Здраво, уште едно прашање од мене, дали сте имале дијастаза после пораѓај, кои вежби сте ги правеле и со редовно вежбање за колку време може да се среди истата. Како што измерив јас имам 2 прста
Јас стомак нема а дијастаз имам пола прст 11 месеци ќе прави бебе ,имаш на youtube од моја фитнес мама а и од други вежби за дијастаз
Исто така добив и имам редовно , млекото не се намалува ,но хормонот за ослободување на млеко да ,тие денови си пијам чај за доилки обавезно барем по една чаша.
Што е па сега дијастаза само гуглам нешто што тука ќе прочитам некогаш се чуствувам како изгубен германец...Јас еве 20-ти ден од породување и имам уште меше и ме боли раната помалку, а и кога идам во вц при мокрење ме заболува. На почеток одма ми спласна големиот стомак ама сега ова изгледа побавно ќе иде. Немам килажа за намалување ама мислам дека сум во амебовидна форма ќе мора да почнам со вежби со исхраната почнав. Гледам да јадам здраво секако не јадев нешто мн благо или газирано. Вие кога почнавте со вежби?
Јас од вчера почнав со лесни вежби и вежби за дијастаза, бебето направи 3 месеци и се осеќам спремна дека можам да почнам да вежбам пак, ако чекам на гиникологот да ми одобри ќе треба да чекам уште една година, малце е скептичен за вежбање.
https://pedijatar.mk/shto-e-dijastaza-i-koga-se-javuva-po-poroduvaneto/ Мене во текот на бременост ми утврдија хернија а уствари испадна друго за време на царски, па сега открив дека имам дијастаза, растегнување на стомачните мускули за време на бременост, па сега пробувам да ја средам ама како ќе иде ќе видиме. Не верував дека ќе ми се појави физички сум активна веќе 15 години ама тоа е за жал, ќе си трпиме ние жените
Јас сум 7 месеци породена и самото тело спласнува со месеци.Јас читав дека на телото му требаат најмалку 9 месеци да се врати во нормала(оваа граница варира некои одма се враќаат некои година и пол им треба). Јас имав 2 прста дијастаз сега немам ниту еден
Сега дури почнав со вежби најверојатно од предходно што сум вежбала па полесно се враќа во нормала.Такво е телото.Од вежби најосновни за фитнес ги правам и тоа кога малиот не е бесен
Јас од денес почнав со обични влошки, до вчера бев со бони и со вир ама сум забораила да купам па ноќеска морав да ставам влошка за добивање, инаку за 6 дена ќе праам 40 дена
Здраво на сите, треба да одам на контрола кај гинеколог поради компликации. Имам само 3 недели од пораѓај, конци дел паднати, дел не.. Како успеавте во ваква ситуација да се "средите"? Некоја искуство. Многу ми е страв, да не фатам некој конец со брич..
Не, нема да има големо влијание. Може да приметиш мала нервоза бидејќи рефлексот на отпуштање на млекото од жлездите е успорен за време на менструација. Додека да му дојде млекцето до уста може да приметиш нервоза, но количината на млеко не се намалува. Јас пак не приметив ништо вакво кај моите бебиња кога имав менструација.