1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање во форма по породувањето

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 26 октомври 2012.

  1. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Oф ај и јас да си се испразнам..
    Значи во бременоста се немав многу здебелено туку си бев дебелка од порано исто и стрии си имав..
    Во бременоста се здебелив 10кг , бебуш се роди 3.800 така да имам некои 5-6 килца плус..
    Кога се вратив дома буквално паднав во депресија нон стоп плачев и нон стоп се нервирав (може и затоа снемав млеко).. И сега бидејќи не ја дојам решив веќе еднаш конечно да ослабам..
    Почнувам полека , доручкувам овошје или мусли , а за вечера што има само со 1 кришка леб.. и пијам повеќе вода..
    Имам и степер и денеовиве планирам да го активирам малку и него..
    Вчера си посветив малку време и на мене се издепелирав се средив (пошто мислам дека и бебево ке почнеше да се плаши од мене) Утре планирам да одам и косава да ја средам малку.. Е сега бидејќи ние сме на АД можам да излегувам и да ја оставам на мм или мајками да ја чуваат..
    А за облека катастрофа сум освен хеланки и тренерки друго ништо живо не ме збира бре , а имам и некоја туника па ке се тешам со тие додека ослабам..
    Така полека полека почнувам да се спремам за диета и вежбање па искрено се надевам дека ќе успеам бидејќи ми се здосади да се лепам по излози и никогаш да нема бројче за мене..
    А и не е само тоа тука е и здравјето во прашање..
    Поздрав и не губете надеж ќе биде се полека, полека :)
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Почекај мила ептен ти е мало бебето, ќе почнеш да се дотеруваш пак не се секирај. Сега си уморна, ненаспана, гледаш само да легнеш да се одмориш колку толку, а не да се дотеруваш.
    Ќе биде и тоа, се` во свое време.
    Исто и јас бев таква првите 2 месеци, едноставно го избегнував огледалото :tmi: ...флеки и мозолки по лицето, стомак подуен, коса никаква (цело време фатена во репче што од топло и склет, што да го поштедам бебето, нефарбана 40 дена, со 2 прста корен), кога се огледував тоа беше автоматски кога ќе се зачешлував (да не речам залижував ), често пати само одмавнував со раката во смисла не се замарам, ама имаше и денови кога ќе ме акнеа будалите и си плачев и плачев ;( и се самосожалував колку сум дебела, грда и никаква... Зборовите на мм без неутешни :(

    Бев со сестра ми и мајка ми во шопинг непосредно пред крштевката на син ми и после 3 саати акање, пробување на се` и сешто, влези-излези од и во еден куп бутици до толку се разочарав што откако во Хепенинг пробав 100 комбинации и во ниедна не си се допаднав како изгледам, демонстративно и исфрустирано излегов и реков -си одиме дома :( :@ и така си купив апсолутно ништо.

    Потоа полека, полека бебе си фати ритам на спиење и си најдов време и за себе, (пази имам и друго дете кое си бара внимание ), си се подновив со нова гардероба пред некоја недела нешто ситно (некои џемперчиња кои ќе можам да ги носам и кога ќе ослабам), почнав и да се шминкам и тоа за по дома, сакам да си се сакам и да си се допаднам кога ќе се огледам. Уште ми остана на фризер да одам да се ишишам бидејќи косата почна многу да ми паѓа и задовлна ќе бидам.

    Да не се лажеме... уште сум дебела, со вишок 10 кг. со образи како пуканка сум во лицето :lol: , со бутки, задните обравчиња -табла, 2 листа Нова Македонија, сиски кои тежат, ми сметаат и ме потат, спојлери на стомакот, раце кечерски, ама па се тешам...сега е есен, иде зима, ќе ставиме повеќе слојна гардероба и недостатоците ќе се скријат :wasntme: , а на пролет активно вежбање и диети и пак тип-топ. ;)
     
