Точно .Еве и кажав дека и доењето влијае.Членката напред вика не доам. Значи за губење на желба за секс има многу фактори.Еве некои: Премора, некои жени се чуствуваат помалку привлечни,мајчиниот инстинкт се истакнува и мајката е свртена повеќе кон бебето, психичка состојба на мајката , на почетокот и самото тело не е спремно, проблеми итн . Да не набројувам уште. Битно е да не си ставаат под притисок жените и кога сакаат, се чуствуваат спремни ,да си уживаат во љубовта со партнерот.
Ексклузивно дојам веќе 6м. Од тежината од породување имам изгубено 10кг. И пак вагата надолу покажува сеуште.
Можно е после 7 недели од породување да добив? Ми заврши крварењето некаде после 30 дена, денес 51ви ден прокрварев. Со првото после 5 месеца добив и ова ми се виде мн рано. Не сум ни сигурна дали е редовен циклус.
Јас добив така, една недела крварев па една недела ништо и после тоа пак добив. Кај мене вака се случуваше и со првото дете се додека не намалив ептен подои. Преку една недела добивав
Темав ваљда се совпага со прашањето, не знаев кај да прашам, мидер ибаво шго стега каде да купам? И дали на вас ви помогнал? После не цел месец си се вратив на колажата од пред породување ама мускулатурата на стомакот уште е попуштена т.е. си имам уште стомаче па мислам мидер би ми завршил работа.
Јас сум 6м по пораѓај останаа уште 2 килца ама за нив тешко ми иде стојат два месеца не мрдат Стомакот остана зашо си имав стомаче па сеа дека се растегнало и плус ниско го носев никако да се намали, носев мидер ама без успех мислам џабе се стегав со денови Ако си немала стомак пред пораѓај ќе се собере рано е, плус ако доиш скроз ќе намалиш со кг Инаку добар мидер има во сара фешн на нбб
Салицилната к-на се користи ноќе, значи во ноќна рутина влегува. Еве една easy and simple - Миење - пена, гел Ексфолијатор - тоник или гел, никако груб пилинг Антиоксидант - Niacinamide + zink - за спречување да растат и да се прошируваат акните. - Protect and Repair Хидрирање - Hyaluronic acid серум Третирање - Salycilic acid серум - Healing Негување - хидратантна крема и слично Пред да почнеш да користиш салицилна киселина мора да провериш со кои други продукти се комбинира во бременост не се користи, а за доење не знам не сум проверила. Доколку не смее може Lactic acid со Niacinamide и тоа е win win комбинација. Од пред некоја година ги користам на The ordinary продуктите и мн ми се среди лицето. Јас во пубертет немав ниедна акна или бубулица и пред некоја година бап како тинејџер секаде. И бев по доктори и хормони испитување и свашта истерав на крај дојдоа до заклучок дека ми е време за бебе баш да видам дали сега нема да имам ниедна бубулица и ќе имам прекрасна кожа хаха сега за сега е муабетот рано ти е упте хормоните не ти се средени... П.с. Имаш на нет предлог рутини разгледај си најдобро си го познаваш телото и лицето.
Во врска со сексот. Имал ли некој болки при секс? Породена сум пред 2 ипол месеци, царски (природно не успеавме иако бев 10 прсти отворена - ако има тоа некоја врска), по 40 дена имавме односи но јас имам болки. Пробавме после тоа уште неколку пати но сеуште имам болка, како ѕидовите на вагината да ме болат. Имал ли некој вакво искуство?
Исто сум и јас, бев 10 прсти отворена но не успеавме природно, имам болки при односи, на крај кај мене излезе инфекција, земи си брис, провери со доктор.
Најчесто проблем е сувост на вагината поради хормоните. Ако е чисто сѐ после гинеколошки преглед, тогаш ова е проблемот. Лубрикант ќе ви заврши работа
Точно е. Пролактинот може да влијае врз хормоните и како што може заради доењето да изостанува циклус и овулација, може и желбата да е сведена на нула (сепак и желбата е во принцип резултат на хормони). Е сега кај секоја жена е индивидуално. Ама кај оние кои и немаат циклус подолго време (повеќе од 6-7 месеци), обично желбата е нешто помала.
Јас сум со желба ама страв ми е...не отидов на контрола тежок идиот сум ама некако не најдов време. Плус и двајцата си се зезаме дека и да сакаме како што сме неотспиени и уморно ќе треба со виртуални наочари како во оној филмот со Силвестер Сталоне кога го одмрзнуваат во иднината...да си тера програм док ми спавамо
Малиов за некој ден ќе прави 2 месеци, а од минатата недела почна страшно да ми паѓа. Имам мн густа коса, така да ќе добијам природно ретчење.