Индивидуално си е тоа ако се чувствува спремна иако се поминати само 4 недели сепак природно е породена ако мисли дека нема да и пречи нека почне да вежба она сама ќе се почувствува дали може или не . Јас со царски издржав само 2 месеца да чекам и да почнам да вежбам со тоа што поради резот уште неколку месеца не правев стомачни . Јас еве во осми месец сум бремена и сега вечерно време скоро секој ден вежбам не премногу ама по 20 мин одприлика- да . Јас ја разбирам потполно јас психички ќе западнам ако долг период се гледам каква што не си се допаѓам
Дали е правило дека со царски породени стомак не се враќа во првобитна состојба? И дали може да се стави мидер на царски породена?
Аосолутно не е точно . Се си се врати во првобитна форма . Начинот на пораѓај не е пресуден дали е природен или царски многу други фактори се пресудни
На кратко може да ми кажеш кои? Има нешто на што треба да внимавам? Првото го родив природно, за кратко бев скроз вратена во форма. Второво ќе биде царски..
И мене ми стои уште на 15 месеци, под папокот убаво се приметува, над не сум загледала. Многу си ја сакам убаво ми е вака споро што се губи. Тој ептен темниот пигмент ќе се изгуби. После пораѓај се извадив од памет мислев модра дека сум од што ме „копале“ во стомак. Кога бил стомакот растегнат не се приметувала толку како сега, затоа што ти спласнал и е по концентриран пигментот. Ке избледе, рано е.
Според мене самата бременост -килажата која ќе се придаде за време на бременоста - да не се рашире многу кожата од која би можело да остане “вишок “ . Физичката активност за време на бременоста - гледај колку што ти овозможуват околностите и колку што можеш и сега да бидеш активна . Негата на кожата за време на бременоста - да е постојано хидрирана и еластична -плус се намалува ризикот и од стрии .Ако се излезе премногу од форма за време на бременоста тогаш секако дека без разлика дали природно сме се породиле или царски телото многу тешко се враќа во форма и стомакот и другото некогсш воопшто не се ни враќа . Така да внимавај според мене сега додека си бремена на ова а после пораѓај кога ќе се почувствуваш спремна ќе си почнеш со вежби и физичка активност , можеш пивремено и мидер да употребуваш и се ќе биде во ред. Јас немав никаков проблем ниту со стомакот ниту со остатокот од телото после првиот царски а верувам и сега после вториот .Царскиот не е пресуден за тоа дали ќе имаш стомак верувај на тоа не ни мисли .
Дали вежбаше со тренер во терана? Во смисла дали те водеше некој тој точно знае што да вежбаш за конкретниот проблем? И јас уште имам дијастаз, вежбам скоро секој ден дома а породена сум пред 20 месеци.
Ти благодарам многу на опширното објаснување. Јас сум веќе пред породување. Немам качено многу кг, мачкам 2-3 пати на ден, немам стрија ниту една 38+ недела. Ми даде надеж дека ќе си се вратам во форма Да биде се како што треба само, па после опоравуванје ќе се посветам на враќање во форма.
Ne e tocno. Jas sum so carski porodena pred 6ipol nedeli. Nemam. Ni stomak ni spojler. Se vrativ na prvobitnata forma i kilaza. Samo gazot mi e spleskan malku ama kako pocnav so setanje so kolickata primetuvam si se vraka nazad i toj.
Па ти си мајка пред финиш Штом е така ситуацијата терај без гајле биди штом не ди качила мн нема да имаш никаков проблем ќе видиш дека тоа со царскиот не е точно . Со среќа и со лесно
Пишав барем 5 пати до сега, малку навратете низ страните. Во теретана немам сега вежбано, вежбав порано, го пишав како споредба и тогаш вежбав сама. Сега вежбав реформер пилатес, 1 на 1, тоа значи јас и инструкторот сами, плус дома. Има неколку реформер студија во скопје побарајте ги на инста. Јас одев во reformerstudio8.
Како некој што повремено вежбал, креми за тело користам секојдневно anyways, се поправив макс 10 кила во бременост, се убив од мачкање секакви креми и масла, пешачев секој ден по мин 1 саат, после пораѓај сум со многу вишок кожа, цел стомак стрии и дијастаз од 4 прсти (сега намален на 2ипол). Не викам дека не помагаат горе наведените работи ама ско сум искрена можда 10%, другото е генетика валда. Сестра ми ништо не мачкаше, една стриичка нема. Јас пола пижами и долни маици ги фрлив од што беа мрсни и сум ко пача. Нема правило очигледно.
Се согласувам, иста сум. 4 недели сум породена, со близнаци, цела бременост бев на мирување и качив само 8 кила, а од болница излегов со килажата со која отидов на инвитро. Телото ми се врати, не идентично, ама слично како што беше, газот малку посплескан, нозете малку послаби, стомакот ми се вовлече уште во болница, само кај струкот мислам малку сум поширочка и над резот има едно како свисната кожичка, ама гледам од ден на ден се намалува. Цела стара облека ми е точна, освен обувки, отоци уште имам на стапалата од спиналната. Стрија ниту една не ми се направи, еднаш испаничив мислев сум почнала да пукам, ама било само привремено црвенило, сега немам ништо, мачкав крема против стрии на мустела, не редовно, ама ете завршила работа. Докторката кога ми вадеше конци ми кажа вежбање не додека не ме види по 40 дена, пешачење колку сакам, а за мидер прашав и кажа никако, немаш потреба. За вежбање не се оптеретувам, ни имам време, ни нерви, ќе "вежбам" трчкајќи околу нив или евентуално ако сега се здебелам затоа што сум будна 24/7 со нивново неспиење и само бутам нешто од фрижидер на нервна база.
Мене на прва контрола ми кажа може да си вежбам нормално , ама јас почнав после 5 месеци , истото како и пред да останам трудна