    На Mama Maja, Anacid, koritsaki и 5 други им се допаѓа ова.
  3. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Во сите претходни постови се пронаоѓам и сметам дека такви чувства преовладуваат обично кај прворотките. Знам и јас поминав низ исто такви ситуации по првата бременост, но сега по втората некако сум спремна и научив да си се сакам таква каква што сум. Наутро кога станувам автоматски го земам огледалото, чупање веѓи, маскара и креон задолжително и некое сјајче за усни, исчешлана коса во пунџа и цакум пакум :makeup: . Изгледам како Рамбо и си се шалам на моја сметка кога ќе се погледнам во огледало, ама сум среќна кога знам дека моето бебенце е сито, смирено и спие. Со тек на време се ќе се среди, но сега мораме да се храниме здраво за нашите бебиња. Треба да внесуваме околу 2500 калории дневно. Еве една табела предлог, ако имате некоја слична постирајте.

    http://www.ledo.hr/hr/o-nama/novosti/sa ... -i-dojenja
     
    На Mama Maja и NoellePage им се допаѓа ова.
  4. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Јас до сега имам 9 кг,и секоја недела кога гледам што да облечам на работа,прво си ги облекувам омилените фармерки, да проверам дали можам нормално да ги качам до горе, па после гледам се друго :tmi:
    Сега ја завршувам 28 недела и сеуште можам да ги облечам фармерките, само нормално од стомакот не можам да ги закопчам и некако ме смируваат дека кога ќе се породам нема да биде најстрашно на свет.
    Да не се фармерките како репер, од кошулите и палтенцата за на работа, што не можам ни да ги доближам рабовите, тек да ги закопчам, одамна ќе бев во депресија :D
    Стрии сеуште немам, ама целулитот кога го гледам,како а не се моите нозе, ама знам добар масер за антицелулитни, па ќе го посетувам до година почесто
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    :o Вие сте супер сите ;)
    Јас во бременоста се поправив 25кг :tmi:, останав на 68кг а на бокс се качив со 93кг. На мојата висина од 178см не се и многу познаваа ама бројката која ја знаев беше фрапантна. Едноставно ми се јадеше а посебно што ме фати зима и движење 0.
    Со самото породување од прв ден се ставив во ред и за 3-4 месеци јас ослабнав многу т.е дојдов на 60кг. Сега варирам 58-60кг и не мрдам од оваа килажа веќе 5 год.
    Како? Спас ми беше режим на исхрана. Секое утро доручек ми беше 2 портокала (многу ги сакам и денес се давам во портокали) и 1 чаша со јогурт некој корн флекс, мусли и сл. Ручек нормално со тоа што го исфрлив лебот освен нели ако е чорба некоја па 1-2 кришки леб и тоа гледам да е интегрален или црн леб.
    Ако ми се јаде благо а сум голем зависник од благо го јадам меѓу период 12-16 часот. Вечера нема или ако ми се јаде правам голема здела салата сезонска што има или ако нема ништо зелка.
    Не пијам никакви сокови ни газирани ни негазирани туку цедам сок од лимон и портокал. Грицки и остали циркузи не ни јадам веќе. Ако ми се јави потреба јадам семки, бадеми, лешник и сл ама ретко.
    Зависник сум од цимет :$ . Циметот ги регулира маснотиите во крвта па ете можеби и тоа ми помага.
    Нормално имам и јас испусти кога одам по кафани :D , чекам или одам на гости и сл.ама ете на ова кг можам да си ја дозволам.
    Не вежбам, ама многу се движам. Таква ми е работата да скоро секој ден пешачам.
    Што се однесува до стомакот немам а и никогаш го и немав. Мислам дека тоа е малку генска работа а и првите 40дена носев мидер ( :^) ова од баба ми техника :D а и добро ми беше, ми држеше топло јас на 14,12 се породив...)
    Заклучок - целата работа е во исхраната
     
