Еве после 5 и пол месеци болките малку се намалија. Плус почнав да пијам колаген па ќе видиме дали ќе има ефект. Да појдеш на ортопед?
Ќе почекам уште малце таман малава кога ќе треба да ја носам на ортопед ако не ми помине до тогаш и за мене термин ќе закажам, а дали може колаген да се пие додека доиш?
Мајки јас пак сум ослабена почнувам да се плашам. Останав бремена со 54кг на пораѓај заминав со 64кг, а денес 6 недели после пораѓај имам 51кг. Тоа е -13 кг за месец и пол. Премногу сум ослабена кажете некое чаре
Ke si dojdes na sebe ne se sekiraj. Jas bev zdebelena 22kg pa posle oslabev poveke od toa. Koga prestanav da dojam si se vrativ na standardnata kilaz
Се поправив 6кг цела бременост, од 56 на 62, за 2м по пораѓај да имам 50кг. И така терав 8м, јадев ама никако да качев. Потоа почнав да се враќам, сега по 11м по порагај имам 57, ама и мешко многу ми рипна и ми е ептен мек. Ме нервира.
Очајна сум, ова не го очекував. Пред бременост варирав од 59 до 63кг, а во деветти месец бев 78 кг, значи минимум 15кг качив во бремениста . Пазев што јадам но не се движев и ми останаа вишок кила. После пораѓај се вратив дома со 5кг помалку, уште некое кило задржана вода отиде првиот месец, но останаа 7-10 кг вишок. Среќа и поддршка најдов во темата "морална поддршка за сите што сакаат да ослават" па за 3 месеци без многу пазење ослабев 5кг. Веќе еден месец одам и на фитнес и колку повеќе вежбам толку појасно ми станува дека телото никогаш нема да ми биде како пред бременост - вишок кожа на стомакот што не знам дали и колку ќе се собере, 4 месеци поминаа од пораѓањето - една две стриички под папокот - целулит немам само на ушите, цела сум налепена - лузната од царскиот што нема да помине никогаш - градите ми се меки, никакви, нема ни трага од цврстите гради пред бременост - цела сум мека, ко тесто - ми паѓа косата - таква каква што сум, немам никаква желба за секс и тоа е тоа што најмногу ме загрижува Сакав уште едно дете, но после ова, се си мислам дека нема психички да издржам уште една бременост. Не дека некогаш сум била топ модел, ама овој изглед ме удира на психа. По цели денови гледам пластични операции и третмани и секој ден одам во фитнес.
Истата качена и симната килажа по бременост ја имаме, стриите.. Пола коса одпадната, 5ти месец по бременоста и дојам и не ни можам да најдам време за вежбање дека бебе нон стоп во раце и пола ден сами двете дома, кога слушнав другарка ми покасно породена се врати на пп тежина се разочарав, но знам дека ќе помине време и ќе биде ок
Дај му бар 9 месеци на телото да се врати како што било. Никогаш повторно нема да е како што било,но делумно. Јас се вратив на старата килажа но телото не изгледа исто. Дали доиш?
За жал од нервозите а и заради други причини (бебе слабо цица, сака шише) пред некоја недела ми секна млекото. Затоа и почнав диета, веднаш штом секна.
Имаш премногу големи очекувања. Од еден месец вежбање и диета сакаш да бидеш како порано? Малку потешко тоа. Прво, на телото му требаат барем 9 месеци да се врати донекаде на она што било пред бременоста. Второ, конституцијата може да се смени. Лузната никогаш нема да помине, ама лузната е најмал проблем. Хормонските промени се виновници за виснати гради, вишок стомак и целулит. Продолжи со вежбање, ќе ти треба подолг период да се затегнеш, ама ќе се затегнеш, сигурно, но за жал, вишокот кожа на стомакот тешко се средува само со вежбање, ама тоа зависи и колку била растегната кожата во бременоста и дали постои дијастаза. Косата ќе престане да паѓа за некој месец, и либидото ќе се врати штом се средат хормоните. Дај си време, ниедна жена веднаш после породувањето не изгледа исто како пред бременоста. Уште еден совет, не се изгладнувај. Те читам во темана за морална поддршка, премалку јадеш, ќе ти се врати како бумеранг, особено затоа што вежбаш, може да ти се одрази на здравјето. Ќе снемаш сила и енергија кога ќе ти бидат најмногу потребни и ќе ја вратиш килажата кога ќе прекинеш со диетата. Одбери начин на исхрана кој ќе ти остане доживотно, балансиран режим при кој ќе си дозволуваш и junk food, a не диета која трае месец-два.
Јас сум 4 кила послаба од пред да останам бремена, а не ми е исто телото. 16 месеци откако сум породена. Најтесните сукњи, 34ка што ми се, не можам да ги закопчам кај стомакот. Каишот го закопчувам на едно дупче полабаво. Никогаш нема да ни бидат исти телата како пред, нереални се очекувањата дека некогаш пак ќе изгледаме исто ко пред бременост.
Исто сум ко тебе моментално и потполно те разбирам. Јас па се породив пред 3 месеци втора бременост со близнаци. Ниту пак планирав да останам трудна пак а не па со две. И јас сум исто разочарана каква сум иако имам 58 кг и се вратив колку толку ама телото ме убива. И кога се гледам таква никаква и плус и лицето ми се измени знам да се затворам во соба и да плачам. И јас како тебе веќе 1 месец вежбам но мислам дека е релативно мал период за да се вратам барем малце од тоа што бев затегната колку толку. Дека ке бидеме исти знам дека е невозможно. Си дадов збор дека ќе издржам и дека во јуни со константно вежбање ќе ги видам резултатите. Така да мајка вежбај и ти, и те чекам тука да ме тргнеш да видиме што ќе направиме до јуни.
Да ми препорачате мидер? Купив еден 600-700 ден на НББ, но не сум задоволна. Баш делот кај што ми е виснат стомакот не го стега од погоре почнува да затега...
Мајки со два царски, кога почнавте со вежбање (мислам на лајт вежби и тегнења)? Се ме боли не се издржува, башка имам потреба ми се вежба.