Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање во форма по породувањето

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 26 октомври 2012.

  1. TiniMini

    TiniMini Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2020
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Јас се здебелив во бременост повеќе од 15кг, после 2 недели одкако се породив имав - 10. Од тогаш па еве веќе 7 месеци немам мрднато од таа килажа :(
    Не споро туку ич не симнувам, катастрофа :sweat:
     
    На Litlstar и Babycool им се допаѓа ова.
  2. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.506
    Допаѓања:
    8.703
    Пол:
    Женски
    А вежбаш нешто, исхрана како?
    Јас почнав да вежбам пред 10 дена, 2 месеци после пораѓај ама се лајт вежби зашто се уште ме наболнува раната при замор :mm:
     
  3. Delfinmarta

    Delfinmarta Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Јас 15кг се поправив, кога си дојдов од болница со 2кг бев плус за една недела се вратив на килажа како кога останав бремена но стомакот е тука. Породена пред 4ипол месеци со царски но сеуште немам почнато со вежбање поради појава на кила во консултација со др после 6 месеци. Вие што мислите
     
  4. TiniMini

    TiniMini Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2020
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Не вежбам, никако од обврски да стигнам да вежбам. За јадење првите месеци имав многу апетит а и благото не можам да го исфрлам, тешко ми оди :|
    Сама сум крива, добро е и што не накачувам уште
     
  5. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.506
    Допаѓања:
    8.703
    Пол:
    Женски
    Јас пред бременост многу вежбав и бев баш во форма и се консултирав со 2 докторки гинеколози околу вежбањето после царски. Вежбање ми рекоа може после 8 до 12 недели, секако прво на преглед и лесни вежби на почеток ама стомачни вежби никако пред 6 месеци, бидејќи за целосно заздравување на матка и мускули после царски биле потребни 9 до 10 месеци
     
  6. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.774
    Допаѓања:
    17.583
    Пол:
    Женски
    Јас 9кг. се здебелив во бременоста,ги изгубив после 2 месеци од породувањето. Сега 5 месеци породена, имам ослабнато уште 4кг. Не внимавам на исхрана, и не вежбам. Имам бебе од 8кг па доволни е да го легнам-станам неколку пати или да го држам во раце дури работам нешто, како да сум вежбала 2 сати ми иди :rofl:
    Јас цел живот тешко слабеам, да не е кај тебе така .
     
    На nevermet18, lovely91, Pacient srna и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.944
    Допаѓања:
    4.830
    Пол:
    Женски
    Во бременоста качив скоро 20 кг, додека се измолзував симнувам ненормално бргу кг додјов н тежината пред бременост. Прекинав Потоа качив 2-3 кг , и еве сега после 1г и 2 м сум -2 кг од пред бременост. Само со ихрана, почнував да вежбам неколку пати ама за месец се откажував мн напорно ми беше, сега пак че морам да почнам со вежбање поради проблеми со здравјето и нема откажување.
     
    На Babycool му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.506
    Допаѓања:
    8.703
    Пол:
    Женски
    Па не дека сум имала потреба во овие 30 години да слабеам, да знам дал лесно или тешко слабеам :D.
    Ти ништо не си се здебелила, што се 9 кила, бебе, вода, плацента. Ја прв триместар 9 кила качив :$
     
    На Oneo и Babycool им се допаѓа ова.
  9. Babycool

    Babycool Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    А јас што качив 31кг. во бременоста :|
    Но на добар пат сум за 2ипол месеци симнав 23кг. ми остануват уште 8кг.
    Внимаван на исхраната,леб не јадам знам некој ден благо да си апнам ама има денови кога душата ми сака.
    Е сега сум во план да почнам да вежбам. Дали имате искуство со орбитрек,ќе имам ефект со него или ич да не се форсирам?
     
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Супер е орбитрек, кардио вежба. Вежбај на него 3/4 пати неделно по 45/60 мин.
     
    На Babycool му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sandra Di Kazmo

    Sandra Di Kazmo Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2021
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    113
    Не дека нема има ама многу мало подобрување, тоа и мислев некој ако има искуство да кажи колку време му беше потребно. Епа ќе терам вака уште некое време ако не на доктор ќе одам оти имам и болки во половината па претпоставувам се од тоа, бидејќи ги немав претходно.
     
  12. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.944
    Допаѓања:
    4.830
    Пол:
    Женски
    Само трпеливо не се откажувај, прави ги вежбите и следи.
     