    На NoellePage, enca.69, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    И јас се поправив 25кг, кога ме мереа пред пораѓај лошо ми стана :tmi:
    Сега душата ми плаче да ослабнам, немам појма моментално колку сум, но си се гледам, а и подобро да незнам, туку да си ја остварам зацртаната цел - да си се облечам во старата, тесна, секси гардероба :geek:
    Не сум на некоја диета, но јадам само по два пати на ден и тоа едвај, можам и без тоа јадење, но ајде нели ја дојам малата па сите трчаат по мене. Јадам наутро во 9-10ч. една до две кришки леб со нешто што ќе најдам, а после накај 17-18ч вечерам ,што има за ручек, без леб.
    Во меѓувреме пијам многу течност, сокови(домашни, купени), вода.
    Мене ептен ме зезна во бременоста наредбата за мирување, самото тоа, а и хормоните кои ги примав ми “помогнаа“ да ми се насобере многу многу теч ност во телото, буквално ќе пукнев, сега има разлика, подруго е, но сепак треба време. Имав некаде читано на телото,организмот му требаат 9месеци за да дојде пред пораѓај, па да фер е да му дадеме уште толку за да почне потоа да се враќа во нормала.
    Офф а како ми плаче душата за масажа, кичмата сеуште страшно ме боли, колковите ми се згрчуваат, посебно вчера(дали дека се смени врмето), па депилација, фризер....
    Уник вие преминавте на АД па сега е подруго, полесно, секој може да го гледа бебето. Јас последнава недела ептен ми е неубаво што ја дојам малата, многумина можеби ќе им биде чудно, но верувајте не е... така ми е непријатно, неудобно, чудо едно, никако неможам да дојам, буквално со сила го правам тоа. А кога ќе ми текне колку само сакав да ја дојам, како ми беше криво во болница кога ги гледав двете цимерки како си ги дојат малите(второ дете им беше) , а моето земи -донеси, со шприц го ранат... а сега :worried:
    Неколку пати помислив да преминеме на АД, од една страна ми е совеста кога размислувам дека ќе ми биде многу криво и дека јас сум таа која сега допринесува за здравјето на ова дете, а од друга страна е маж ми кои буквално со неколку реченици и тонот на гласот што ќе ги каже , ме пресекува, арно што не ми вика директно “ти си бесчувствителна кучка што помислуваш такво нешто“.
    Лесно е да се помисли такво нешто, па и да се каже... се е полесно кога не си осетил на своја кожа и кога гледаш од страна... секој ден се убивам од плачење, се осеќам како никој да не ме разбира, а сите изиграваат судии од страна. :x
    Се надевам дека овој психички дисбаланс набрзо ќе помине :?:

    си се изназборев јас , по цел ден сама нема со кој муабет да си направам :lol:
     
  7. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    ^ meu јас кога го изгубив млекото и кога сватив дека нема да ја дојам а толку многу сакав уште полошо ми беше ми се сруши мислам цел свет врз глава.. Си реков каква ли мајка сум јас за ништо не ме бидува .. ама ете сватив дека не е до мене едноставно нема млеко , а пробував го пиев и чајот од билна и на хип и пак ништо залудно беше се.
    Пишував дека исто така паднав и во депресија кога се вратив дома по породувањето . .ама ете и тоа помина
    ЕДНОСТАВНО МОРА ДА СВАТИМЕ ДЕКА СМЕ ИМ ПОТРЕБНИ НА НАШИТЕ НАЈМИЛИ И ДЕКА ТРЕБА ДА РАЗМИСЛУВАМЕ ПОЗИТИВНО, А КИЛОГРАМИТЕ ПОЛЕКА ПОЛЕКА ЌЕ СЕ ГУБАТ.. СЕ ВО СВОЕ ВРЕМЕ :)
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    И јас поминав низ ова баш пред некој месец, малиот само што направи 40 дена.
    Ме мавна некоја деприсија и само си плачев и плачев, така без причина. Мајка ми и татко ми често доаѓаа кај нас, мама седеше и по цел ден само колку друштво да ми прави...со свеки никогаш сум немала близок однос, не ни сакам да имам :!: , си имам мајка на која да и` се исплачам....И така ќе ја викнев да дојде само да седи со мене по цел ден, до вечер седеше.
    Надвор жешко пекол, клима ќе уклучам колку да не поцркаме, а малиот го носев во детска за да не му дува директно...цело време бев (и се `уште сум) испотена. На сите им е добро или им студи (сега овој период), а јас по кратки се шетам.
    Кога беше ептен жешко додека го доев цело време имав крпа покрај мене за да се бришам... тој цица, а јас ти се чини од базент или од туш излегувам, жива вода мокра :sweat: :sweat: Тогаш ме мавна тешка криза и ич не ми беше убаво чувството додека доев, само гледав да се нацица и да избегам да се истуширам, кој што прави јас под туш.

