинтригиравте со муабетот за овие онлајн вежби. Специјализирани се за постпартум? За царски се безбедни? Очајно сакам да почнам да вежбам, ама или сум ненаспана и преуморна или немам време... А стомаков ми е како желе морам да почнам некако...
Не се специјализирани ама мене не ми беа тешки. Не сум осетила нелагодност кај раната или нешто слично. Мене ми се допаѓаат што се максимум 15мин, а повеќето се 10мин. И колку и да сум уморна си викам ајде 10мин можам да извежбам и тоа ме мотивира ептен.
Здраво женски, дали сте имале проблем со опаѓање на косата по породувањето? Мене ми паѓа до степен што кај челото почна да ми се гледаат празни кругови од што ми паѓа многу, а и дома ми е хаос насекаде влакна Дали постои некоја крема, шампон или нешто слично за овој проблем и кога да очекувам да се стабилизира?
Ништо што може да помогне во овој период, ќе се стабилизира накај 5/6месец, ова е од хормоните иста сум и јас
За тие што сте природно породени... 1. Кога ви заврши жолтиот исцедок на крај, и кога бевте на прв преглед и дали ве гледаа вагинално?. 2. Тие што имате и внатре конци, кога целосно ви заздрави раната внатре? До кога ве пецкаше? 3. Кога почнавте со депилација, и дали надворешните рани ве болеа на депилација?
жолтиот исцедок не се ни сеќавам до кога траеше, е до толку беше досаден, ама сигурно накај 40-тиот ден го снема затоа што тогаш и се издепилирав комплетно долу (не болеше повеќе од стандардна болка) за да се подготвам за гинеколошки преглед што читајќи од искуства овде, очекував да биде вагинален, но ме гледаа само на ехо. а ситуацијата со конците не знам каква ми беше, никој на пораѓај не ми спомна колку и каде сум шиена ако добро се сеќавам, престана да пецка околу еден месец.
Мене почна после третиот месец по породувањето многу да ми паѓа, ама алармантно многу, ми се појавија дури залистоци, ептен ми се изретчи косата, станот цел со влакна, по два пати денот поминував со Правосмукалка дека долга коса имам. Трагично беше 3-4 месеци, после се намали опаѓањето. Сега сеуште ми паѓа, ама не е толку страшно и се обновува имам многу нови влакна што растат. Баш кога бев на фризер и фризерката ми рече дека ми растат многу нови влакна.
Обавезно консултација со матичниот гинеколог пред да се одлучиш за вежбање. Јас почнав после 4 месеци од царски, кога се вежба стомак добивам некоја тапа болка кај пределот на раната и престанувам, не се форсирам. Со останатите вежби немам никаков проблем. Да се пофалам, за еден месец сум видливо ослабната, од сите добивам само позитивни коментари и ми прија многу дека од секогаш бев полничка де. И прв пат се видов себеси во кожни хеланки
80% е исхрана 20% е вежбање за видливи резултати.Кратко кажано не треба да се утепувате од вежбање ако имате намера два хамбургера да изедете после вежбање . И не треба да се избегнува некоја храна напротив се треба да се внесува но некои по калорични работи во умерена количина. 5 оброци во текот на денот одприлика на три саати да се распределени. Кој има инстаграм https://instagram.com/dragana_fitlife?igshid=1tqs85kilesyd https://instagram.com/zdravko.kulinarko?igshid=18dgzwxf6nwl8 Можеби ќе ви бидат од полза не рекламирам никого од скоро почнав девојкава да ја следам и има стварно добри рецепти особено за благо
Мајки дали користите нешто за затегнување на гради? Ајде помош бидејќи баш ми се како издишани балони како да немам мускул внатре, ептен дефек...уште сме на доење мм вика вежбај ама ова треба под нож да се санира Ајде ќе ве молам за ваши искуства
Дека би се вратиле во првобитна состојба не очекувај али има вежби како склекови со поставување на рацете пошироко.Има и други ѕирни на јутуб али претежно тие со помали гради по забележително е дека се зацврстуваст за разлика со тие што се со поголеми.