Освен што ептен нередовно јадам и не баш здрава храна, некои посебни проблеми немам. Е имам зголемена желба за благо. За подуеност имам во стомакот, дури и наместо да намалувам јас имам ставено 1,5 кг во овој месец.
И јас уште стомак имам а ослабнав 9 кг, со 73 излегов од болница сега стасав до 64, не вежбам само бебе го носам во раце ден и ноќ и цело време цица.
Е тоа да. Подуеност и мн гасови имав и ужасно ми сметаа. На почетокдури и не осеќав кога ги испуштав ид епидуралот веројатно
Ужас. Кажи кога поминува, аман сега изразено ми се појавија, 3 недели по породување. Па и запек ме фаќа и киселини. Жена, раат да не е
Јас многу ослабев. Во бременост сите кг што ги качив ги намалив. И плус на тие уште 3кг сум ослабена. Значи сум послаба отколку кога ја почнав бременоста. А стомакот ми се познава, вака преку алишта не. Ама да облечам тесна маичка да. Телово не ми личи на ништо. Зарем е можно задникот и колковите како сплескани ми се никаква форма немам. А претходно кога носев панталони баш убаво ми изгледаа. Со пораѓај нели се прошируваш јас како да се сплескав во задникот и нозете поточно горе кај колковите.
Можно е , и јас бев цела сплескана во газот ,во нозете како виснати .. почнав да вежбам полека полека ќе почне да се враќа во нормала ама мешлаков нема симнување додека не престанам чоколади да муфтам
Искрено не знам кога поминаа. Сега ти ме потсети колку се нервирав од тоа и дека некое време немам осетено, може повеќе од месец. Мислам дека докај 2риот месец траеше некаде
На претходната страница се жалев. Сѐ уште не сум почната со вежби. Немам сила преку ден, да се стабилизирам психофизички, и ќе стартувам. Во сабота ќе бидат 4 недели откако се породив. Спонтано. Газов сплескан, никаков, тепсија, да не почнам да се присеќавам каков ми беше заоблен и поткренат, разочарувачки е сега. Колковите ми се спуштени, а слабичка сум, само мешето што остана и дијастаз имам. Мешето не ми е проблем, се става мидер, се стега, ама задников? Што да им правиме, ајде чаре? Мислам дека ќе треба ептен да се испотам, за да го вратам како во студентските денови Ти си спонтано породена? Негде читав дека од бременоста се поместува оската на телото, стомакот влече нанапред и за сметка задникот се спушта а и колковите. Потоа и одот и постурата влијаат. Јас сакам прво на масажи да одам, а потоа да почнам со вежби за дијастаз и конкретно задник. Гуд лак.
Мајки јас не сум скоро породена но ете не знаев. Мислам читав ама искрено толку не давав значење на тоа а и немав време. Сега децата поголеми и јас читав за дијастаз и си реков да проверам. Имам скоро 4 прсти каде многу добро се чуствува едната страна па голем простор па другата. Има поминато скоро 7 години од последен пораѓај. Дали би можело тоа сега да се среди и дали има некои компликации
Како го мереше? Најголем отвор има најчесто кај пупакот и се мери така што прстире ќе бидат хоризонтално поставени, не вертикално. Искрено после толку време може да е тешко за поправање со вежби, но сигурно не е невозможно. Ако до сега не еи кмала проблеми, неверувам дека би дошло до некои компликации. Дали кога ќе ги стегнеш стомачните ги осеќаш? Јас не ги осеќав, како дупка да имав ко полуутрнато ми беше цел стомак. Кај мене беше 3ипол скоро 4 прсти. Се убивам од вежбање, одам на 1на1 пилатес реформер плус дома и после 4 месеци го намалив на 2ипол. Кај мене не ми прави проблеми со кичма, но многу грдо изгледа. Стомакот над пупакот ми е ко надуен, а под пупакот свиснат. Ако ги стегнам стомачните е скоро рамно како даска. Тоа ми е доказ дека вежбите делуваат, сега ги осеќам стомачните и можам да го вовлечам стомакот скоро цел, а претходно колку и да го вовлекував стоеше стомакот напред ко трудна 5-6ти месец.
Majki vie sto imavte linea negra, koga vi se izgubi? Kaj mene duri poizrazena e sega, 6 nedeli otkako se porodiv.
Вежбам се, но фокусот ми е на дијастазот и карлично дно. Побитно ми е да се затвори дијастазот отколку газот како ми изгледа моментално. Што и да вежбаш ако си упорна ќе има ефект. Не знам која ти е целта ама газ како пр ким кардашиан не се прави со вежбање дома, тое е мое мислење. Тоа бара доста дисциплина, вежбање со тежина и здрава исхрана. едит: имам вежбано во теретана (4-5 пати неделно) и дури после 1 год можам да кажам дека имаше видливи промени. Но тогаш имав и 23-4 год. Поентата ми е дека резултати не се гледаат за брзо, поготово ако не се пази и на исхрана.
Mene mi e mnogu temna, papokot kako valkan, kafeav vnatre od linijata (cistam sekoj den i cepkalkite se cisti beli) neznam koga ke opravi.
Се препознав. Имаш да препорачаш конкретни вежби од YouTube на пример? Има премногу, сакам специфична препорака кои да ги користам за вежби.
Зошто се форсираш толку рано да почнеш со вежби?За да можеш квалитетно да вежбаш и имаш рез треба да бидеш добро одморена,хидрирана и најадена.Во спротивно организамот ке ти колабира.Некои до 6 недели уште крварат, кај тебе се тек 4 недели.Мораш да си дадеш време да закрепнеш убаво па да почнеш со вежби.Јас септември се породив, а од мај почнав.Па фати мн жешко прекинав и еве тек сега после 17 месеци вежбам активно секој ден по 30-40мин.Ама и детето сега големо,преспива два часа споени на ден,башка и ноќе убаво спие па имам и сила и време за вежби.
Во право си. Ем сум скапана уморна, паѓам поручек, пак уште сега да вежбам. Ќе си дадам фора. Можда само за дијастаз ќе правам вежби, за да го фатам потазе.