    Кога јас во најголемото жешко не го одбив, немој ни ти сега....давај си гајрет, милувај си ја по главчето додека цица, пеј и` песнички така тивко и опушти се....криза е, ќе помине. :)
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Лолита777 Значи не сум била единствена, јас па викам нема никој кој би ме сфатил :^)
    Мене не ми е убаво кога фаќа цице , самиот допир, и што викаш едвај чекам да заврши и да ја тргнам, а после нормално си се галиме.
    Мене мајка ми не ми е тука, а кога беа пред некој ден многу голема разлика се осеќа, колку е подруго кога имаш некој твој да ти помогне , да те одмени. Тој ден, ја надоив малата, ја пресоблеков и и ја оставив на мајка ми да ја заспие, бев премногу уморна, а ова звер си бара внимание, ич да не е сака малку да се занишка. Јас право си легнав, они си се запале, станувам јас после 3ч, малата уште спие, стана дури 1ч после мене, јас свежа, наспана, мајка за мерак :) Ама ете тоа кога се има и преку ден кој да ти помогне, а вака цел ден сама, сопругот ќе си дојде и тој е дома со нас 4-5ч, па за тоа време што попрво да направам... но ајде тоа е, засега.

    Уник јас постојано мислам дека сум катастрофа мајка и дека незнам едно дете да изгледам , посебно ако и се случи нешто или ја боли.
     
  10. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    јас се поправив некои 20кг имав 52 пред да останам бремена а последно кога се мерев пред да се породам имав 73. е сега имам 61кг.иначе не држев некоја диета немам ни воља некако за вежбање уште послебо ако намалам ќе намалам само со гладување ама и то некеко не ми оди :( :( :(
    а за средена коса и шминкање полека се враќам во нормала ама и то со сила го прам пред да излезам :^) :^)
    каде бе цел ден уморен се околу бебето колку јало се искакало не се искакало ова она и ќе имаме воља за нешто

    а Unique.chick си била будала....(без вреѓање :lol: )
    бебето мое не сакаше да фати и кога се вратив на болница со жолтича од плачење и липање ја кренав цела и додека се вратав дома се скапав нервирање и решив дома воопшто да не продолшувам со доење си купив апчиња и готово........
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.899
    Допаѓања:
    103.029
    Пол:
    Женски

    МеУ , душо , полека ке се навикнете и со цицање и се друго , разбирам дека сега ти треба помош , а и си сама како што разбрав , истото беше и со мене , маж ми по цел ден на работа , а моите се 400 км далеку и така да немаше шанси некако тие да ми помогнат. Секако ја имав свекрва ми до мене што е предобра жена , но ете и јас ја доев малата ,неможев и јас да ја оставам на нив па малку да поспијам или нешто друго да правам.. Ке се навикнете , да знаеш дека на детето монгу ке му треба твојата топлина , друго е со шише , а ке видиш понатаму колку ке биде убаво , ке си цица и тебе ке те гледа со милите очиња, ке ти се смешка.. :inlove: И мене на почетокот ми беше тешко си викав неможам ништо друго да правам , детето цело време до мене зашто треба да го дојам , а ја доев до точно 1 година и тоа не зашто ми престана млекото туку поради пневмонија и морав да ја одбијам заради апчиња што примав. И точно така, здравјето на детето пред се друго :) Имаш голема поддржка од мене :hug:

