Јас толку леб и благо не сум изела до пред да се породам колку пто изедов оваа година среќа сум слаба
Јас од секогаш сум поткаснувала благо повеќе, леб не баш. Најмногу си се свиѓам со 62-3кг, висока сум 173. Моментално имам 68кг, значи 5 мора да заминат. Со бебе 1 веднаш се вратив во форма, ама одев на работа и немав време за јадење. Сега по цел ден дома само глупости јадам
Јас имам понекогаш али сето тоа е од спондилозата така да не ја исклучувај можноста да е од тоа доколку имаш спондилоза. И јадете нормално не избегнувајте ништо само гледајте да е балансирано. Џабе ќе држите диета кога немате 8 саати врзан сон, а со бебе е доста тешко тоа да се изведе особено ако е плачливо, активно и се буди. Метаболизмот се забрзува со правилна исхрана, физичка активност и најважното спиењето.
Немам спондилоза, а и не сум на никаква диета. Едноставно, некогаш немам време за јадење и го скокам доручекот, бидејќи од сабајле сум сама со бебе. Често пати за ручек/вечера јадиме на смени со маж ми, за да има кој да е со бебе, ама се трудам барем тие два оброци да ги имам. За ручек обавезно јадам готвено и се трудам да пијам многу вода и течности. За сонот точно е, и да спијам 8ч, немам континуиран сон. Некогаш бебето станува по 5ч, ама некогаш и на 1ч.
И јас не доручкувам и одам шетам барем 2 саати сум надвор али штом не си наспан џабе е се телото е изморено. Затоа стално викам блазеси им на тие што имаат мирни бебиња
Јас имам мирно бебе, ама и едно 2.5 годишно девојче што има моторче во газот Да беше и синко како ќерчево ќе полудев до сега
После колку време од пораѓај ќе си ја вратам старата тежина ми се плаче…. Почнав бременост со 75кг а ја завршив со 93… сега имам 84 и еве веќе еден месец држам диета 8/16, после 18ч само вода ни грам немам симнато… Три ипол месеци од пораѓај… немам надеж дека ќе се вратам, цел месец на диета и пак цупкам у место
Мој совет е вежбање, физичка активност.. Јас вежбам 2 месеци веќе, ретко ден да пропуштам, дел вежбам дома, два дена неделно трчам 5км. На храна не пазам баш освен што гледам поздраво да се хранам ама диети не правам. И благо си јадам и леб и тестенини. И кај мене има 3 и пол месеци од пораѓај. Премногу се поправив 24 кила. Почнав со 54, завршив со 78. Сега имам 60/1. Изгубив околу 18 кг досега. Уште 4 да симнам ми е целта за да си бидам нормална за мојата висина. Тие 4 кила ми се сите околу стомакот, а таму најтешко ми оди некако ама ќе биде Погоре во темава имам ставено линк до online тренинг што јас го следам. Не е тешко а има резултати, пробај.
Јас јадам по менито на Ана само со зголемена количина секако си додавам што сакам. Нема малку јадење во програмата баш напротив си има и ужина и вечера и се. Јадам околу 2000 кал дневно. Тоа што не треба да се јаде го мењам пример не јадам леќа, грав, грашок.А имам и млеко...Ана никаде не кажува дека е за доилки и пишува дека треба да се исконсултираш со доктор.Пред некој ден имаше пишано. Искрено мн луѓе околу мене се на најзината програма и гледам убаво им влијае дали се повеќе мотивирани. дури во оној прирачникот за доилки има мн исти работи како во програмата
Мене искрено вежбањето потешко ми е од кратење храна. Денеска бев очај, се надевам утре ќе сум поупорна..
Инаку косата ми падна буквално цела за крстко време изгледа на време треба да си купам перика. Некој ги имаше споделено во соба за доење на Солгат - Кожа, коса и нокти- апчињата ама ги немаше во Зегин и купив на Мерц. Ги испофалија сите околу мене па ќе видиме. Макар јас мислам дека хормонски е неизбежно паѓањето зашто па во бременост едно влакно не ми падна...
Ајде де не се демотивирај, ние сакаме преку ноќ се, колку време немаме ништо мрднато. Нормално е дека и ќе немаш кондиција и желба и се. Утре ќе биде подобро. Секој ден се повеќе ќе зголемуваш и мотив и капацитет.Плус топлово ептен за вежбање е. Јас се мислев дали да се приклучам и на крај не се приклучив...
Се надевам така ќе е Па и забавно ни е, ќерче се тргне околу мене, ме прескокнува, поминува под мене Требало да се приклучиш, ќе се бодревме и овде..
Леле јас закочена со времево сум. Ни Ана ни мајка Јана ги знам со режимиве. И мене потешко ми е со вежбање, ај со храна може ќе можам. Денес облеков едни панталони, минатата недела ги купив. Лелееее стомаков, дека со висок струк се, мислиш гас имам напред, не стомак. И мајка ми ми се насмеј рече не маме, не си за нив. Добро кај гледав ко ги купував?! А баш ко ги земав девојчето ме прашува: трудна си?! Јас ваква: налет тоа, облеков едни од сестра ми со долга туника, нормално незакопчани, скроз распетлани. Арно што не ми паднаа по пат, мора да се слабее
И јас со иста мака породена царски пред 50 дена, почнав бременост со 68, стасав до 87, сега имам 78, носам мидер, се тешам рано е уште, ама мевов како гајда, апсолутно ништо не ме собира, пробувам фустани низ продавнициве смешна сум си, шаторско крило таман ќе ми биде. Ќе почнам набрзо со програмата на Мери @mojafitnessmama е на инста, ама никако да си скратам до тогаш ребренце, чипсче, аперолче. И за прв пат у живот ќе носам едноделен купаќ
Прерано е стомак да се сплеска жени, знам, свесна сум, ама сакам барем да знам дека барем не сум се претрупала со 2 Кроасани, 1 Чоколада и пет кришки леб во еден ден. Стомак здравје за 6 месеци ќе се намали, матката да се врати колку толку, а и да дојде менструација па мислам дури тогаш ќе се среди.