Mi se cinese deka utnav malce Kako se porodiv tv ne sum uklucila, sea muz mi pusti za tenis i fudbal....netflixot ne znam ni zaso go plakam uste
Да ве прашам, дали некоја се соочила со исто. Природно се породив, не бев сечена но сама распукав и бев многу шиена. И внатре и надвор. Скоро 4 месеци од пораѓај реков да видам дали се познава лузна од шиеното, но сапрајз имам 2 големи топчиња како хемороиди на самиот влез (и таму имав конци). Претпоставувам дека е од лошо шиење, па дали некоја мајка се соочила со ваков проблем и како го решила. Да напоменам дека не болат само се видливи и лошо изгледаат.
@PurpleMind ај види, мислам ти имаше пишано дека имаш исто топче. . . . А со потењето шо прајме? Ја се потев и пред да останам бремена, ама сега ова е страшно нема место од кај шо не излегува пот. Налет потењето, миризбата на сецкан кромид ме убива, и тоа само под левата пазува. Пробав рол он, антиперспирант, природни, со и без алуминиумски соли, Н И Ш Т О. Читав со триење на сода бикарбона после туширање се намалува миризбата, за некое чудо проработи но не ми е ова крајно решение, не знам ни дали и колку е здраво. Се регулира потењето со месеците како опаѓањето на косата или послабо?
се регулира, немај гајле. И јас си смрдев ама кратко, два месеци преку сила. Сода бикарбона ти е целосно безбедна.
И јас имав едно од првиот пораѓај, стоеше неколку години, но веќе скроз се повлече. Поминати се 7 години, но мислам го немам веќе 2-3 години.
I mene me nervirase potenjeto ama ke se sredi kaj sekoj razlicno trae kako i se drugo. Jas mislam posle mesec-mesec i pol pocnav normalno da se potam
Абе 6 месеци ми е мене бебето јас живеам во поладна држава и врелините овде тек сеа почнуваат, затоа сеа почнав поизразено да се потам
редовно си миксам сода бикарбона со гелот за туширање кога тријам пазуви. па после втора рака само со гел за туширање. немам гајле до наредно туширање што гледам да не си дозволам да биде подолго од 24 часа.
Кај мене имаше такво топче, но ова беше веднаш после пораѓајот(подоцна увидов дека најверојатно е оток). И да, бев лошо зашиена, сеуште можам да видам неправилност и се случува да имам болка при секс баш кај местото кај што сум шиена.
Денес ми изваде конци од резот и ми вика на контрола по 3 месеци. Зарем не е многу тоа? друго, мидер може да носиш, да пешачиш нормално, да се мијаш нормално, само не бриши прозори - е ова ми се совети од докторкава, а јас породена пред 9 дена со царски. Точна е женава и дали мидер носите и од кај да купам? п.с и прслук за доење си викам ќе ми треба, таман со мидеров да купам. Денес без прслук излегов за на контрола, им влегов таму со кругови на фустанот
Се можеш да правиш од потези, бањање и негување. Ама никако да не влечеш правосмукалки по дома и да се отповаруваш со чистење. Е сега можеш да измиеш садови и такви лесни работи, важно никако да не правиш тешки и исцрпувачки работи. Јас не носев првиот месец мидер од причина што мн се потев и тој што требаше да го носам ми беше мн груб па ми беше страв. Ако купуваш купи си некој што нема да те притиска кај раната, има такви на преклоп или со машко женско нитни како прслук. За прслук за доење јас од Кали си имав купено уште во бременост мислејки дека нема да ми требаат нели најнормални ќе си носам ама тие ептен ми се погодија. За жал етикетите ми се исечени не знам да ти кажам дали се на Есмара или некоја друга фирма. Јас прслуците од Стружанка би ги запалила еве мене не ми се удобни плус се бели што јас не сакам бел долен веш. Исто имам од ПатПат два едниот е мн топ другиот е како самар. Гледај да се откопчуваат од сите страни и да имаат широки прекорамки. И да најбитното е немој да не се храниш добро. Јас колабирав првата недела дома од што не се хранев како што треба
Девојки ме интересира дали некој се соочил со следниов проблем ко мене. Породена сум скоро 6 месеци со царски рез. Значи немам никакви здраствени проблеми ниту пак имав нешто после породувањето. Од еднаш денес почна да ме боли доле исто како што ме болеше во бременост доле од напон од што го носев бебето. Значи кога стојам , кога идам и кога сум само на една нога пример кога се облакам ме боли доле , истата болка е кога бев трудна. Дали некој се соочил со ваков проблем да ми каже бидејќи не сум во Скопје во странство сум и се враќам др недела па од како ќе се вратам ќе идам на гинеколог
Јас го носев ниско и едвај се движев, срамната коска мислев готово толку беше неможев ни скали да качувам, се породив исто сум 6м по пораѓај царски, сега кога стојам на нозе подолго време или шетам или со малиот сум на земја едвај станувам едвај се движаам буквално истатта болка ја имам Тогаш докторот ми рече дека ќе се смири кај мене плус и бутните коски мк се раширија па ми рече на ортопед за некаков појас за да се вратат ама ете за мене нема време никако за да идам да се проверам