    се извинувам што малку избегав од темата :)
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anuHka

    anuHka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27
    лелел сите со истите проблеми а јас пак мислев дека сум била единствена. Во сите псотови се пронаоѓам ....и јас паднав во депресија првите 40 дена, дури мм не можеше да ме трпи.....само плачев и тоа за најмали ситници
    Најпрво беше тежината во бременоста се поправив 22 кила а испаднав од болница со 82 "само" 10 кила имам за слабеење, ама тоа е најмал проблем со стриите што да правам??? целата сум испукана не стомак, не бутови, не потколеници......не мозам да се гледам
    кога се породив јас кутрата не можев да си го смирам детето, се свекрва ми и золва ми ми го смируваа, а јас само си размислував дека сум лоша мајка, дека ако сега не можам да го смирам никогаш нема да можам ;(
    После тоа беше доењето....срцето ми се кинеше кога гледав како др мајки си ги дојдат децата а моеви пишти - вришти од што му се јаде, па не ми напредуваше(првата недела од 3650 падна на 3200г) леле а јас па кутрата на ФБ гледам слики од други дечиња со моето што се врсници тие супер си растат моево коски и кожа :tmi: ајде помина и тоа
    На крај капак на се ми беше маститот.....толку маки видов со него што мислам дека уште ме боли градата од стискањето (за да испадне гнојот), мислам дека на пораѓај не ме болеше толку многу :) но помина и тоа, се заборавив кога наполни малиот 1 месец и почна да цица, кога почна да ме гали додека јаде, кога почна да ми се смее кога му зборувам,кога ќе го земам во раце и одма се смирува..... После 40 дена по4навме да шеткаме и јас бев толку горда на себе(што покрај сите работи што ми се случија јас пак знаев да се дотерам, да се нашминкам) и на син ми (што почна да ми напредува и беше како сите останати деца) :) Сега мислам дека сум најсрекната мајка бидејќи имам едно прекрасно детенце што ми го разубавува денот а и животот.
    За слабеење ќе размислувам догодина кога ке го одбијам, сега не ми е важна тежината зошто научив да ја носам и воопшто не се обидувам да ја сокријам....сепак сето тоа е резултат на моето бебче :D
    Се надевам дека сите вие еден ден ќе бидете задоволни од самите себеси, зошто тоа е тоа што ве прави убави, а не витките тела.
    Поздрав до сите и се надевам дека што побрзо ќе излезете од таа пуста пост-породилна депресија :* :* :*
     
    На okcenzi и AIT им се допаѓа ова.
  13. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Вечер сме на гости а јас веќе 40 минути облечи ,соблечи не си се свиѓам во ништо и мидер ставив и хеланки одоздола облеков абе каца си е каца ,не ми се оди од дома не ми се излегува и со маж ми се искарав од мака он ми е крив сега што немам што да облечам.
    Си го дотерав малиот ај јас што нема што да носам ама срамота да шетам вака покрај него модерно бебе а мајкаму тетка невидена.
    Несакам ни да излегувам нит луѓе да гледам се чуствувам ептен несигурна во себе . ;( ;( ;(
    Одам да си поплачам сега може ке ми помине малку .
     
  14. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Зошто да плачеш? Нема потреба!

    Избери си поширочка комбинација, ако имаш фустанче поширочко, најди колан што ќе го ставиш делумно да те прикрие и стави акцент на накит. Стави некој ѓердан или пак убави обетки да бидат впечатливи за да одвлекува внимание.
    Можеш и сукња во комбинација со кошула и над неа облечи џемперче со копчиња. На нога облечи повисочки штикли или чизмички, ќе те издолжат малку. Убав помин вечер и биди полна со самодоверба. :*
     
    На okcenzi и AIT им се допаѓа ова.
  15. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Leontina за момент не размислувај на облеката ,туку радувај се малку на друштвото односно на тоа што ќе се измешаш малку меѓу луѓе,а верувај дека тоа ќе ти годи.Верувај дека сите сме поминале низ истиве состојби и многу се нормални,но мораш самата да си најдеш нешто кое ќе те задоволи и ќе те извлече од оваа таканаречена пост-породилна депресија. За мене лек беше шминкање и носење штикли и кога поминував покрај огледало се гледав или во нозе или во лице :D Исто така и контакти со пријатели и правење на најобични ,бош муабети многу ми помагаа.
     
