Edno prasanje, ne znaev kade da go postavam. Posle poragaj rekoa se krvari 40 dena....site ovie dena so vir vloski gi proagate? Veke sklet mi pravat
Јас ставав секакви, и класика за добивање, и секојдневни, зависи колкаво е крварењето. Не ставав вир.
Ништо нема да ти помогне баш. После 6-7 месец се средува ,сега еве на 8 месеци веќе имам пораснати прамења ,не бебешки влакна туку баш прамења. Жолтиот исцедок до кај 40 дена шараше ,де имаше па немаше ,и крварењето исто. Прв преглед 3 недели од пораѓај ехо на стомак ,втор преглед на 5.5 месеци вагинално ехо ,мерење матка ,ПАП тест. За конците никој ништо не ми кажа ни колку ни дали има внатре ништо ,уште знае да ме пецка под некој глуп агол. Инаку до 14 ден не можев ни да седнам. За депилација не знам кај мене брич царува. Ако ти е заздравена раната може секакви ,ако не вир или бони ,оти ќе ти ја спури и после ќе видиш поголеми маки од склет(јас од гаќи си видов пошто август месец)
Ти си со царски ако не се лажам, терај со какви сакаш. Вир се повеќе за тие што се природно да им диши кожата кај раната за побрзо да заздрави. Така барем мислам јас и јас бев царски. Две недели користев вир после тоа обични како што си користам за добиено
Da carski sum ama rekoa demek diselo so ovie da ne mi se spuruvala dundata Ama se namaluva krvarenjeto a ova e ko pelena debelo
Од пораѓај има околу 2+ недели.. Но мене започна да ми се појавува вагинална болка особено при капење е неиздржлива кога ќе дојдам во допир со купка.. Дали сте се соочиле со ваков проблем? Претходниов период немав ваков проблем воопшто.. Воедно, при уринирање исто така ужасна болка имам но во уретра е тоа, исто и ова започна сега.. Ваши искуства? Фала
Чим си царски терај обични. Јас жолтиот исцедок кога ми беше ставав еднодневна ,ама за дома тоа за надвор не ми беше сигурна
Јас сум природно породена,имав болка и во вагината и при мочање, и како многу потечена ја чувствував вагината. Еве 7 недели скоро по пораѓај, уште чат-пат знае да ме боли при мокрење. Ако си природно породена, не би ти препорачала сеуште купка да користиш. Подобро измиј се убаво со вода, па после третирај со препарати.
Не играјте си со обични влошки, користете Вир. Со причина се користат тие, а не обични менструални влошки.
Ако си природно породена не треба да користиш купки толку рано, може да ја инфицираш раната, миј само со вода доволно е, и спреј после миење ставај ако не ти е затворена раната.
Можно е да добив циклус 7 недели по пораѓај? Царски сум породена, крварење имав само први 3 недели и тоа многу по малку. На гинеколог бев после првиот месец и се си беше во ред. Денес сабајле ми протече малку свежа крв. Можно е уште да се чистам или циклус е ова?
Мајки дали смеам да користам крема за депилација - две недели како сум породена? Не можам да одам на класична депилација , а додека да отидам ќе бидам ептен за никаде. Со брич ми оди многу тешко....
И јас денес после 6 недели прокрварев, бев во петокот на контрола се си беше во ред, и почнав да вежбам и плус односи, и еве денес си добив, итоа свежа крв, бев и на ехо да ме види др. што ме пораѓаше, рече се е добро, и според ехото ендометриумот е здебелен како за менструација, јас многу се исплашив кога видов пак крв, мислев сум зафркнала нешто со вежбањето или со односите, ама ми дозволи матичната. Не знам дали ова има влијание навистина на млекото, дека мали е само на доење? Кај вас како беше?