Бев разочарана од паѓањето на косата, и после 8 месеци од пораѓај паѓа како луда, сега кога те прочитав се потсмири малку, значи да чекам да падне вишокот што го добив во бременоста и ќе се стабилизира? А што убаво беше добила волумен Цел живот имам мека и ретка коса ама ова сега е страшно, ако продолжи така ќе останам без коса. Испитав железо и тироидна, ок се во моментов.
Кога ви се повлече стомакот по породување? Веќе ми смета, 3 ипол месеци поминаа но уште е бајаги голем? Има некакви вежби,масажи?
Сериозно!? Јас па си викам за месец два ќе биде рамно Леле значи хаос, јас телото не си го препознавам, среќа малку килажа качив...
И кај мене поминаа 3ипол месеци, сеуште е голем стомакот но открив дека имам дијастаз, потврден е и од абдоменален хирург пред 2 недели бидејќи бев на преглед за папочна кила но фала богу немам ништо такво само го потврдија дијастазот, и поради тоа е таков стомакот, па затоа сега се приклучив на група за вежбање и исхрана за дијастаз се надевам ќе се симне. Провери си дали имаш и ти.
И тоа што викаш, баш пред некое време гледав една фитнес инструкторка што се породила кажува дека кај секоја е различно и дека мн е ретко скоро невозможно тоа дека за две недели телото назад во форма.
На првиот пораѓај,може 6 месеци ми седеше стомакот и после се врати во нормала. Со малиот пред две години ептен брзо се врати во нормала исто како да не сум родила. Ништо не висеше на мене ниту па стрија имав. Сега ќе видиме како ќе биде,стрии и овој чат сега за сега немам па ќе видиме понатака.
Ајде ќе биде и овој пат така брзо ќе се вратиш во нормала И јас стрии немам, а очекував зашто имам мали и тенки од што пораснав мн нагло во основно. Мешето ми беше големко и идеално топче и така и ме викаа сите топче хаха и затоа мислев дека ќе имам стрии. Сега имам само спојлери и стомак. Онака немам мн качено можеби малку во бутови и раце. Ама сега ми е страв немој да се збуцкам зашто мн јадам и тоа билдерски хаха
Женски дали после епизитомија може да се носи танга 9 месеци поминаа ,ме фати иштав за танга гаќички Ама ми беше срам на гинеколог да прашам
Во килажа се зависи од метаболизмот. Брзо се вратив ама после две бремености ништо не е исто. Кожа имам вишок многу. Е тоа не се врајќа
Вишок кожа ако е висната никако не се враќа со вежбање, можеш одоздола стомачните да ги имаш и одреден ден да е тониран и стегнат али тоа напред што е само нож го средува.
Од повеќе фактори зависи. Кај мене почна да се затега. За 5 месеци имаше видливи резултати. Нема за еден месец да се затегне ама со интензивно вежбање од година две нема да виси.
Јас мислам точниот одговор е под c. Само под нож Но верувај и да ми врнат пари не би легнала под таков нож
Породена сум пред 2 ипол месеци, 30 дена крварев, а после 40 и некој ден, добив менструација, која не беше обилна и траеше околу 10 дена, бев и кај матичната на преглед, и кај др што ме породи, ми кажаа дека се е во ред. Месецов требаше да добијам на 26-27, се уште немам добиено. Ама еве вчера и денес имам како некој притисок во матката, и некоја болка чудна, блага болка во јајници, не знам чудна болка е, не е како менструална, дали може да сум преладена нешто, па да касни менст. од тоа, не знам. Некако ме фаќа страв, и се мислам да појдам на др од понеделник натака. Дали некоја имала ваков проблем?
Сигурна си дека било циклус? Јас мислев дека добив така сврзано со крварењето ама еве 5 месеци немам. Секако следи болка ако имаш, оди да те видат.
Па немав воопшто крварење тие 10 дена, и после си почна, мирисаше на менструација, а и др ми рече дека е менст. Не знам што да кажам, се мислам да не е нешто лошо.. Ти имаше болки или? И дали беше на доктор, откако си мислела дела е менст. а не си добила следните месеци?