  16. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    ех колку е ласно за делење совети, сите знајме а кога треба да ги примениме е за то малку послабо... :( :( :(
    јас почнав да се враќав во форма кога е во прашање облекување и средување.избегавам да се гледам во поголеми огледала и така а и не мислам многу на дебелината оти ако мислам уште поќе ми се јади.
    имам негде прочитано дека дури спиеме се лачи некој хормон(не се сеќавам кој) кој влијае на одржување на тежината и на то да немаш апетит.
    е дури не сме наспани ќе си бидиме елегантно пополнети :D :D
    ко ќе почниме да спиеме како што спиевме порано ќе се смени.да се надеваме.
    а чудна работа јас порано на нервата уста неможев да отворам а сега а се иснервирам а то е мн често а го напаѓам фрижидерот :@ :@
     
  17. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    А ние што сме сеуште трудни ви 3то тромесечје што да кажеме? Золва ми вчера на слава ми се смееше дека сум голтнала баскет :D
    Никој не очекува тазе мама да изгледа како Адриана Лима.
    Сигурно хеланките, со нешто широчко одозгора и малку накит и некое шалче, супер ќе завршат работа, само што ќе излезете ќе заборавиш на килажата ;)
     
    На leo-n-tina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Мицика80 лесно е додека си бремена оправдано е стомачето ,ама после тоа како сите да очекуваат преку ноќ да го снема.
    И да ви кажам вчера се додерав најмногу што можев облеков фустанче ставив накит но тоа не е тоа стомакот е тука ,а и луѓево злобни прв збор а па стомакот уште не ти се повлекол скроз, ме укопаа само што не заплакав одвај чекав дома да си дојдам .
    Значи за мене нема излегување меѓу народ дур не се почуствувам задоволна од сама себе ,од денес почнувам со орбитрекот што биде нека биде ,фрустрациите мој тој нека ги трпи.
     
  19. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    леонита не си ставај се на срце тешко е да се навикниш да се гледаш со повеке килограми ама не е крај на светот па не се суди по надворешен изглед на луѓето туку по внатрешен по душата е па имај си на ум дека неможе сите женида бидат сачка слаби мора да има и некоја подебелка ке мине некое време и ке си дојдеш блиску до твојата тежина избегнувај благо леб и газирано повеке овошје зеленчук супи и напред во животот само позитувно без вакви испади кои сега и ти се оправдани што поради депресијата која напаѓа после породувањето што поради околината околу тебе
     
  20. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Јас да ви кажам многу малку се поправив во бременоста, останав бремена со 52 некаде и на породување отидов со 62 одприлика. Само меше имав, ама буквално. Кога се породив, после неколку дена бев даска, дури послаба од кога останав бремена. Но после месец дена при мал проблем со млекото ми ја подуја главава дека не јадам доволно и јас исплашена пиј боза, јади повеќе, млеко пиј па тури малку бисквити малку несквик и оп кило по кило, сега имам пак 62! Ама без бебе во стомакот. :bandit: Абе да пукнам. Ама сега малата веќе не цица, и некој период помалку се пазев, ама сега еве четврт ден сум на режим сопствен. Цедени сокови, салати од зеленчук, кафе без шеќер, зелен чај, без леб и благо(мојата најголема слабост...). И ќе бидам упорна се додека не си дојдам на мојата нормална килажа. Вака воопшто не се чувствувам убаво, ниту се чувствувам добро, ме болат зглобовите. Облеката не ми е точна, оптегната на мене абе пука. Мора да се вратам на старата тежина, онака како што сум највеќе задоволна од себе. Знам 10кг не се малку, но, ќе биде до нова година здравје. :?: