Јас се поправив 12кг во бременоста и во првите 10 дена по пораѓај имав 10кг минус, сега после 7 месеци сум уште 5кг помалку од тежината пред бременост, секој организам е различен, кај повеќето жени и самото доење придонесува да се намали во тежина, на пр јас дојам ништо не се скратувам од храна па намалувам на тежина.
Јас со 82 отидов на пораѓај, + 20 од моја тежина ги качив после 7ми месец незнам како а ич нејадев повраќав, после пораѓај дека со царски дома кога дојдов бев -7, па до кеај на првиот месец -12, до 6ти месец 65кг бев и сеа 9м после пораѓај -1 од пред да останам бремена АЛИ стомакот е тукаааа и сум пресмешна слаби екстремитети со стомаче ме прашуваат дали пак сум трудна
Два месеци по породување - 17 кила сум ваква бев кога се качив на вага да се измерам. Не држам диети ни вежбам. Мислам дека секое тело е различно и различно реагира. Очекував дека ќе бидам огромна трудница и после тоа дека тешко ќе ги симнам килограмите искочи сосема спротивно. 9 кила качив во цела бременост. Стрии ми се појавија околу папокот ама си ветив во деновите кога се молев за бебе, дека секоја една стрија ќе ја сакам, затоа што живот донела. Затоа мислам дека не треба никоја жена да си создава притисок да се врати веднаш во форма. Жени, мајки кралици сте, со плус или минус килограми
Мајки дали на некоја и се има случено истото.Јас приметив додека крварев многу ми се намалуваа килограмите,кога ми престана крварењето застанав на таа килажа и толку. А многу внимавам што јадам,леб,тестенини и благо ми се сведени ептен на минимум скоро и ич не ги јадам,се мислам како ке ослабнам а имам многу за симнување. Среќа што после породувањето бев веке минус 10 и за месец дена уште 7 ама многу качив во бременоста и имам уште многу за симнување.
Колку време помина од пораѓај? Не може за еден месец да се симнат знаеш.. Јас сега после 8м сум -20кг од таа килажа со која бев на пораѓај, а -10 од стартната килажа во бременост. Не јадам леб,тесто,благо,пржено, и не очекував за месец-два да ги симнам.. Еве траеше подолго, но со успех секако.
Секој организам и тело се различни. Некој додека дојат не слабеат, напротив се поправаат, некој слабеат. Се е индивидуално. Највеќе што можеш да направиш е да се храниш здраво и да вежбаш, никако да се изгладнуваш, поготово не ако доиш. Плус колку што знам сега тазе си породена и нема потреба да се секираш не е поминато кој знае колку време.
@Chanell* @Andrejaaaaaa фала ви женски. Јасно ми е дека за толку кратко време не можам да ослабнам,но пуста желба да си ја облечам облеката од пред бременоста Во ништо не ме собира,уште си ѓи носам трудничките
Јас неколку дена после пораѓај, 10, 15 од прилика кога пробав да облечам стари фармерки не ми влегуваа воопшто. После некоку дена од тогаш влегов, но закопување ни под точка разно. Измеѓу дупката и копчето имаше мин 20см разлика. Наредно облакање за некој ден ги закопчав веќе. Така да постепено ќе биде. Си тоа што јас се поправив 17кг.. Дај му на телото време колку и да му треба. Ти донело живот
Мене 20 дена постпартум.ме собираат фармерките од пред бременоста. Мешето уште малку ми се познава, ама баш пред да останам бремена бев здебелена 2кг, така што скоро иста сум како тогаш. На вага уште не сум се качила, не ми менува ништо килажата сѐ додека алиштата ме собираат. Сега поради тоа што дојам јадам многу повеќе отколку во бременоста и постојано сум гладна, се надевам дека нема да ми се врати мешето од тоа.
Незнам која тема е соодветна за прашањево, ќе пишам тука. Косата ми паѓа многу, премногу. Бев кај матичната ми вика нормално е, се е во ред. Ќе оќелавам вака ако продолжи. Кога престанува косата да паѓа? Дали да превземам нешто, на пример шампони, некои витамини плус?
Ќе помине мајка,мене до 6 месец ми паѓаше ептен,дома беше насекаде влакна,дека имам црна долга коса,има и сега де,ама се намали ,не паѓа како што беше после пораѓај.,така да трпение.
Леле многу почна ме нервира. Уф се надевам и кај мене до 6 месеци, ќе намали. Ако остане коса до тогаш секако. Исто имав долга црна коса, ама ја скратив. Цело време само собрана, ми здосади. Дома влакна насекаде, џогирам секоја вечер не можам да гледам влакна
Баш отворив во темава за истово да прашам. Јас помислив дека нема да ми паѓа веќе 3 месеци направи бебка, ама сум се излажалаа.. Последнава недела леле страшно ми паѓа... сакам некој шампон да земам и јас да пробам оти незнам што ќе правам вака
Odkaj 3 mesec na beba pocna da paga utre sum na frizer se mislam epten kratko da ja sisam edvaj cekam. Ne se dousisuva doma,mojata plava e pa pak e nasekade. Dzabe kosava i onaka se vo repce e deka beba faka. Nema lek vreme da.projde moj sovet sisni se so vreme
@Oneo @Naatashka123 исто е и кај мене, сифон по секое капење почнав да чистам, паѓа ненормално. Знам дека ништо не помага па си чекам да помине само, да се средат хормоните. Јас чекам да добијам па да има некој надеж си викам тогаш ќе попрестане, па и може и стомаков ќе се поприбере..
Добро е што така е и кај вас, јас одма паничам. Ќе те чекаме да пишиш дали се среди тогаш.Јас баш вчера бев кај матичната за пап тест, вика нема знаци за менструација добивање, така да ќе си почекам. Со кила сум супер, имам 2кг помалце од килажата со која ја започнав бременоста
Кај мене иста килажа ко пред бременост ама стомакот гајда Со првото добив на 40 дена, сега абер нема, ме нервира..
@Oneo @Naatashka123 ау не зборете за коса паѓање. Топки цели секој ден! После бањање уште повеќе. Ужас. Па тоа влакна црвени на сите страни дома Ептен густа коса имам и во бременоста ми се згусти уште толку, ама вака ако продолжи мислам и ја дека ќе оќелавам
И ти сакаш да добиеш??? Јас мислев единствена сум, гледам сите се радуваат што не им доаѓа, јас се нервирам