Мајки со царски ви има на некоја дојдено? Колку крваревте после пораѓај? Јас сум 2 недели породена, првата недела малку крварев и толку. Една недела ништо, и вчера заприметив многу малку темно кафено како пред идење и толку, денес немав ништо. Сега нешто големово ме изнервира, малку викнав и наеднаш пак почна сега ептен црвено, не како свежа крв розево туку апла црвено. На контрола бев минатата недела, ок се. Сега ова што е? Ми доаѓа не ми доаѓа си игра со мене - не разбирам. Од викањето се напнав може
До 40 дена нормално е да имаш па да немаш . Јас имав околу две недели после ми се смири па имав розрво па кафеаво и така во круг . Сега веке бебе 2 месеци префрли немам добиено и незнам ни дали ке добивам инаку го дојам
Мајки кога можам најбрзо да почнам со вежбање ? Втор пораѓај ми е , и стомакот ми е ужасен со голема наслага, ќе признам за оваа бременост се си јадев и еве ме сега со последици, неможам да се поднесам.
Мене гинекологот што ме пораѓаше ми рече дека можам да почнам со вежбање по месец-месец и пол, спонтано породена. Туку, лек за стриите има? На стомак, бутови немам ниедна, ама градите ми се како исчкрткани со ситни виолетови стрии, немам само на брадавките и ареолите. Многу лошо ми изгледаат
Ќе ти обелат сосема , па скоро и нема да ти се познаваат, носи градник обавезно ,никако немој да шеташ ни дома без ,за да колку толку не ти свиснат поради млекото ако доиш. А лек за стрии нема. Јас користев наводно био оил едно масло што го фалат многу но не ми помогна, користев мн масла доста скапи но ништо не ги "испегла" , добро е што обелија.
Пробај на guam има крема една доста ефективна, мене ми избледеа од маслото на еуцерин против стрии во бременост што се става сега не ми се познава ништо на градите.
еве 4ти месеци откако сум породена, и сега косата започна многу да ми опаѓа, колку време трае оваа опаѓање на косата, знам и со првото породување некаде 3ти/4ти месец започна да ми паѓа но не се сеќавам колку време траеше.....
Пишав во тема коса. Но еве и тука, знаете ли некој добар шампон/препарат против ова опаѓање на коса што е неминовно ?Цената не ми е битна
Не постои такво нешто бидејќи е хормонално опаѓањето после пораѓај ќе се среди со тек на време, само можеш да ставаш маска за коса за полесно да си ја расчешлуваш косата
И мене премногу ми паѓа…почна од 3 месеци сега веќе пет и пол уште малку…маж ми само го чисти сифонот пиев и пренатални као помогнувале ништо…шукур имам и густа коса па природно проретчување ова ми доаѓа ама што е многу многу е…само влакна е по подот
Исто и кај мене.Од 3 месец почна еве уште..значи влакна насекаде има..дека имам долга коса лом е,само туку чистиме низ дома.Ќе помине,период е.
Добро бе кога ќе престанам да потам олку многу значи 10м сум породена период си потев додека доев и потоа прекина еве сега пак ај што потам што мирисам на сецкан кромид
Жени јас одлучив 3м по царски да почнам со вежбање со summer challenge-от на Ана Стојанова. Од матичен имам зелено светло. Бидејќи дојам ќе јадам дополнително од менито на Ана, овошје и зеленчук сиров ќе гледам да е. Поминаа 3 месеци а јас останав на 68кг, барем 5 да спуштам и топ ќе сум. Мешево ко гума