  13. Sandra Di Kazmo

    Sandra Di Kazmo Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2021
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    113
    Нее мора то е најмногу заради болките во половината па после и за другото иначе јас бременоста ја почнав со 64 ја завршив со 68 кг сега имам 66. Да се надоврзам на разговорите погоре.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.360
    Пол:
    Женски
    Се поправив околу 13 кила.7 недели после пораѓај сум минус 10 и не планирам повеќе да слабеам.После јануар ќе почнам со вежби..Туку вие што сте со царски каков беше првиот однос? Кај мене ептен болно (facepalm) Незнам дали е до операцијата или дека пола година ич немав секс.
     
  15. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.774
    Допаѓања:
    17.583
    Пол:
    Женски
    Никаков, како прв пат. Непријатно и болно. Дека цела бременост бев со лежење и ми беше строго забрането да имам односи, сега како од ново, како невиност да губам хахахаахах...
     
    На S.o.F.i, Slonce91, Naatashka123 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    Женски јас мислам дека не треба да се оптеретуваме толку многу со килажата во првата година после пораѓајот.
    Пред се глејте да сте здрави,нормално и вежбањето е здравје ама не се оптеретувајте!
    еве јас со двете деца,вежбав не викам не ама не нешто премногу да се замарам,повеќе за грбот да го ојачам.
    Како и да е во првата година и колку ти дозволуваат обврските ако доиш,ако неспиеш,па хормни додека се си дојде во нормала,ама ич не ми беше битно дали сум слаба или дебела.А и гајле ми беше кој како ќе рече битно да сум тука и здрава за детето
    сега откако второто направи 15 месеци почнав со активно вежбаше бидејки конечно имам повеќе време

    во секој случај да си кажам за моето искуство, во двете бремености качив 12 кила
    после пород се враќав дома со некој си 4,5 кила од тие 12
    со првото ми беше потешко враќањето на стомакот,после со второто што беше прилично брзо,за 9 месеци повторно останав бремена :)
    откако се породив со второто за 1 месец скроз ми се врати нормалната килажа,но со две мали деца јас турбо нагло ослабев,имам неколку теории за тоа слабеење незнам што е точно или може и се си придонело
    умор со две мали деца,доење ексклузивно (сум чула дека од доење се слабее многу,но незнам колку е точно) и плус корона имавме и од тоа можно е да ослабев толку,додека да направи второво 1 година јас се направив коски и кожа
    тек сега како што кажав најдов време и вежбам по активно и тек сега се осеќам задоволна бидејки пркнаа дечињата и без гржи си се посветувам на себе
     
    На Slonce91 и Babycool им се допаѓа ова.
  17. Babycool

    Babycool Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Почнав да вежбам вчера и денес по 20 мин. толку ми дозволуваат условите дома сама со бебе а и одма од старт да не претерам па да се воспалам цела :D постепено ке накачувам на повеке минути и секој ден ке вежбам решена сум да се вратам во форма :D
     
    На Slonce91, Skorpija25 и MissChievous им се допаѓа ова.
  18. Lili4e

    Lili4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.555
    Пол:
    Женски
    Јас со двете бремености по 12 кг качив, првиот пат одма ги симнав, без вежби без ништо.
    Вториот пат гледам потешко ми оди, и по 3 мес откако добив зелено светло од доктор, се запишав кај моја фитнес мама, лесни вежби плус храна со нутриционист супер ми дојде програмот, симнав 5кг. Исто за дијастаз ве читав погоре, освен вежбите (има на you tube) друг начин тешко да се намали, поготово ако е над 2 прста.
    Заврши тој програм викам и сега што, некако убаво ми е со лесни вежби и некој менито да ми го составува, и почнав еве трета недела кај Ана.
    Има резултати, хранава ми е супер, не сум била во животов активна, ама сега спонтано со програмиве ми дојде и многу поддршка од мм.
    Инаку дента на порагај бев 75кг сега сум 64 кг и два царски позади мене, со 4+++ мес бебе. Вежбам навечер и стварно ми е супер. Ранава ич не ја осеќам :)
     
    На Slonce91, Chuchanov, Филотеа и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Artemida81

    Artemida81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    354
    Пол:
    Женски
    здраво, дали знаете некоја крема/лосион за намалување целулит што може да се користи додека дојам? знам најголем дел не се дозволени, но да прашам можеби има некоја што не ми е позната. фала ви.поздрав
     
  20. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.774
    Допаѓања:
    17.583
    Пол:
    Женски
    Каде сакаш да мачкаш?
    Зошто не се дозволени ? На пример ако мачкаш на нозете, каква штета би имало за бебето ?
     
    На Artemida81 и Chuchanov им се допаѓа ова.