Па да, кај мене е така, ама не ја ни забележувам, освен вака кога ќе праша некој на форумов и тогаш ми текнува на неа и ја погледнувам. Не се замарај, ќе ја снема.
Девојки со царски рез, после колку време почнавте да го чувствувате долниот дел на стомакот? И дали имате некаква подуеност само на долниот дел? Породена сум пред скоро 7 месеци
Јас многу брзо, може после еден месец ама читам тука дека многу жени подолго време не го осеќаат местото. Поточно, никогаш не ми ни беше скроз изгубен осетот. Не ми е подуено инаку под резот исто како претходно ми е, ми виси малку горниот дел.
3месеци и сеуште ништо не осеќам. Подуен и виснат долниот дел на стомакот.. И по првиот пораѓај исто бев,долги месеци ништо не осеќав,го страно тело ми беше над раната..
4 и пол години после втор царски, уште ми е отрпнат долниот дел од стомакот над резот, имам осет, ама не како на другите делови од телото. Не верувам дека ќе се врати целосно, сепак нервите се сечени. Не се обновуваат така лесно.
Папокот што? Мојов е ко да не сум се избањала со месеци. Ќерка ми поголемата ме прашува “мамо што ти е вака гнасен”?
@Chanell* Леле мене цел црн ми беше некако баш гнасен, кога фатив еден ден да се тријам свашта ставив, хидроген од на ќерка ми што и чистев папочето и се исчисти се
здраво, незнам дали за тука е прашањето, ама породена сум пред скоро 4 месеци, а сега неколку дена косата премногу ми опаѓа, дали е можно да е од пороѓајот иако воопшто не доев
Да од тоа е. Кај секој е различно, кај некои почнува порано или покасно, некои како мене немаат опаѓање. Знам познанички кои почна да им опаѓа неколку месеци после породување. Сега ти се паднати хормоните скроз нормално е
Нема врска дали доиш или не, косата ќе паѓа, затоа што во бременост не паѓа. Вишокот влакна мора да испадне, па ќе си паѓа неколку месеци. Не се секирај, ќе почне да расте нова коса.
Само по себе ќе запре. Ти може да пиеш витамини за коса, или да земеш шампони против опаѓање на косата, ама реално немаат ефект, се додека има вишок коса. После тоа, ќе се среди.
Кај мене исто папокот ми е како да сум го запалила и како смоква сува ми изгледа и предходно ми се слошуваше од него сега па скроз