Враќање во форма по породувањето

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 26 октомври 2012.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.283
    Допаѓања:
    330.968
    Пол:
    Женски
    Јас никако да почнам да се хранам здраво ,а баш сега поради доењето и треба.Ама се од нога јадам немам време да спремам нешто ,специјално'. И справата за стомачни ми седи фаќа прашина.Другарка моја живее во Белград и се породи пред два и пол месеци.Абе медикир маникир,топ форма на телото..како и успева незнам :(
     
  2. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Да, и тоа нон стоп:) нема ред бебето мое:)
     
  3. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    28.549

    Претпоставувам имаш доволно млеко, ако не и повеќе од доволно. Тие две кила може ти се на градите. Сепак на сите што доиме ни се за неколку броја поголеми. Не претерувај со слабеење сега. :)
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Леле да, не ми текна дека за некое време ќе 'спласнат' и градите. Ама ако, да не се опуштам оти немам мерка со благото.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  5. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.883
    Пол:
    Женски
    Ај ве молам кажете после колку време спаѓаат отоците на рацете и нозете? Обично носам 36-37 кондури а сега сум на 39, па се плашам дека зимно време неам ништо да ме собере :doh:
     
  6. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Многу брзо. Сепак зависи од човек до човек ама макс.1 месец.
     
  7. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.883
    Пол:
    Женски
    Уффф добро е, јас мислев после неколку месеци :tmi: Фала :f:
     
  8. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    422
    Останав трудна со 59 кила, а сега после 43 дена од породувањето имам 63, значи 4кила сум во плус :lol: :$ :lol: Сакам да почнам со стомачни во домашни услови, па сакав да прашам кога вие почнавте со вежбање?
     
  9. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Штом гинекологот ќе ти каже дека се е ок со рана, матка и сл.можеш да вежбаш. Инаку јас одма после пораѓајот бец со само 4 кг плус и никако да ги симнам. Еве после скоро 7 месеци имам три плус. Ама како и да е, не се многу ни твојте ни мојте:)
     
    На Chupe му/ѝ се допаѓа ова.
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    28.549
    Јас по еден месец по породувањето бев на преглед на гинеколог и ја прашав за вежби (особено за стомачните) ми рече се си е во ред можеш да си вежбаш. И одма се фрлив на работа. :) Досега скоро секој ден правам по неколку серии во текот на целиот ден. Додека работам низ дома, помини-замини не ми одземаат многу време. А кога можам и други вежби си правам.

    П.С: Не очекувај да ги вратиш истите килограми додека доиш. Сепак градите на доилка се значително поголеми и тоа е дел од целокупната тежина. Со лесно ;)
     
    На leona83 и Chupe им се допаѓа ова.
  11. bambusce

    bambusce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    594
    Сакам да прашам кога почнавте да вежбате после царски рез?
     
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.283
    Допаѓања:
    330.968
    Пол:
    Женски
    Дали некој после породување земал метилергометрин ?Скоро 8 недели како се породив и уште крварам па гинекологот ми ги даде.испив една доза но имам вртоглавица и незнам дали е од нив или коинциденција е само?
     
  13. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Јас ги пиев (два дена) бидејќи крварев месец и пол. Крварењето престана после 4 дена и еве сеуште немам добиено :)
    Вртоглавиците мислам се нормални од ваков лек, јас имав малку гадење.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Уште 1 кг:) а бил а не бил.
    Сите ме приметија дека сум ослабела:)
     
    На Mishela, Nova, Rabbit и 5 други им се допаѓа ова.
  15. bambusce

    bambusce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    594
    Ајде и јас да си се пофалам дека после 5 месеци се вратив на тежината од пред да останам бремена.Стомаче имам уште ама и пред тоа си го имав :) Да напоменам голем стомак имав до 4 месец мислев никогаш нема да се намали.
     
    На Serafima и leona83 им се допаѓа ова.
  16. baby2014

    baby2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    125
    Јас после две недели имам 2кг плус од тоа што останав бремена...ама некако стомаков ми е како пифтија... после колку време со царски може да се почне со стомачни и каде може да се купи некој убав појас за стегање на стомакот?
     
  17. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Супер си, не брзај, да ти потврдат дека зараснала раната ( гинеколог) и потоа можеш да вежбаш. Мидер можеш од секаде да најдеш- паџар, сара фешн, сара колант итн ама колку што знам со царски болки кај раната ќе чуствуваш подолго па уште и стегање ( имаше некој напишано поназад во темава).
     
    На baby2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.055
    Допаѓања:
    1.182
    Јас се поправив 9 кила во бременоста. После 6 дена кога се вратив дома бев со минус 7 и ми имаа останато само +2. 10 месеци после породување јас имам +14 од тежината пред да останам бремена.

    Очај.

    Ја доев само два месеци.
     
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.283
    Допаѓања:
    330.968
    Пол:
    Женски
    Градите како да ги доведам во форма ? Сега е рано дека дојам но подоцна? Има ли вежби или силикон му е мајката?
     
  20. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Градите после една година од престанување на доење се 'подразубавуваат' ама нема никогаш да бидат како претходно. А со вежби ( имало на интернет) и со тек на време се враќаат во форма ама пак не е тоа тоа.
    Јас на пример премногу ослабев откако престана малиот да цица и градите ми беа како на бабите стари, мали, исушени, обесени. Страшно, па пак се поправив малку и заличеа на нешто.