Менито е направено и за мајки што дојат. Моментално вежбаат мајки доилки заедно со мене и немаат никаков проблем со доење. Програмата исклучува благо и тесто. Друго се е комбинирано во менито на здрав начин.
Супер, има нешто од кога може да се почне, т.е после колку време од природен пораѓај, или се е индивидуално?
Се е индивидуално. Јас со царски после 3ипол месеци почнав. Можеш слободно да и пишеш на инста да ја прашаш што те интересира ќе ти одговори. Јас со неа се консултирав која програма да ја изберам.
Која црна форма.. Јас се направив крава. Качив 23 кг. После породувањето ништо не изгубив. Пешачев, слабо ефект, прекинав со доење и почнав со суплементи па почнаа да се симнуваат килограмите. Сега сум на иста килажа како и пред бременоста, но телото изгледа поинаку. Не е тоа тоа.. Во слабеењето малку ми помогна и тоа што ми ги вадеа крајниците. Ми се чини течности повеќе изгубив бидејќи визуелно скоро иста сум.
Здраво како успеавте да се вратите во форма после пораѓај,јас малку се разочарав ко видов дека не ме факаат сеуште некој фармерки и кошулки,а и се немавме видено со блиски поради коронава и ко се видовме ми рекоа сум поправена,и јас се осеќам така во нозете и делот кај стомакот како да ги намалам,правам некој вежби дома додека бебе спие но нема ефект,ке треба на трчање ама како да го оставам кога е на доење и дремките му се по пола сат,какво е вашето искуство? Со 67 останав бремена сега сум 76кг,се немав мерено пред и после пораѓај колку сум немав вага,но ко се мерив сега се разочарав,7месеци сум породена со царски и дали може да се вежба со тежина и трчење пошто со царски?
Пишав погоре дека сум на програма преку моја фитнес мама. Иначе пред тоа јадев до 5 саат попладне, после тоа само вода до утредента. Намалив на благо, леб само за доручек и успеав сама да симнам 3 кг за 1 месец. Пешачење, трчање ако можеш, фитнес вежби но после 3 месеци. Тоа јас го практикувам. И нормално бидејќи бебево ми е научено во раце цел ден со него низ дома
Прво срамота за тие роднини. Како бе уште си дозволуваат да коментират за туѓ изглед па и на родилка. Што не им кажа каде им е местото? Јас сум со царски и гинекологот го прашав уште кога бев на контрола 6 недели после породување, рече може пешачење, некои лесни вежби, рече може и со тегчиња, но не многу тешки. До тежината на бебе и после да зголемувам постепено. Јас само пешачам со бебе, не сум почнала да вежбам. се поправив 10-11кг во бременост и бев 79кг. Сега сум 64 дури помалку од пред да забременеам ама тоа е и од што престанав да вечерам( најчесто немам време, не е од што сакам вака) Не се оптеретувај, во свое темпо прави мали, но значителни промени и се ќе си дојде на своето.
Мене Мери не ми се допаѓа ама воопшто(моја фитнес мама).Уплатив кај неа пред година и пол и резултат никаков.Јас имав програма за зголемуање тежина,другарка за намалување.И вежбите и менито на двете ни беа скроз исти.Еднаш во лична порака ја прашав нешто едвај ме удостои со одговор.Судејки и според нејзиниот изглед ни најмалце не ми делува како фит или доволно компетентна за вакви инструкции.Пре би уплатила кај Ирена во Струмица(сертифициран нутрциниост) и ќе пешачам со бебе отколку на оваа пак пари да фрлам.
Мене докторот ми дозволи после 6 недели кога бев на преглед дека можам да вежбам, да трчам, само не тешки вежби. Вежбам веќе цел месец дома, и трчам за викенд. Скоро и да не пропуштам ден. Најдов една на youtube ептен ми се погоди, вежбите не ми се некако тешки, а потам ептен. Видеата му се по 7 минути, има и по 10, 20... Јас вежбам повеќе видеа наеднаш си одбирам различни секој ден и вежбам околу час, час и нешто. Имам резултати, а на храна не пазам, само рано легнувам и последно јадење ми е околу 5, така беше и претходно. Во еден месец имам ослабено 3 кила. Јас почнав бременост со 54, на пораѓај со плус 24, имав 78. Сега сум 63/4, 2 и пол месеци по пораѓај. Ќе ви пуштам канал од инструкторката. https://m.youtube.com/user/LWRFitnessChannel
Да ти кажам повеќе и ми беше мисла дали ке имам доволно млеко за бебе ако не каснам барем две лепчиња а и за (желудникот ме боли многу ако не каснам ништо 3,4 сати од бактеријата што ја имам) и тоа интегрален јадам со години и во бременоста и сега,значи и да не вечерам млеко си има оти бебе заспива кај 22h и станува навечер за цицање 2 до 3 пати.А и сите велат мора да јадиш за да има млеко (Прворотка сум и не сум запознаена).Се породив зимно време и не беше баш за надвор со мало бебе,но сега се стопли и можи да се почни,значи можи и трчање после царски . Фала за одговорот
Моја фитнес мама и таа Ана Стојанова не знам како успеаја толку луѓе да прелажат. Не велам не е ефикасно тоа што го нудат, ама ако човек е агилен ќе седне ќе најде на гугл програма бесплатно, побогу не сакате билдери да бидете, ќе ограничите одредени намирници и ќе си правите вежби од јутјуб, зошто да и давам пари на Ана или на таа другата? Јас сум на друг пат, освен што сакам да слабеам, работам и на мускулатурата и зацврстување на цело тело. И тоа е многу потешко бидејќи си треба голема количина на храна и тоа не било каква туку високо протеинска. За губење килограми само е најлесно, ограничуваш количина на храна, се храниш со се што е здраво и не пазиш денес дали си изела доволно протеин или не. Вежбаш и пиеш вода и ќе има резултати. Но упорноста кај повеќето ја нема, па ај ќе се мотивирате кога ќе и го видите рамниот стомак и големиот газ на некоја што наплаќа за програми и откако ќе си дадете пари нормално ќе се придржувате до тоа што ви е дадено во програмата и нормално ќе има резултат. Ама резултатот не е благодарение на никој друг туку ВАС самите.
Дали некој има искуство со докторкава https://www.facebook.com/107617154468011/posts/133170811912645/ ? И она прави програми за вежбање после породување , ама не сум чула некое искуство, а и она нема објавено резултати од клиенти и слично.
Мајки кои доите, ме интересира колку килограми намаливте од кога се породивте? Јас еве веќе 12 месеци дојам, и постојано намалувам, првите месеци нагло изгубив десетина килограми, а сега месечно, по кило, две симнувам... Не знам дали е тоа нормално? Загрижена сум што мускулатурата ми е многу ослабната, иако еве вежбам чат пат кога ќе најдам време, пешачам повеќе, но како желе сум
Moeto e 2 meseci 5 kila iam simnato otkako sme doma. Niso posebno ne pravam za da se simnat samo cips ne kupuvam cesto poso ako iam doma sekoj den ke jadam
Јас качив 80 кг во 9ти месец, 4месеци по пораѓај сум 62.7 кг. Благо и тесто послабо и исто така газирано, вечера до 6,7 саат после тоа само вода. И вежбање нормално скоро секој ден или пешачење.
Утре 4 месеци ќе прави беба јас 21кг имам симнато. Точно кг како кога останав бремена. Искрено, ништо не пазев не внимавав на храна ниту пак вежбав ама не се радувам многу. Се плашам да не ослабам бетер и проѕирна дека ќе станам.