Ниту јас ја следам ниту ми е омилена Затоа и прашав тука, некој да сподели нешто. Само видов дека новата програма и е за мајки и дека соработка има со сертифициран нутриционист
Не знам за Ана ама за "сертифициранава нутриционистка" знам дека откако роди дете анорексија има и се одржаваше во живот со семки од сончоглед. Не би слушала нејзнини совети.
InstaFit е за слабеење на цело тело, InstaBooty е за обликување на задникот. Прво да ослабнам, после задница ќе оформуваме.
На никој не верувам искрено да ти кажам, знам точно како треба да се хранам само полесно ми е кога одам негде пошто така се контролирам, вака сама по цел ден потпаѓам во искушенија
Јас ќе се пријавам, само па ич не ми е истражена оваа нутриционистка, а и зависи што цена ќе биде, ако се занесе многу ќе си уплатам кај Бубало + исхрана од др. Митов. Ептен ми е пошто се изнаслушав дека имале добри резултати, и дека тренинзите се по 15 - 20 минути, плус рецепти ќе има па нема да си тупам глава...
Пишаа веќе, 1300 месечно ќе биде или 3900 за 3 месеци, а програмата ќе биде достапна плус 2 месеци (значи вкупно 5). Денес секој втор е нутриционист и стручњак за исхрана, така да и да истражуваш истото ќе го најдеш кај сите. Мене ми се почнува заради мотивација и заради контрола, сама на себе кога сум оставена "секој понеделник почнувам да се оправам со јадењето" и "секое од утре почнувам да вежбам"
Мене ме плаши тоа исхраната колку уште ќе треба да поминувам време во кујна. Или па сега буквално нема да излезам. Кај за бебево по 3 пати на ден спремам сега уште и за мене посебно. Ако тоа е прилагодливо и не е толку страшно и јас би се пријавила. А денес и некој израсток ми се појави на стомакот како кога бев трудна и си помислив дека уште не ми се враатени органиве ко што треба. Морам под најитно да направам малку мускулна маса на себе.
Јас од претходните програми му давав и на синчето. Овесни каши, смути, американски палачинки, манџички. Се адаптира менито и за сите.
Исто вака со јогата, си се гледаме со подлогата по цел ден веќе накај 8 месеци. И еве пак си ја гледам само, а кичмава само да знае да вришти...
Се пријавив и јас кај Ана. Денес ќе уплатам. Ми пиша дека баш оваа програма ќе ми одговара, прилично лесна била. Се плашам да не има влијание врз лактацијата, ама пак подобро овошје/зеленчук да каснам отколку чоколадо. Ќе пробам,што биде нека биде.