Абе само сега саат ипол рипав скокав со неа во кенгур. Зошто стагнирам не ми е јасно не јадам ни помалку ни повеќе од првиот месец. Тоа е кога се симнат тогаш. Кај некого порано кај некого покасно
Добро тоа повеќе ми има логика барем си во минус. Игра улога и дали си се мерела на гладно двата пати. Наутро меже да си 75кг, навечер 76кг. Ама па бебето да е 4кг, а да се врстис со 2кг @Anaroz1 Па во раце да го држеше и да се мереше не е возможно, не па води, чуда. Немој да ме сфаќаш погрешно, не мислам дека лажеш, само некој друг детал е во прашање што не го знаеме.
Леле жено исто хаха. Уште 5 кг ми се останати за да дојдам до старата килажа. Ама многу ми се јаде благо особено плус и течности пијам многу за млеко да има и не знам што да се прави. Само викам од утре внимавам и супер ќе го почнам денот со овесна каша, ручек исто месо со салата и вечерта чоколадото ќе го фатам или уште полошо смоки. Хахаха Мајка само активност физичка и без благо и леб и најбитно дисциплина. Можеби и не треба строго воздржување ама јадење со мера. Ајде мајка ќе биде. Мајка како правиш со градите? Јас сакав исто да почнам да трчам, трчав по малку пред бременост вежбав редовно, ама не знам со градиве како ќе поминам.
и давам да цица пред да излезам, облакам спортки градник и ставам влошки за гради, не сум имала никаков проблем до сеа, а имам доста млеко
Од двете гради цица? Мали мој еден подој му е од една града, не можам двете да му ги нудам брзо се најадува и не сака кога му менувам.
исто еден подој ни е од една града, некогаш пред да излезам ја измолзувам другата зависи колку ја осеќам тешка, некогаш не
Пред да забременам одев на лимфни дренажи (во Promoitalia) заедно со криолиполиза. Ми помогна многу, скоро исчистени ми беа нозете, а и немав заддршка на течности. За разлика од мадеротерапиите за кои можам да кажам дека немаа врска (барем во мојот случај). И стандард советите за повеќе вода пиење и вежбање..
По прекинувањето со доење, додуша и за време на доењето, градите ми се издишија и виснаа, а имам многу мали гради. Сакам да си купам сега нови градници но не знам какви. Имам од оние бралети без корпи и без жици, и градник за доење со корпи но без жица. Па сега со виснативе не знам каков градник да земам. Што велите вие?
Дали некоја има вежбано со Мери Амбросова (моја фитнес мама на инста) на програма Мајки Херојки? Дали навистина има резултати? Како се вежба за доилки (пред доење, после доење), каква и е исхраната на програмата?
Не знам дали е темава соодветна ама еве (од што немам време не сум отишла на доктор, ама во план ми е ). Негде 5-6 месец кога бев трудна ми се појави болка во срамна коска, пубична коска, симфиза, како и да се вика, за на крај веќе во 9 месец да не можам да одам како што треба од болка. Тогаш препишуваа на релаксирање мускули и сл. Арно ама еве и после 4ипол месеци јас уште осеќам болка минимална, поготово после пешачење или малку повеќе некој напор. Имал ли некој слично искуство ќе помине ли? Искрено најмногу ми е страв ако повторно останам бремена да не ми се појави од сам старт.
Мајки дали после пораѓај откако добивте циклус истиот редовен. После 4 месеци од пораѓај имав кафеавкаст исцедок и помина тоа после наредниот месец добив циклус и реков добро ќе се регулира ама овој месец еве не добив циклус. Дали е нормално и често ова или имам некој проблем да одам на доктор. Ексик ми од доктори и болници искрено имав ризична бременост па последните месеци лежев и само по доктори болници бев и сега имам некоја огромна одбивност. А бебето ми е на доење само и еден оброк цврста храна. Поздрав споделете искуства ве молам умирам од грижи си велам дост тешко е со две деца уште ми фали бременост или некој здравствен проблем
Јас добив вториот месец од породување, наредниот циклус ми беше редовен. Третиот пак се изремети, после 10 дена добив, ми траеше нецели 5. Можеш да идеш чисто до кај матичниот за ехо да си направиш ама мислам дека немаш причини за грижа. Треба време за да се регулира
После 40 дена добив циклус, па 3 мес немав, па добив кога бебе беше 4 мес, имав 2 мес и еве сега од февруари немам добиено. Бев на гинеколог, ми кажа дека пак станале неактивни јајниците поради пролактинот, зашто како што растеле бебињата повеќе цицале и се лачел повеќе пролактин.
Породена сум пред две недели, во 30та недела, денес прв пат на контрола одам кај докторката што ме пораѓаше. На ехото ми вика изгледа има калцификати на матката, дали некој имал слично искуство?
Јас уште не сум породена ама веќе размислувам за враќање во форма. Моментално сум 38+2 кај и да е треба да се породам. До сега имам качено 7 кг со тоа што кога останав бремена бев 74 а тоа е многу за мене. Се надевам дека по породувањето ќе ги изгубам барем овие 7 што ги качив, а потоа здравје отом потом ќе ги намалам и другите. Скоро сите обврски по дома ги вршам сама, плус имам двеипол годишен син дома, па сега и бебуш ќе пристигне и ќе видам баш дали ќе имам време и за јадење. Но шала на страна цврсто сум решена да си ја доведам фигурата во ред. Ќе треба и малку пазење на исхрана и вежбање но, само здравје пред се, мотивацијата ја имам.
Со бебе не ти треба вежбање. Ќе ослабеш ич да не се секираш. Јас се здебелив 22 кила, ослабев 25, 10 минути немам повежбано
Штом имаш желба ќе ослабеш. Јас почнав со вежби 45 дена по породување со второто бебе и еве сега сум слаба и ја имам истата линија како претходно, како да не сум родила.. Уште со девојче ми се обраќаат ако имам две деца покрај мене.. Треба многу упорност и дисциплина и со храна и вежби, не е лесно, ама се исплати трудот.