Јас добив 40 дена после пораѓај, па после пак бебе кога наполни 4 месеци. Нормален мензис, исто како претходно само што апсолутно никакви симптоми за добивање немав, а пред да останам бремена имав ужасен ПМС со нервни испади
Ја имам доста бело прање, шо не е било случај до сега. Ме тера у лудило, само ми се јаде, како дупната сум. Вака ни пред да добивам ми се нема случувано. Се надевам нема да дојде толку рано.
Сигурно знаеш дека не треба да јадеш обилно за да имаш млеко, туку треба да пиеш и тоа по можност повеќето да е вода. Јас само што направив 40 дена сменив исхрана ( исфрлив бело брашно, млечни производи, бел шеќер и зејтин, прженици, секаков вид на сокови ). Значи јадев шејкови, овесни снегулки, јајца, палента, месо зеленчук варен, манџи без запршки.... Пробај еден месец...не фрлај пари, прво пробај вака. Ќе видиш ефект! Инаку бебе ми се смири од грчеви одкако ја сменив исхраната...сега и да сакам да јадам пак од тоа претходно што јадев не можам поради него
Можеби веќе доцнам со одговорот што ти е потребен, но јас почнав да вежбам веднаш после 40 дена. Ми кажаа дека доколку не крварам смеам да вежбам. Инаку не сум некој вежбач од претходно, ама чувствував потреба. *Породена природно, сечена и шиена.
Nema nikakva pricina za da ne se sportuva, sekako otkako ke se oporavis. Drugarka za polu maraton se spremase dodeka bese na porodilno, i go istrca. Da napomenam deka si doese najnormalno.
Женски тие што сте со царски рез, кога почнавте да вежбате? Сакам да почнам малку орбитрејк, бебе има 2месеци ама страв ми е за раната Во бременоста си бев таман, сега подебела сум од кога се породив...
Јас почнав кога бебе имаше 2 месеци ама ме болеше раната и прекинав. После тоа ќерка ми многу темпераментна стана и немам сила за вежбање. Ама темпераментно бебе значи губење килажа и сега 5 месеци после пораѓај имам помалце кила него пред.
Вежбање постпородилни вежби за месец дена од пораѓај почнав. Се запишав на таква програма Мајки херојки и реално бев со најмало бебе таму иако сите горе доле бевме тазе породени. Ова мислам траеше 2 месеци, не ме фаќајте за збор. После оваа програма, вежбите за дијастаз си ги правев секое утро задолжително а продолжив со друга програма Тотал боди воркаут еден месец па уште еден месец ЕМС тренинзи со струја и после пак Тотал боди воркаут во континуитет. Ги испробав сите онлајн вежбачки за кога изгубив мотивација за онлајн вежбање да си продолжам во сала регулар. Плус пешачење фамилијарно секоја приквечерина по над 4 км. Режим на исхрана едноставен, содржински и квалитетен. Протеини и зеленчуци неограничено и колку ми душа сака, супи, чорби и манџи, здрави маснотии. Малку овошје и целозрнести јагле хидрати. Овој тип на исхрана ни е и секојдневие а комбинирано со физичка активност ми е добитна комбинација за враќање во нормала за пола година после пораѓај. Вежбајте дијастаз вежби обавезно! После првото дете 4 години имав породилен стомак иако со килажа бев вратена. После второво за 4 месеци со упорно вежбање дијастаз го снемав стомакот Со третово ќе видиме, ама генерално и во бременост сум дисциплинирана и со храна и со лесни труднички вежби па имам по околу 10 кг за симнување кои на погореопишаниот начин си ги симнувам
Има секаде по нетов ако срчнеш. Јас следам и некои инста профили што го најдов баш срчајки и има избор. Истегнувања се повеќе, вакум собирање на стомак, допирање до под со раце… такви некои
Никогаш сум немала проблеми со првут, а еве сега гледам, 2 недели по породувањето, дека имам првут и ужасно ми смета. Се повлекува сам по некое време или треба сега и со тоа да се замарам?
Здраво девојки Дали после породување посетувавте некој доктор за да провери до кај ви се стомачните мускули? Знам дека за време на бременост може да дојде до раздвојување, па тоа после го одолговлекува процесот на закрепнување и секако вежбањето.. Уште сум трудна, 7ми месец, ама уште сега сакам да си се припремам.. И едвај чекам да се породам за да почнам да вежбам затоа што се осеќам ко ѓуле и мислам дека ќе почнам да се тркалам уште малку....
Со лесно нека е мама Не знам за доктор. Нека биде се како што треба, кога ќе дојде време ќе си почнеш. Има на нет еден куп вежби за дијастаз. А може и нема да ти требаат . Зависи и до организмот. Јас на пример бев 11 кг во бременост и уште првиот месец се вратив на килажата со која останав бремена без вежбање а имав бајаги голем стомак. Исто мислев дека веднаш ќе треба да се фрлам на вежбање. Баш на пораѓај бабицата памтам рече докторе според стомаков бебето е сигурно големо (над 4 кг) . А бебка се роди 3300.
Мене ме прашуваа дали носам близнаци, и тоа во повеќе наврати. Тогаш ич не ми беше смешно зошто свесна бев колкав ми е стомакот, уште непознати од улица ми фалеа да ме фрустрираат дур сум у друго стање. ОГРОМЕН беше и пак сум спремна дека ќе е диносаурус јајце ко да сум голтнала и ќе ми стои хоризонтално фронтално, испред мене Ама проаѓа, и дијастаз над 3 прста, со вежбање, истегање, соодветни вежби го решив за 4 месеци. Така да, без грижи, се оправа се. Со лесноо!
Фала ви мнооогу Ептен сум анксиозна на темава уште од старт на бременоста. Пред бременост вежбав 6 пати неделно, висок интензитет.. И многу лошо ми влијае на психа промената на телото.. Ептен си го сакам мешето и се што прави телово го ценам премногу и сум преблагодарна.. Ама ете, чудна работа е мозокот Се надевам ќе се вратам брзо на старо со бебчо Ептен сте ми утеха кога ве читам, така што фала ви премногу уште еднаш
Здраво Дали е можна алергија од мајчино млеко кај мајката? Имам осип и чешање на градите, под вратот и на рацете, односно секаде каде што се допира бебуш, а на него нема ништо. Чудно ми е да е од прашок пошто користам органскк и на природна база, Clean на Belina, па затоа се мислам да не има шанси да ми е од млекото?