Јас!!! Со двете. Во бременост многу малку кила само стомак. После плус 10 ко да ми се разлеаа. Со првото синмав кога тргнав на работа. Дури и ославев ептен. Сега повторно тргам на работа, надежна дека ќе ослабам. И со 2 мали сум и нон стоп на нога и шетам и добив и џабе.
Смее да се вежба веднаш, доколку раната е добро залепена, нема исцедок или болка. Секако, не физичка активност како претходно, би ти препорачала прво соодветна почетна постпородилна програма, па потоа постепено прогресирање кон попредизвикувачки покомплексни движења. Јас почнав после 10 дена ама тоа сум јас, не советувам дека така можи или така треба. Само ќе кажам дека не е баш добро долго да се чека и веднаш да се скокне кон било каква активност. Особено ако има проблем како дијастаз, или други симптоми на притисок во стомакот, инконтиненција, кила и слично.
Со вежбање уште не сум почнала, иако ми дозволија веќе (пред 3ипол месеци царски се породив), ама со диета почнав. Протекал ја терам и искрено има одлични резултати, за 19 дена 10кг и 200 грама симнав. Да напоменам не дојдам повеќе, целосно сме на АД, не сакаше малата почма сама да се одбива кон 2ипол месеци
Колку треба да бидат во нормала д-димерите после царски? Се боцкав со клексани 5 6 дена и сега ми се 800 .. Ииии после колку време користевте мидер или појас после царски?
Jas se bockav 3 nedeli posle carski. Trebase 10 dena ama na kontrola visoki bea pa mi prodolzija. Mider ne nose
Здраво мајки. Породена сум царски пред 3ипол месеци. Стомакот ми беше огромен како и бебуш (4200 гр). После пораѓај ми остана повторно огромен, ко да сум 7ми месец трудна. Сега ми е ко 5ти месец Не се здебелив многу во бременоста, а сега сум 5кг плус од тоа пред да забременам со тоа што би рекла дека се вкупно 10кг вишок ама не е страшно. 174 сум висока и имам 80кг. Многу чудно ми изгледа стомакот. Над пупак е поголем него под пупак. Под пупакот ми е ко свиснат а над е потврд. Кога ќе легнам е рамен ама мек ко издишан балон. Дали има надеж дека ќе ми спадне мешлаков или да се помирам дека ќе ми е ваков чуден за цел живот? Мислам дека имам и 3 прсти дијастаз колку што успеав да измерам. Вежбам кога можам, поготово вежби за дијастаз. Знам дека не може преку ноќ ништо. Ако има некој со сличен да не речам проблем некој совет да ми даде или да сподели искуство. Носев и мидер ама многу ме стега кичма ме боли. Можда појас е подобра варијанта или исто е што знам. едит: и многу се потам умрев значи
По 3м мислам дека е рано да се врати стомакот. И јас така тој период изгледав и уште трудничките алишта си ги носев. Тек сега по 8м скоро ми е вратен во нормала. Сепак 3 прсти дијастаз мислам дека е многу и дека треба повеќе од вежби дома. Најдобро консултирај се со физиотерапевт.
Со опаѓање на коса како сте? Мене ми паѓа екстремно, со првото дете немав вакво искуство. Од премногу густа сега ми е катастрофа. Сите шампони и витамини ги пробав, нема спас. Си мислев и надградба да ставам, фризерот ме предомисли дека со таа количина на опаѓање нема да може да се одржува. Ужасно ми смета, хорор ми е и да влезам да се бањам кога ќе ми текне колку ќе ми падне во бањање ...
Трагикомично накај хорор. Сега како да забележувам мааааалце ама минимално намалено е опаѓањето, или така ми се чини мене. Кај паѓа, цело време ми е мрсна. Вчера се миев, утрово ми е мрсна. Како една недела да се немам миено. Свекрва ми се чуди, вика од понеделник до петок супер дома, за викенд знаеме дека Лејди е кај нас, по влакната буквално секаде има мои влакна. Нон стоп ми е врзана, почна и главава да ме боли. Вторник закажав ќе ја исшишам убааавп и ќе ја изретчам да видам дали има ефект.
Мене дури сега почна да ми паѓа, 2 месеци откако се породив. Не сакам воопшто да ми паѓа, а и не е фер да ми паѓа сега, пред да останам бремена скоро цела коса ми падна мислам за цел живот доволно ми падна.
Дали некој имал проблем со болки во колена после породување? Ги имав и во бременост ама после породување наместо да се намалат се зголемуваат, тешко ми е да станувам, седнувам, одам по скали...
Си пробала со Алпецин шампон против опаѓање? Мене само тоа ми помогна. Го ставам на мокра коса, чекам 5 мин па после измивам. И еден период пиев Б комплекс, ама не ги пиев редовно.
Да јас имам проблем. Во бременост немав толку како сега станување седнување и најтешкото кога го држам бебуш во раце седната итреба да станам со неа. Како се породи и кога?
Ништо, нормално е, ќе се врати во нормала. И мене прамени ми паѓаа, што викаш да ти е страв да се избањаш, не дај боже со прсти низ коса да поминеш, хорор. А каква коса си имав, ех. Мислам дека неможе баш да се спречи процесов, хормони се во прашање. Кај втори трети месец почна да ми паѓа, месец-два и се стабилизираше. Почнаа да растат нови, не можев да се гледам со тоа бебешките влакна и сега си направив шишки ама пак сум со антени . Фризерот ми вика низ цела коса имаш такви кратки нови влакненца, така да за 1 година ќе порасне.
Мајки мене лицето ми е отечено сеуште иако поминаа 3 недели од породувањето. Со царски бев да напоменам. Некој да сподели искуство не можам да се гледам веќе каква сум никаква .