Јас дојам, и досега не ми текнало дали нешто смеам или не да ставам на кожа. Мачкам се што имам по дома низ тело, нормално не јаки мириси, поготово на гради
Тешко целулит со крема да го снема, за џабе пари фрлање. Антицелулитни масажи и мадеро моја препорака.
нозе планирам ама мислам дека на тоа на алкалоид на пр. пишуваше дека не се препорачува. го фрлив шишето а на нет кај нив не прочитав...
Јас вежбам по програмата на Ана, задоволнa сум иако не можам целосно да се придржувам на оброците. Бебе ми е 3м, останав бремена со 61кг, се здебелов 18кг во бременоста, а сега имам 63, ама пак имам стомаче. Ќе бидам задоволна кога ќе ми се повлече стомачето. Со првото ми требаа 7 8 месеци да ми сплсне стомакот, ама и не вежбав толку рано. На првиот роденден бев послаба од пред да родам. Сега ќе видиме како ќе биде. Како и да е, покрај слабеењето, се чувствувам преубаво после тренинг, поенергична сум и поорганизирана.
Јас имав се баталено од козметики откако останав бремена Ако фатиш да читаш по нет скоро се е штетно И сега си внимавам ама реално неможе да ги заштитиме од с
Мене искрено ми нема логика ова со кремиве дека му штетеле на бебето. Така ако се фаќаме за се и воздухов е загаден надвор, ни влага во крвоток, дај да не дишеме
се впива преку кожата, не преку директен допир. и затоа прашувам тука ако има некој поупатен од мене, јас не сум многу запознаена.
Мене педијатар ми кажа не се користат антицелулитни креми ако си доилка. Целулитот, поточно масното ткиво во организмот е место каде што се собираат токсините, и со негово топење и разградување преку масажите со креми, тие се исфрлаат преку телесните течности, вклучително и мајчиното млеко. Сите имаме целулит после бременост, хормонски е, потешко се разградува, ама не е невозможно. Може да почекате една година, ништо нема да ви смени. Правете како сакате, на крај изборот е ваш.
Здраво. Се породив пред 3 недели.. Имав лесна нормална бременост и природно породување со епидурал. Бебеето е супер а и го дојам. Во бременоста качив 10кг,е сега прашаеето ми е дали е нормално да за овај период од 3 неддли немам апетит а и ослабев видливо така што гардеробата од претходно дури и широка ми е.. Дали некоја од вас има искуство вакво, дали е нормално или треба да се загрижам за своето здравје?
Јас имав слично искуство, без апетит, ослабев и тежината ми е помалку од пред бременост. Со тек на време ми се врати аптетиот и како стекнавме рутина со бебе и се навикнавме, почна да ми се враќа полека желбата за јадење. Да си дадеш време и пробај да јадеш 3 оброка, не мора да се големи ако не ти се јаде, пиј вода да бидеш хидрирана, во меѓувреме грицкај нешто, не се оставај без јадење заради здравјето и доењето колку и да немаш апетит
Дали стриите ќе избелат? 4 недели откако се породив уште ми се црвени како на почеток кога се појавија. И за линијата на средина на стомакот отприлика за колку време ви се изгуби вас?
Скоро 6 месеци од кога сум породена стриите ми се многу малку обледени. Ама уште се црвени и се познаваат. треба подолго време
3 ипол месеци породена, вратена на стара килажа, линеа негра си стои, стриите си стојат. За стрии да обледат треба подолг период. Јас имам од пубертет на бутовите, тек после долги години обелеа ама ако се загледаш убаво се приметуваат.